Гребен (округ)
Гребен Περιφερειακή ενότητα Γρεβενών | |
---|---|
Округ | |
Општии во Гребен | |
Гребен во рамките на Грција | |
Координати: 40°0′N 21°20′E / 40.000° СГШ; 21.333° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Админ. центар | Гребен |
Површина | |
• Вкупна | 2.291 км2 (885 ми2) |
Население (2021) | |
• Вкупно | 34.548 |
• Густина | 15/км2 (39/ми2) |
Пошт. бр. | 51x xx |
Пов. бр. | 24620, 24920 |
ISO 3166 | GR-51 |
Рег. таб. | ΡΝ |
Мреж. место | grevena.gr |
Гребен (грчки: Περιφερειακή ενότητα Γρεβενών) — округ во Егејска Македонија (денес Грција). Администратицен центар е градот Гребен (Гревена). Голем дел од округот е планински, што го прави Гребен еден од најслабо населените окрузи во Грција. Создаден во 1967 г. од стариот округ Гребен-Кожани, во која што главен град бил Кожани. Се граничи со окрузите Јанина (Епир) на запад, Костур на северозапад, Кожани на север и исток, Лариса на југоисток и Трикала на југ.
Во планините спаѓаат Пинд на запад, Хасија на југозапад и југ и Црвена Гора на североисток. Најдолгата река е Бистрица која што тече низ источниот, централниот и северниот дел на округот.
Економијата на регионот се потпира на сточарство и земјоделство, екотуризам, шумска индустрија и скијачкиот центар Василица, којшто е популарно одредиште за зимските одмори.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]- Грчки меѓународен автопат 15, Ј, Цен., С
- Грчки меѓународен автопат 26, ЈИ
- Вија Егнација (суперавтопат)/E90, ЈЗ, Цен., СИ
Општини
[уреди | уреди извор]Округот Гребен се дели на 2 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата)::[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|