Од Википедија — слободната енциклопедија
Елисавета Петровна (руски: Елизаве́та Петро́вна) била императорка на Русија во периодот од 1741 до 1762 година. Во времето на нејзиното владеење, Русија учествувала во Војната за австриското наследство (1741-1748) и во Седумгодишната војна 1756-1763. Таа е една од најпопуларните монарси. Исто така, во време на нејзиното владеење се укинала смртната казна, бил основан Московскиот универзитет, Империјалната академија на уметностите во Санкт Петербург. Во Петербург биле изградени Зимскиот дворец и соборниот храм на манастирот „Смолни“.