Десант
Изглед
Десант — воена операција што претставува префрлување трупи (војска) на непријателска територија по воден или по воздушен пат за нанесување на удар со цел да се заобиколат утврдувањата или да се заземе мостобран. Пренесување на борци со бродови е тактика позната стотици години и се користи со успех до ден-денес. Во мигов, како тактички техники, главно се користи тенковски и воздушен десант.[1][2][3]
Видови десанти
[уреди | уреди извор]Според превозниот начин и видот на превозното средство, десантот може да биде поморски, речен и воздушен, а според руската терминологија — и тенковски. Според целта, значењето и размерите, десантот може да биде стратегиски, оперативен, тактичен и диверзионен.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „десант“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „десант“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Schulz, Edward H. (1943). „Landing Operations—Formerly and Today“. The Military Engineer. 35 (214): 398–404. ISSN 0026-3982.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Десант“ на Ризницата ? |