Камка Тоциновски
Камка Тоциновски | ||
Родена | 27 јуни 1979 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Позната | по улогата во: Панкот не е мртов Врба Деца на сонцето Кајмак Нема да бидеш сама | |
Занимање | глумица |
Камка Тоциновски (Скопје, 27 јуни 1979) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Биографија
[уреди | уреди извор]Камка Тоциновски дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, на отсекот Глумечка игра во 2001 година. Со театарот одблиску се запознала во средношколските денови во Гимназијата „Орце Николов“, преку аматерската претстава „Кралот Иби” на Алфред Жари во која ја толкува улогата на Мама Иби. Во 2000 година дебатира на сцената на „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ – Велес со претставата „Елешник“ во режија на Димитар Станковски како и на сцената на МНТ од Скопје, со „Будење на пролетта“ во режија на Златко Славенски. Добитник е на наградите „Трајко Чоревски” и „Војдан Чернодрински” за најдобра глумица на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, како и наградата „Вељко Маричиќ” на Меѓународниот фестивал во Ријека, Хрватска. Во 2013 година, таа станала член при драмата на Македонскиот народен театар.
Во потесниот круг на семејството на Камка Тоциновски има значајни имиња од филмската уметност, од НОБ на Македонија како и од Илинденското востание. Нејзината тетка Марија Тоциновски ѝ е позната на јавноста по филмовите на Жика Митровиќ - „Мис Стон”, „Капетан Леши“ и „Сигнали над градот“. Нејзината баба е спомената во книгата „Жените на Македонија во НОВ“, а дедо ѝ Милан Тоцинов е носител на Илинденска споменица.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Година | Филм | Улога |
2000 | 1/4 ТВ-филм | |
2002 | Наше маало ТВ-серија | Девојка |
2003 | Волци ТВ-филм | Азита |
2004 | Големата вода ТВ-филм | |
2005 | Порака ТВ-филм | |
2006 | Превртено ТВ-филм | Мајката |
2010 | Вистинската приказна за Хансел и Гретел ТВ-филм | |
2011 | Панкот не е мртов ТВ-филм | Нина |
2012 | Скопје ремикс ТВ-филм | |
2012 | Брат на еден ден ТВ-филм | |
2012 | Одморалиште ТВ-филм | |
2013 | Ин Апсента ТВ-филм | |
2013 | Изгубени Германци ТВ-филм | Марија |
2014 | Деца на сонцето ТВ-филм | Жирафа |
2014 | До балчак ТВ-филм | Дара |
2016 | Три дена во септември ТВ-филм | Марика |
2017 | Паднати ангели ТВ-филм | |
2018 | Слаткиот терор на меморијата ТВ-филм | |
2018 | Беса ТВ-филм | Ана |
2019 | Врба ТВ-филм | Катерина |
2020 | Хомо ТВ-филм | Кети |
2020 | Дајте музика ТВ-серија | Мајката на Иван |
2020 | Паднати Ангели ТВ-филм | |
2021-2022 | Беса ТВ-серија | |
2022 | Нема да бидеш сама ТВ-филм | Јоана |
2022 | Преекспонирано ТВ-филм | |
2022 | Кајмак ТВ-филм | Ева |
2023 | М ТВ-филм | Ана |
2023 | Тин Камп ТВ-серија | Мајката на Јана |
Театар
[уреди | уреди извор]Театарски претстави во кои глуми Камка Тоциновски:
- 2000 „Будење на пролетта" Златко Славенски
- 2000„Тест" - Наташа Поплавска
- 2000„Случајот Данил Хармс " Владимир Милчин
- 2000„Елешник" - Димитар Станковски
- 2001„Аудиција" - Владимир Милчин
- 2001„Биле баксуз" Билјана Драгичевич
- 2002 "Екстази" Кристијан Ристевски
- 2002 "Синдром Чернодрински" Дејан Дамјановски
- 2003 "Колку пати ќе умираме?" Владимир Милчин
- 2004 "Балада за големиот костур “ Владимир Милчин
- 2004"Другата страна" Слободан Унковски
- 2005 "Сцени од животот" Филип Ле Моин
- 2005 "Поручникот од Инишмор" Зоја Бузалковска
- 2005 "Поблиску" Слободан Унковски
- 2006 "Ревизор" Владимир Милчин
- 2007 "Чикашки перверзии” Нела Вотошевич
- 2008"Мара Сад" Васил Христов
- 2008"Дундо Марое" Драгана Милошески
- 2008"Вејка на ветрот" Нела Витошевич
- 2009"Лет во три глави" Никола Ристов
- 2011"Норвешка денес" Оливер Мицевски
- 2012“Вејка на ветрот” Јани Бојаџи
- 2014“Подемот и падот на кабарето” Владимир Милчин
- 2014 “Електра” Андри Жолда
- 2015 “Станица Љубов” Синиша Ефтимов
- 2016 “Аладин Бојан Трифуновски
- 2017 “Ничија земја “ Александар Морфов
- 2018 “Без галама “режија Тони Михајловски
- 2019 ” Бесачи” – Алис, режија Јавор Грдев[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Интервју за претставата“. Архивирано од изворникот на 2019-09-26. Посетено на 2019-11-14.