Брзак
Брзак | |
Координати 42°3′56″N 21°40′32″E / 42.06556° СГШ; 21.67556° ИГД | |
Општина | Куманово |
Население | 67 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 17012 |
Надм. вис. | 366 м |
Брзак на општинската карта Атарот на Брзак во рамките на општината | |
Брзак на Ризницата |
Брзак — село во Општина Куманово.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Брзак — село во општина Куманово. Селото се наоѓа по патот Куманово-Скопје. Селото е оддалечено 27км јужно од Куманово, и 31км североисточно од Скопје.
Историја
[уреди | уреди извор]Брзак е младо село. Основано е во 1922 година на атарот на селото Агино Село. Споменатата година државните власти колонизирале три српски домаќинства од селото Брзан кај Велика Плана, и по тоа село, селото Брзак го добило денешното име. После доселувањето на основачите на селото, во селото се доселиле и други колонисти, и тоа од: Лика (Орлиќи и Дозет), Црна Гора (Цариќи), од околината на Пирот (Јовановиќи), и од околината на Лесковац (Соколовиќи).
Во време на Втората светска војна бугарските власти ги иселиле повеќето српски колонисти, а на нивно место набрзо се доселиле Македонци од кривопаланечко.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во 2002 година во селото Брзак имало 104 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 67 жители, од кои 49 Македонци, 7 Срби, 2 останати и 9 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 101 | 87 | 99 | 106 | 105 | 107 | 88 | 104 | 67 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови
[уреди | уреди извор]Брзак е српско-македонско село.
Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се.
- Српски: Јаќимовиќи (3 к.) доселени се во 1930 година од селото Горњи Козји Дол во Горна Пчиња; Милосављевиќи (1 к.), Спасиќи (2 к.), Цветковиќи (3 к.) и Јанковиќи (1 к.) доселени се во различен период од селото Радовница во Горна Пчиња; Јовчиќи (1 к.) доселени се во текот на Втората светска војна од селото Шајинце во Горна Пчиња; Момчиловиќи (1 к.) и Костиќи (1 к.) најмлади доселеници. Првите се доселени од селото Стари Глог кај Врање. А вторите се доселени од селото Средњи Дел кај Врање.
- Македонски: Арсовци (2 к.) и Јовановци (1 к.) доселени се во текот на Втората светска војна од Кривопаланечко (првите од Жидилово, а вторите од Герман).[2]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|