Прејди на содржината

Знаме на Англија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Англија
}}
Употреба граѓанско и државно знаме граѓанско и државно знаме
Сразмер 3:5[1]
Опис на сребрено[2] поле, црвен крст
Свети Георги како ја убива ламјата и носи наметка на која е прикажан Георгиевиот крст. Паоло Учело (~ 1460)
Бунтовниците на Вот Тајлер со Георгиев крст заедно со кралски стандард. Фроасаров летопис BL Royal 18 E.I, fol. 165v, ~ 1470 г.
Знамето на Сити
Знаме на Кралската воена морнарица, кое се состои од знамето на Англија со сојузното знаме во кантон

Знаме на Англијазнаме со крстот на Св. Георги („Георгиев крст“), познато како симбол на Англија, со блазон кој гласи: на сребрено поле[2], црвен крст. Поврзаноста на овој симбол со Англија води потекло од средновековието, а во 1606 г. станало дел од сојузното знаме на Британија. Знамето сепак нема службен статус во Обединетото Кралство, а денес нашироко се употребува меѓу народот, особено по повод спортски настани каде игра англиска репрезентација.

Во 1188 г. англискиот крал Хенри II и францускиот крал Филип II се спогодиле да тргнат во крстоносна војна, каде Хенри ќе користи бел, а Филип црвен крст како обележје. Изворите од XIII век едногласно сведочат Англија го добила белиот крст, што е спротивно на подоцнежната употреба. Не е познато кога и како се случила оваа промена.

Според некогашната историографска традиција, кралот Ричард Лавовско Срце ги прифатил знамето и светецот од Џенова во текот на крстоносните походи. Овие поимувања водат потекло од викторијанскиот период[3] Perrin (1922) и се повикуваат на општоприфатено народно верување, иако за тоа нема историски докази.[4]

Црвениот крст како обележје на англиските војници првпат се јавува за време на кралот Едвард I (1270-ти),[5] или малку порано, во Битката кај Ившам (1265), каде војската имала црвени крстови за да се разликува од бунтовниците, кои носеле бели.[6] Перин (1922:37) бележи набавка на материјал за висулци на копја 1277 и стегачи за стрелци „со обележјето на Свети Георги“ за пешадијата на кралот (pro peditibus regis). Оттука, Перин заклучува дека воведувачот на Георгиевиот крст како државен амблен е Едвард I. Веќе во 1300 г. се користел и поголем „бајрак на Свети Ѓорѓи“, но сè уште не како главно обележје, туку како еден од повеќе бајраци кои се вееле заедно со кралскиот бајрак.[7] Свети Георги добил на популарност како „војнички светец“ за време на Крстоносните војни, но светецот најтесно поврзан со Англија и натаму останал кралот Едвард Исповедникот. Ова траело до времето на Едвард III, кој наводно му се посветил на Свети Георгиј во знак за благодарност за помошта што му ја укажал во Битката кај Креси, и затоа во 1348 г. го прогласил за заштитник на Редот на Подвеската.[8] Оттогаш натаму, бајракот на овој светец почнал да добива на сè поголема важност во придржба на кралскиот бајрак, а подоцна станал траен придружник на кралскиот стандард.

Во 1415 г. Ѓурѓовден е прогласен за двојна голема слава,[9] но Свети Георги сè уште бил засенет од неговите „„соперници“ — светците Едвард и Едмунд. Најважното место, како заштитник на земјата, го добива дури со преработениот молитвеник од 1552 г. направен за време на англиската реформација, кога биле забранети сите верски знамиња.

Георвиевиот крст прват се јавува како поморско знаме на Англија заедно со кралскиот бајрак во 1545 г.[1] Во 1606 г. е направено здружување на англискиот Георгиев и шкотскиот Андреин крст, создавајќи го државното знаме на Обединетото Кралство (сојузното знаме).

Како државно знаме

[уреди | уреди извор]

Претставата за државно знаме во национална смисла (наспроти кралски, и поморски и воени бајраци и знамиња) се јавува на крајот од XVIII век, како последица од Американската и Француската револуција. Во XIX век станало пожелно сите земји во Европа (а потоа и целиот свет) да имаат свое државно знаме во кое ќе се пронаоѓаат. Бидејќи во тоа време, поимите Британија и Англија биле меѓусебно заменливи, сојузното знаме се користело како државно де факто, иако истото никогаш не е правно уредено. Претставата за Георгиевиот крст како државно знаме на Англија (наспроти сојузното, за целото Обединето Кралство) првпат се јавило во контекст на ирскиот иредентизам.

Вон Англија

[уреди | уреди извор]

Поради распространетоста на Британската Империја, знамето на Англија е дел од денешни и историски знамиња и грбови на разни земји, сојузни држави и покраини ширум нејзината територија. Вон овие граници, знамето од многу одамна е обележје на некои градови во северна Италија како Милано и Болоња.

Каналски Острови

[уреди | уреди извор]

Други места

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 England (United Kingdom) Архивирано на 28 април 2008 г.; Flags of the World; (1996 -)
  2. 2,0 2,1 во хералдиката и вексилологијата не постои бела боја; она што е претставено со бела е всушност сребрена боја, наречена и само „сребро“
  3. на пр. Ричард Лавовско Срце запловил со џеновските галии веејќи бајрак со црвен крст и знамето на Св. Георги, кое потоа го донел дома. Така Св. Георги станал заштитник на стара Англија, The Journal of the Manchester Geographical Society, томови 7-8, 1891, стр. 139. Според друга варијанта, Ричард го усвоил знамето на Џеновјаните бидејќи му оставиле силен впечаток кај Акра.
  4. Perrin, British Flags, 1922, стр. 15
  5. Perrin, British Flags, стр. 37
  6. Curry, Anne (2000). The Battle of Agincourt: Sources and Interpretations. Boydell Press. стр. 275. ISBN 978-0-85115-802-0
  7. Puis fist le roy porter amont / Sa baniere et la Seint Eymont / La Seint George et la Seint Edwart [...]“ Perrin 1922, стр. 37
  8. Perrin 1922, стр. 37f.
  9. Ѓурѓовден е воведен како помала слава во 1222 г., но неговото отсуство од понатамошните списоци укажува на тоа дека не бил нашироко прифатен. Perrin, стр. 38.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • „Историја на знамињата на Обединетото Кралство“. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 2015-11-30.
  • Знаме на Англија — FOTW