Прејди на содржината

Аџибегово

Координати: 41°45′37″N 21°59′7″E / 41.76028° СГШ; 21.98528° ИГД / 41.76028; 21.98528
Од Википедија — слободната енциклопедија
Аџибегово
Аџибегово во рамките на Македонија
Аџибегово
Местоположба на Аџибегово во Македонија
Аџибегово на карта

Карта

Координати 41°45′37″N 21°59′7″E / 41.76028° СГШ; 21.98528° ИГД / 41.76028; 21.98528
Регион  Вардарски
Општина  Лозово
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2227
Шифра на КО 24040
Надм. вис. 249 м. м
Аџибегово на општинската карта

Атарот на Аџибегово во рамките на општината
Аџибегово на Ризницата

Аџибегово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Овче Поле, на околу 7 километри источно од општинскиот центар Лозово. Селото е рамничарско на надморска височина од 255 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа површина од 16,9 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.119 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 264 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948326—    
1953370+13.5%
1961234−36.8%
1971111−52.6%
1981—    
ГодинаНас.±%
1991—    
19945—    
20025+0.0%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Аџибегово живееле 260 жители, сите Турци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.[4]

Во 1961 година населбата броела 234 жители, од кои 10 биле Албанци, еден Турчин и 22 жители други. Во 1994 година, бројот на населението се намалил само на пет жители.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 5 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 260 326 370 234 111 5 5 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Во време на истражувањата вршени во селото во периодот 1957-58 година, селото Аџибегово било чисто влашко село.

Родови во селото биле: Шуте (1 к.), Кајмакан (2 к.) и Тафо (3 к.) се доселиле во 1925 година, првиот род од селото Мездра, а другите два рода претходно биле сточари номади, во лето само престојувале во местото Калин Камен, паланечко; Атанасовци (3 к.), Костовци (3 к.), Нако Косто (2 к.), Ѓорги Зико (1 к.), Атанас Ѓоргијов (1 к.) и Штерјо Ѓоргијов (1 к.) доселени биле во 1935 година, до спомената година од биле сточари номади; Ташко Ѓоргијев (2 к.) и Санде Наков (1 к.) се доселиле во 1936 година, до споменатата година и они биле сточари номади, преку лето само престојувале на Калин Камен; Никола Гудов (1 к.), Коле Тиков (1 к.), Атанас Јанков (1 к.), Штерји Мишов (1 к.) доселени се во 1954 година, првите два рода од селото Оморани, Азот, третиот род од селото Лепопелци, Кочанско, а четвртиот род од Калин Камен; Косто Апостолов (1 к.) доселен од Калин Камен во 1950 година; Јанко Паризов (1 к.) доселен во 1952 година од селото Софилари; Калчо Костов (1 к.) доселен во 1955 година од селото Коњух; Ванѓел Јанаќиев (1 к.) доселен во 1955 година од селото Мездра; Никола Ѓоргијов (1 к.) доселен во 1956 година од селото Мечкуевци.[10]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1707 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Ќоселари.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[12]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта
  • Могила — могила-некропола од доцноантичкото време и средниот век
  • Шарланди — средновековна населба и некропола

Ѓаволски Ѕид

[уреди | уреди извор]
Широк поглед на Ѓаволскиот Ѕид кај Аџибегово.

На околу 3 км југоисточно од Аџибегово, на југозападните падини на планината Богословец се наоѓа исклучителната мегалитна карпеста образба Ѓаволски Ѕид со должина од 500 м, која е предмет на легенди меѓу населението поради нејзиниот облик и големина.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Порано ова населено место било чисто турско. Но потоа сите Турци се иселиле во Турција. Од ова село се имаат иселено преку 30 семејства, и тоа воглавно во Измир и Одрин.[10]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 14–15.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.237.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]