Прејди на содржината

Движење за национално единство на Турците во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Движење за национално единство на Турците во Македонија
ДНЕТ
Makedonya'da Türklerin Ulusal Birlik Hareketi
TMBH
ВодачЕрдоган Сарач
ШтабСкопје, Република Македонија
ИдеологијаЗаштита на правата на Турците
Полит. положбацентар
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Движење за национално единство на Турците во Македонија (ДНЕТ) (турски: Makedonya'da Türklerin Ulusal Birlik Hareketi (TMBH)) — политичка партија на Турците во Република Македонија. Претседател на партијата е Ердоган Сарач.

Учество на избори

[уреди | уреди извор]

Партијата за првпат учествувала самостојно на парламентарните избори во 2006 година, освојувајќи околу 600 гласови.[1] Партијата повторно учествувала самостојно на следните парламентарни избори во 2008 кога забележала пораст од околу 3.000 гласови, односно, освоила околу 3.700 гласови.[2] На парламентарните избори во 2011 партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоила 1 пратенички мандат.[3] Партијата не учествувала на парламентарните избори во 2014. На парламентарните избори во 2016 се приклучила во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но не освоила пратенички мандат. На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но не освоила пратенички мандат.