Етолија-Акарнанија
Етолија-Акарнанија Περιφερειακή ενότητα Αιτωλοακαρνανίας | |
---|---|
округ | |
Општини во Етолија-Акарнанија | |
Округот Етолија-Акарнанија во Грција | |
Координати: 38°40′N 21°25′E / 38.667° СГШ; 21.417° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Грција |
Адм. центар | Месолонги |
Површина | |
• Вкупна | 1.793 км2 (692 ми2) |
Население (2011) | |
• Вкупно | 210.802 |
• Густина | 120/км2 (300/ми2) |
Пошт. бр. | 30x xx |
Повик. бр. | 263x0, 264x0 |
ISO 3166 | GR-01 |
Рег. таб. | AI, ME |
Мреж. место | pde.gov.gr/gr/ |
Етолија-Акарнанија (грчки: Αιτωλοακαρνανία) — округ во областа Западна Грција, Грција. Округот претставува комбинација на регионите Етолија и Акарнанија. Нејзиниот главен град поради историски причини е Месолонги, а нејзиниот најголем град и економски центар е Агринио. Областа е сега поврзана со полуостровот Пелопонез со мостот Рио-Андирио. Околните окрузи се Арта во Епир, Кардица од Тесалија, Евританија на североисток и Фокида на исток. Таа е најголемиот округ по површина во Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Планините доминираат на север, североисток, запад и југоисток, особено во Акарнинските Планини. Најдолгата и главна река е реката Ахелој која што завршува со делта во мочурливите земјишта на југоисток. Округот не ги опфаќа островите кои лежат на запад бидејќи тие припаѓаат на округот Кефалонија. Постои еден резервоар како и езеро во централниот дел. Во планините на овој округ спаѓаат и планините Панетолико на североисток и Акарнинските Планини каде што постои компанија за флаширање на изворска вода.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата тука варира од топли лета до умерени зими во пониските области, додека пак во планинските области со највисока надморска височина доминираат ладни зими, студени зими и ладно време во зимските месеци.
Историја на бројот на населението
[уреди | уреди извор]Сообраќај
[уреди | уреди извор]- Грчки Национален Пат 5/E55, ЈЕ, Ј, Цен., С
- Грчки Национален Пат 38, Цен., СИ
- Грчки Национален Пат 42, С, СЗ
- Грчки Национален Пат 48/E65, ЈИ
- Пат кој ги поврзува Агиос Николаос, Астакос и Етоликон, СЗ, З, ЈЗ, Ј
Општини
[уреди | уреди извор]Округот Етолија-Акарнанија се дели на 7 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):[1]
- Агринио (2)
- Актио-Војница (3)
- Амфилохија (4)
- Месолонги (1)
- Нафпактија (6)
- Термо (5)
- Ксиромеро (7)
Општина | YPES code | Седиште (доколку е различно) |
---|---|---|
Агринио | 0202 | |
Ализија | 0204 | Кандила |
Амфилохија | 0205 | |
Анактроио | 0206 | Војница (Воница) |
Ангелокастро | 0201 | |
Андирио | 0207 | |
Аподотиа | 0208 | Ано Хора |
Атакинтос | 0209 | Пападатес |
Астакос | 0210 | |
Етолико | 0203 | |
Инахос | 0213 | Халкиопуло |
Иниадес | 0221 | Неохори |
Кекропија | 0214 | Палерос |
Макринија | 0215 | Гавалу |
Медеон | 0216 | Катуна |
Мениди | 0217 | |
Месолонги | 0218 | |
Навпактус | 0219 | |
Неаполи | 0220 | |
Панетолоко | 0222 | Скутера |
Паракамбилија | 0224 | Агиос Власиос |
Паравола | 0223 | |
Платанос | 0225 | |
Пилини | 0226 | Симос |
Стратос | 0227 | |
Термо | 0211 | |
Тестиис | 0212 | Кенургио |
Фитиес | 0228 | |
Халкија | 0229 | Гавролимни |
Области
[уреди | уреди извор]- Месолонги - Месолонги
- Нафпактија - Нафпактос
- Трихронида - Агринио
- Валтос - Амфилохија
- Војница и Ксирокамби - Војница
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Етолија-Акарнанија“ на Ризницата ? |
- culture.gr за Етолија-Акарнинија Архивирано на 3 јуни 2004 г.
- Структура на Етолија-Акарнанија
|