Прејди на содржината

Северна Ирска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа статија е за федералната единица на Обединетото Кралство. За други значења на поимот „Ирска“, видете Ирска (појаснување).

Северна Ирска
Tuaisceart Éireann

Northern Ireland

Знаме Грб
Кралска химнаБоже, чувај го Кралот
Северна Ирска (портокалова) Во склоп на Обединетото Кралство (светлорозева)

Северна Ирска (портокалова)

Во склоп на Обединетото Кралство (светлорозева)

Северна Ирска (портокалова)

Во склоп на Обединетото Кралство (светлорозева)

Главен градБелфаст
Најголем град Главниот град
Службен јазик ирски, англиски
Уредување Консоцијациски пренесено законодавно тело во рамки на унитарна уставна монархија
 •  Крал Чарс III
 •  Прв министер слободно
 •  Прв министер-заменик слободно
Деволуција
 •  Закон за Владата на Ирска од 1920 година 3 мај 1921 год. 
 •  Уставниот акт од 1973 година 18 јули 1973 год. 
 •  Закон за Северна Ирска од 1974 година 17 јули 1974 год. 
 •  Закон за Северна Ирска од 1998 година 19 ноември 1998 год. 
Површина
 •  Вкупна 14,330 км2 
Валута Фунта стерлинг
Се вози на лево

Северна Ирска (ирски: Tuaisceart Éireann) (англиски: Northern Ireland) — држава во рамките на Обединетото Крластво. Површината на Северна Ирска (13843 км2) е речиси еднаква на половина од површината на Република Македонија. Главен град е Белфаст.

Историја

[уреди | уреди извор]

Веќе долго време постои конфликт помеѓу протестантските христијани на Северна Ирска и католичкото малцинство. Протестантите сакаат Северна Ирска да остане во унија со Велика Британија, а пак Католиците сакаат Северна Ирска да се обедини со јужниот сосед, Република Ирска. Се проценува дека во 20 век загинале 3.500 жители како последица на тероризмот во Северна Ирска, т.е. од нападите извршени од обете горноспоменати страни, а бројот наповредените лица се проценува на околу 50.000.

Географија

[уреди | уреди извор]

Северна Ирска го формира заедно со Англија, Велс и Шкотска. Таа е единствена од четирите земји од Обединетото Кралство што не се наоѓа на островот Велика Британија туку на островот Ирска. Северна ирска има свои закони, пари и внатрешна организација. Но кога се работи за меѓународни збиднувања е суверена земја Велика Британија. Во Северна Ирска се зборува англиски и ирски. Главен и најголем град на Северна Ирска е Белфаст. Во Белфаст живеат околу 280.000 жители. Единствениот меѓународен аеродром во Северна Ирска се наоѓа кај главниот град Белфаст. Тој е еден од 11-те меѓународни аеродроми во Обединетото Кралство. Северна Ирска се наоѓа на Атлантскиот Океан на три мориња. Таа се граничи со Република Ирска. Број на населението во Северна Ирска изнесува 1,7 милиони жители. Густината на населението изнесува 120 жители на км2 Северна Ирска има атлантска клима, на запад паѓа околу 2030 mm дожд, на југ и на југоисточниот дел паѓа околу 760–1010 mm годишно. Пролетта е најсува, а летото и зимата се најводени периоди во годината. Во зима скоро никогаш не врне снег. Просечната температура од април до септември изнесува околу 18 степени.

Северна Ирска како мотив во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Алстер“ (англиски: Ulster) — песна на англиската панк-рок група Sham 69.[1]