1261
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1261 MCCLXI |
Ab urbe condita | 2014 |
Ерменски календар | 710 ԹՎ ՉԺ |
Асирски календар | 6011 |
Балиски календар | 1182–1183 |
Бенгалски календар | 668 |
Берберски календар | 2211 |
Будистички календар | 1805 |
Бурмански календар | 623 |
Византиски календар | 6769–6770 |
Кинески календар | 庚申年 (мет. мајмун) 3957 или 3897 — до — 辛酉年 (мет. петел) 3958 или 3898 |
Коптски календар | 977–978 |
Етиопски календар | 1253–1254 |
Еврејски календар | 5021–5022 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1317–1318 |
- Сачка ера | 1182–1183 |
- Кали-југа | 4361–4362 |
Холоценски календар | 11261 |
Игбоански календар | 261–262 |
Ирански календар | 639–640 |
Исламски календар | 659–660 |
Јапонски календар | Буно 2 / Кочо 1 (弘長元年) |
Јавански календар | 1170–1171 |
Јулијански календар | 1261 MCCLXI |
Корејски календар | 3594 |
Мингуо-календар | 651 пред Р. Кина 民前651年 |
Нанакшахи | −207 |
Тајландски сончев календар | 1803–1804 |
Тибетски календар | 阳金猴年 (машко железо-мајмун) 1387 или 1006 или 234 — до — 阴金鸡年 (женско железо-петел) 1388 или 1007 или 235 |
1261 (MCCLXI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1261 година од новата ера, 261. од вториот милениум, 61. од XIII век и втора од 1260-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6769 и 6770 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6011 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5021 и 5022 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2014.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1261 година се протега во 3897 и 3898, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3957 и 3958 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1804. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 659 и 660 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]- Јануари - Папа Александар IV ги забранува Флагелантите.
- 13 март - Договор од Нимфеон, насочен против Латинското Царство, е потпишан помеѓу Република Џенова и Михаил VIII Палеолог, царот на Никејското Царство.
- 12 јуни - Кралот Хенри III добива папска була, ослободувајќи го од заклетвата за да ги одржи Оксфордските одредби. По овој настан започнала Втората баронска војна[1].
- 4 јули - Бајбарс станува нов султан на Мамелучкиот Султанат во Египет.[2]
- 23 јули - Битка кај Калан: Норманите, на чело со Џон Фицдџералд, се поразени од галските сили.
- 25 јули - Градот Цариград е освоен од силите под команда на Алексиј Стратигопул, со што Латинското Царство престанува да постои а повторно била воспоставена Византија[2].
- 15 август - Никејскиот владетел Михаил VIII Палеолог е крунисан во византиски цар во Цариград[2].
- 29 август - Папа Урбан IV го наследува папа Александар IV како 182-тиот папа.
- 25 декември - 11-годишниот Јован IV Ласкарис е ослепен по наредбата на неговиот братучед и номиналниот ко-владетел на Византија, Михаил VIII Палеолог, во Никеја.
- Населението на Гренланд го прифаќа Кралот на Норвешка како свој.
- Ливонска крстоносна војна: Естонските сили се поразени од Ливонскиот ред во нивното востание.
- Манастир Вурмсбах е основан во Швајцарија.
- Бајбарис воспоставува калифат во Каиро.
- Бела IV ја одбива татарската инвазија.
- Кублај-кан, кој седнал на престолот минатата година, ослободува 75 кинески трговци од заробеништво.
Родени
[уреди | уреди извор]- 1 февруари - Валтер де Степледон, англиски бискуп (п. 1326)
- 11 февруари - Отон III, војвода од Баварија (п. 1312)
- 28 февруари - Маргарита Шкотска (п. 1283)
- 1 март - Хју Ле Депенсер, Прв Ерл од Винчестер (п. 1326)
- 25 јули - Артур II, војвода од Бретања (п. 1312)
- 9 октомври - Денис Португалски (п. 1325)
- непоозната дата
- Боемунд VII, гроф од Триполи (п. 1287)
- Принц Даниел Московски, син на Александар Невски (п. 1303)
- Албертино Мусато, италијански државник и писател (п. 1329)
- Владислав I Краткиот, крал на Полска (п. 1333)
- Константин Палеолог, византиски принц и генерал (п. 1306)
Починале
[уреди | уреди извор]- 28 февруари - Хајнрих III, војвода од Брабант
- 25 мај - Папа Александар IV
- 8 јули - Адолф IV, гроф од Шауенбург
- Септември - Плезанција Антиохиска , кралица на Кипар
- 18 септември - Конрад фон Хохштаден, архиепископ на Келн
- 9 ноември - Санча Прованска, кралица на Германија
- непоозната дата
- Ан-Насир Давуд, султан од Дамаск и емир од Керак
- Патријарх Никифор II Цариградски
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Williams, Hywel (2005). Cassell's Chronology of World History. London: Weidenfeld & Nicolson. стр. 144–146. ISBN 0-304-35730-8.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Lock, Peter (2013). The Routledge Companion to the Crusades. Routledge. стр. 112. ISBN 9781135131371.