Драмче
Драмче | |
Маало на Драмче | |
Координати 42°00′40″N 22°42′50″E / 42.01111° СГШ; 22.71389° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Делчево |
Област | Осоговија |
Население | 115 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09008 |
Надм. вис. | 700-840 м |
Драмче на општинската карта Атарот на Драмче во рамките на општината | |
Драмче на Ризницата |
Драмче — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Драмче се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар делумно е ограничен со државната граница со Бугарија. Селото е ридско и од разбиен тип, а се простира на надморска височина од 700-840 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 35,2 км2. Од Делчево е оддалечено 15 км.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Според едно предание, селото Драмче било основано од некој дојденец од Драма кој имал четири сина и ги разместил на тој простор. Иако не може да се утврди веродостојноста на ова предание, сепак интересен е податокот дека како дел од женската носија од Драмче е сината саја, која е карактерисична за женската носија од Драмско.[3]
Во почетокот на XX век, Драмче било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[4]
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.562,2 ха, додека на пасишта отпаѓаат 901,4 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 815,2 ха.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драмче живееле 430 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 288 жители, од кои 287 Македонци и 1 Влав.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 115 жители, од кои 103 Македонци и 12 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 430 | 400 | 842 | 996 | 868 | 697 | 534 | 429 | 416 | 288 | 115 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Во селото има основно училиште, фабрички погон за конфекција, земјоделска задруга, продавници и угостителски објекти.[2]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Малешевската околија.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачко место бр. 0601 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.[15]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 201 гласач.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[17]
Културно наследство
[уреди | уреди извор]Од селото потекнува орото Копачка, кое во 2014 година било впишано во претставителниот список на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство.[18] Кон крајот на 2014 година, родната куќа на долгогодишниот ороводец на орото Копачка Димитрија Станоевски (1917-2009), попознат како „Дедо Митко“, била претворена во спомен-куќа, во чија поставка се изложени стари фотографии, објавени текстови во домашни и во странски весници, предмети и инструменти кои ороводецот ги употребувал, како и народните носии во кои го предводел орото. Уредувањето на спомен-куќата било финансирано со средства обезбедени од Министерството за култура, здружението Копачка и Општина Делчево.[19][20]
Културни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
- Берова Чешма — населба од доцноантичко време
- Врница — некропола (тумули) од железно време
- В’чковско Маало — некропола од доцноантичко време
- Градиште — населба од железно време
- Градиште I — градиште од доцноантичко време
- Градиште II - Присој — градиште од римско време
- Јазова Чука — тумули од железно време
- Цркви
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква, културно наследство на Македонија
- Црква „Св. Петка“ — црква во изградба
- Културни установи
- Спомен-куќа на Дедо Митко — спомен-куќа посветена на ороводецот на орото Копачка Дмитрија Станоевски (1917-2009)
Личности
[уреди | уреди извор]- Починале во Драмче
- Цено Куртев (1877-1905) — бугарски подофицер и член на МРО
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Сретселото
-
Објект во селото
-
Куќи во селото
-
Маало на селото
-
Панорама на селото
-
Црквата „Св. Петка“ во изградба
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 112.
- ↑ Крстева, Ангелина (2005). „Размислувања за потребата од теренски етнолошки истражувања“. Етнолог. Здружение на етнолозите на Република Македонија - Музеј на Македонија (11): 142–143.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 844.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-11-26. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Kopachkata, a social dance from the village of Dramche, Pijanec“. UNESCO Culture Sector - Intangible Heritage. Посетено на 18 декември 2014.
- ↑ „Најстариот ороводец дедо Митко доби спомен-соба[мртва врска]“. Вечер. 28 октомври 2014.
- ↑ П., Н.. „Куќата на дедо Митко во Драмче ја раскажува приказната за „Копачка“ Архивирано на 21 јули 2018 г.“. Република. 15 март 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|