Прејди на содржината

Список на политички партии во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во Република Македонија постојат голем број на политички партии кои учествуваат во политичкиот живот на државно и локално ниво. Со воведувањето на повеќепартискиот систем во СР Македонија во 1990, престанува политичкиот монопол на Сојузот на комунистите на Македонија (Комунистичка партија на Македонија до 1952) и во државата нагло се појавуваат голем број на партии. Таа година се регистрирани 24 политички партии. На првите парламентарни избори истата година учествуваат уште три политички субјекти и четири политички партии. Наредната година се регистрираат 14 политички партии, а во 1992 година уште 18, 10 партии во 1993 година, седум во 1994, четири во 1995, три во 1996 и две партии во 1997 година. Во пресрет на парламентарните избори во 1998 година се регистрирани нови седум партии. Најсиромашна е 1999 година - регистриран е само еден политички субјект. Затоа, пак, наредната година се појавуваат 10 нови партии.[1]

Според податоците од Основниот суд Скопје 2, каде што се води регистарот на партии, до декември 2009 година во Македонија се регистрирани 99 партии. Тоа, е всушност намалување од претходниот број од 150 партии во 2005. Од тие 99 партии, само 45 биле усогласени со новиот закон за политички партии според кој на секои две години доставуваат податоци за бројот на членови. Овој начин на пререгистрација се бара за да се спречи појавата партии да се формираат пред избори за лични интереси, а потоа да исчезнуваат.[1]

Најголем број од овие партии се мали и имаат незначително влијание на политичката сцена, а некои се комплетно неактивни. Малите партии ретко се решаваат за самостоен настап на изборите и најчесто стануваат долгорочни коалициони партнери со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во македонскиот блок, или ДУИ и ДПА во албанскиот блок.

Парламентарни партии

[уреди | уреди извор]

Ова е список на партиите кои имаат освоено мандати на парламентарните избори во 2016, по број на мандати:[2]

Име Коалиција Скр. Водач Мандати
Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски 42
Социјалдемократски сојуз на Македонија СДСМ Зоран Заев 35
Демократска унија за интеграција
Bashkimi Demokratik për Integrim
самостојно ДУИ / BDI Али Ахмети 10
Движење Беса
Lëvizja Besa
самостојно Беса / Besa Билал Касами 5
Социјалистичка партија на Македонија ВМРО-ДПМНЕ СПМ Љубисав Иванов - Ѕинго 3
Граѓанска опција за Македонија ВМРО-ДПМНЕ ГРОМ Стевче Јакимовски 2
Демократска партија на Албанците самостојно ДПА Мендух Тачи 2
Либерално-демократска партија СДСМ ЛДП Горан Милевски 2
Нова социјалдемократска партија СДСМ НСДП Тито Петковски 2
Единство
Uniteti
Алијанса за Албанците / Г’зим Острени 1
Движење за реформи - Демократска партија на Албанците
Lëvizja për Reforma - Partia Demokratike Shqiptare
Алијанса за Албанците ДР-ДПА/LP-PDSH Зијадин Села 1
Национална демократска преродба
Rilindja Demokratike Kombëtare
Алијанса за Албанците НДП/RDK Весел Мемеди 1
Демократска партија на Турците на Македонија
Makedonya Türk Demokratik Partisi
СДСМ ДПТ / TDP Кенан Хасипи 1
Сојуз на Ромите од Македонија СДСМ СРМ Амди Бајрам 1
Здружение за културно обединување на Бошњаците ВМРО-ДПМНЕ АВАЗ Зеќир Рамчиловиќ 1
Демократска партија на Србите во Македонија
Демократска партија Срба у Македонији
ВМРО-ДПМНЕ ДПСМ Иван Стоилковиќ 1
Демократска обнова на Македонија СДСМ ДОМ Лилјана Поповска 1
Партија за европска иднина СДСМ ПЕИ Фијат Цаноски 1
Партија за движење на Турците во Македонија

Makedonya Türk Hareket Partisi

СДСМ ПДТ Аднан Кахил 1
Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија СДСМ ПОПГМ Илија Николовски 1
Независни пратеници 6

Активни партии

[уреди | уреди извор]

Во продолжение следи азбучен список на партиите кои не освоиле мандати во Собранието, а кои учествувале на парламентарните избори во 2008, самостојно или како дел од коалиција[3], како и на локалните и претседателските избори во 2009:

Членови на некои овие партии се дел од општинските совети, или пак се носители на јавни функции. Ова особено важи за помалите партии од коалицијата За подобра Македонија.

Неактивни и поранешни партии

[уреди | уреди извор]

Следува азбучен список на партии кои учествувале на парламентарните избори од осамостојувањето до 2008. Овие партии не се активни на изборите, голем дел од нив се згаснати, а дел од нив се припоени кон други партии.[5][6][6][7][8][9]

  • Балканска федерација - Балкан без граници - партија регистрирана на 5 декември 1990
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Вистинска македонска реформска опција (ВМРО-ВМРО; 2002 - дел од коалицијата Вистински пат)
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Гоце Делчев - Радикална демократска партија (ВМРО-ГД-РДП; 1994 - самостојно)
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Движење за обнова на Македонија (ВМРО-ДОМ; 1998 - самостојно)
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија (ВМРО-ДП; 2008 - самостојно, 2009 - во коалиција со ТМОРО-ВЕП)
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Обединета (ВМРО-Обединета; 1994, 2002 - самостојно)
  • ВМРО-Илинден слободни демократи - партија отцепена од ВМРО-ДПМНЕ, на почетокот од 90-тите
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Македонска (водач Борис Стојменов)
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Македонски национален демократски сојуз (ВМРО-МНДС; 1994 - самостојно)
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Татковинска (ВМРО-Татковинска; 1994 - самостојно)
  • Граѓанско-либерална партија на Македонија (ГЛПМ; 1994, 1998 - самостојно)
  • Движење за семакедонска акција - МААК (МААК, 1990, 1994 - самостојно)
  • Демократска алеанца на Албанците (ДААМ; 2006 - во коалиција со НДС)
  • Демократска алтернатива (ДА; 1998 - во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, 2002, 2006 - самостојно)
  • Демократска десница (ДД; 2011-2012)
  • Демократска партија (ДП; 1994 - самостојно, бојкот на вториот круг)
  • Демократска партија за православно единство на Србите и Македонците (ДППЕСМ; 2002 - дел од коалицијата Вистински пат)
  • Демократска партија на Македонија (ДПМ; 1998 - во коалиција со ЛДП, како и со МААК-КП и МА, 2002, 2006 - самостојно)
  • Демократска партија Напред Македонијо - Форца (ФОРЦА; 2002, 2006 - самостојно)
  • Демократска прогресивна партија на Ромите во Македонија (ДППРМ; 1994 - самостојно, 1998 - во коалиција со повеќе партии од националностите)
  • Демократско-републиканска унија на Македонија (ДРУМ; 2006 - самостојно)
  • Демократски сојуз - Партија на земјоделците на Македонија (ДС-ПЗМ; 1990, 1994 - самостојно)
  • Демократски сојуз на просветните работници и граѓани на Македонија (ДСПРГМ; 1994 - самостојно)
  • Демократски сојуз на Србите во Македонија (ДССМ; 2002 - самостојно и дел од коалицијата Граѓанска алијанса на Македонија)
  • Демократски сојуз на Турците во Македонија (ДСТМ; 1990 - самостојно)
  • Демократски центар (ДЦ; 2002 - во коалиција со ПЗ)
  • Демохристијанска партија на Македонија (ДХПМ; 1990, 1994 - самостојно)
  • Европска партија на Македонија (ЕПМ; 2006 - дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ)
  • Земјоделска народна партија на Македонија (ЗНПМ; 2006 - самостојно)
  • Комунистичка партија на Македонија (КПМ; 1994, 1998, 2002, 2006 - самостојно)
  • Леви сили на Македонија (ЛСМ; 2006 - самостојно)
  • Либерална партија (водач: Ивон Величковски)
  • Лига за демократија (ЛД; 1990 - самостојно, 1998 - во коалиција со ДА и ВМРО-ДПМНЕ, 2002 - дел од коалицијата Граѓанска алијанса на Македонија, 2006 - самостојно)
  • МААК - Единствена македонска опција (МААК-ЕМО; 2002 - самостојно)
  • МААК - Конзервативна партија (МААК-КП; 1998 - во коалиција со МА и ДП)
  • Македонска алијанса (МА; 1998 - во коалиција со МААК-КП и ДП, 2002 - во коалиција со МНП)
  • Македонска народна партија (МНП; 2002 - во коалиција со МА)
  • Македонска христијанска партија (МХП; 2002 - дел од коалицијата Вистински пат)
  • Македонска партија (МП; 2006 - самостојно)
  • Македонска партија за мир и независност
  • Македонски национален фронт (МНФ; 1994 - самостојно)
  • Македонско народно движење
  • Млада демократско-прогресивна странка (МДПС; 1990 - во коалиција со СРСМ, како и СПМ)
  • Млади европски федералисти - МЕФМ, движење формирано од Нано Ружин и др. на 23 декември 1991, денес НВО
  • Многунационална народна партија на Македонија (МННПМ; 1994 - самостојно)
  • Народна волја (НВ; 2002 - самостојно)
  • Национална алтернатива (2006 - самостојно)
  • Народна демократска партија (НДП, 1990 - во коалиција со ПДП, 1994 - самостојно, 1998 - во коалиција со ПДПА, 2002, 2006 - самостојно)
  • Народна партија на Македонија (НПМ; 1990 - самостојно)
  • Нова демократија (НД; 2002 - самостојно) да не се меша со Нова Демократија
  • Нова социјал-демократска Партија (1994 - во коалиција со ДП) да не се меша со современата НСДП
  • Нови демократски сили (НДС; 2006 - во коалиција со ДААМ)
  • Ново комунистичко движење на Македонија (НКДМ; 1994 - самостојно)
  • Обединета партија на Ромите од Македонија (ОПРМ; 2002 - дел од За Македонија заедно)
  • Обединети Македонци (2006 - самостојно)
  • Партија за демократска акција - Вистински пат (ПДА - ВП; 1998 - самостојно)
  • Партија за демократска акција - Исламски пат (ПДА - ИП; 1994 - во коалиција со ДПТ)
  • Партија за демократска иднина (ПДИ; 2006 - самостојно)
  • Партија за демократски просперитет (ПДП; Partia e prosperiteti demokratike, PPD; самостојно)
  • Партија за демократски просперитет на Албанците (ПДПА; 1998 - коалиција со НДП, денешна ДПА)
  • Партија за демократско движење на Египќаните во Македонија (ПДДЕ; 2002 - дел од коалицијата Граѓанска алијанса на Македонија)
  • Партија за директна акција
  • Партија за единство на Ромите во Македонија (ПЕР; 2002 - самостојно)
  • Партија за економска обнова (ПЕО; 2006 - самостојно)
  • Партија за напредок (марксисти) (1991-1995)
  • Партија за социјална правда на Македонија (ПСПМ; 1994 - самостојно)
  • Партија на правдата (ПП; дел од За подобра Македонија)
  • Политичка партија на невработените на Македонија (ППНМ; 1994 - самостојно)
  • Преродба и обединување на македонските национални идеали (ПОМНИ; 2002 - самостојно)
  • Прогресивна партија (2002 - самостојно)
  • Работничка партија (РП; 1994, 1998 - самостојно)
  • Работничка партија на Македонија (1990, 1994 - самостојно)
  • Републиканска партија на Македонија (1994, 2002 - самостојно)
  • Републиканска партија на народно единство (РПНЕ; 1998 - самостојно)
  • Семакедонска работничка партија на Македонија (СРПМ; 2002 - самостојно)
  • Сојуз на комунисти на Македонија (СКМ; 1994, 1998 - самостојно)
  • Сојуз на комунисти на Македонија - Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП; 1990 - самостојно, денешен СДСМ)
  • Сојуз на пензионерите на општина Битола (СПОБ; 1990 - самостојно)
  • Сојуз на реформски сили на Македонија (СРСМ; 1990, самостојно и во коалиција со МДСМ, како и СПМ)
  • Социјалистичка христијанска партија на Македонија (СХПМ; 1998 - самостојно, 2002, 2006 - дел од За Македонија заедно)
  • Партија на Југословените во Република Македонија (СЈРМ; 1990, 1994 - самостојно)
  • Форум за човекови права - партија формирана од Томислав Чокревски, регистрирана во 90-тите
  • Центар на демократски сили (ЦДС; 2006 - самостојно)
  • Албански сојуз - партија формирана во 2010, за веќе на почетокот на 2011 да се спои со ДПА.
  1. 1,0 1,1 „Да се биде водач, па макар и во маало“. Посетено на 2010-10-27.[мртва врска]
  2. „Собрание на Република Македонија - Сегашен состав“. Архивирано од изворникот на 2023-05-29. Посетено на 2017-064-21. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Партии и коалиции - Избори 2008“. Посетено на 2010-10-26.
  4. ЕКСКЛУЗИВНО: ФРОДЕМ на Јове Кекеновски - Нова политичка опција во Македонија![мртва врска]
  5. Избори ’90: Конечни резултати од изборите за пратеници во собранието на СР Македонија. Скопје: Републичка изборна комисија. 1990.
  6. 6,0 6,1 Парламентарни избори ’98: Конечни резултати од „Парламентарните избори ’98. Скопје: Државна изборна комисија. 1999.
  7. Избори 1994: Конечни резултати од изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија. Скопје: Републичка изборна комисија. 1994.
  8. „Список на пријавени кандидати - 2002“. Посетено на 2010-10-28.
  9. „Конечни збирни резултати од гласањето - 2006“ (PDF). Посетено на 2010-10-28.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]