Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
Изглед
Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ — македонски театар, сместен во Велес, Македонија.
Историја
[уреди | уреди извор]Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ е основан во 1949 година. Театарот е наречен по македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот, кој потекнува од Велес.
На 26 јуни 2014 година била пуштена во употреба новата зграда на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“. Изградбата на зградата, која зафаќа површина од 4.200 квадратни метри, траела шест години, а таа чинела 12 милиони евра.[1]
Организација и управа
[уреди | уреди извор]Директор на театарот е глумецот Јордан Витанов, а уметнички директор е Васил Зафирчев.[2]
Претстави
[уреди | уреди извор]- „Шестиот кат“ (според раскази на Драги Михајловски) - режија: Дејан Дамјановски; сценографија: Кирил Василев; костимографија: Елена Дончева; музика: Сашко Костов, 2015.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Велес доби нов театар“. Дневник. 27 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-06. Посетено на 30 јули 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „Шестиот кат вечерва премиерно во Велес“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 14.