Прејди на содржината

29 август

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< август >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
2024
Ингрид Бергман

29 август — 241-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (242-и во престапна година). Остануваат 124 денови до крајот на годината.

Настани:

1189  Банот Кулин во својата Повелба ги дефинира границите на Босна помеѓу Сава, Дрина и Уна.
1289  Основана е Инквизицијата, суд на католичката црква за заштита на верата.
1521  Турците го освоиле денешен Белград.
1526  Турците под водство на Сулејман Величествениот ги победиле Чешко-Унгарско-Хрватските сили на Мохачко поле.
1541  Турците го освоиле Будим, денес дел од Будимпешта.
1782  Еден британски брод потона во близина на пристаништето Портсмут, во Велика Британија, и притоа се удавија повеќе од 1.000 патници и членови на екипажот.
1831  Мајкл Фарадеј ја открил електромагнетната индукција.
1842  Со склучувањето мир во Нанѓинг заврши Англо-кинеската војна. Со тој мир на Англичаните им се отворија кинеските пристаништа и им беа дадени големи трговски привилегии, па Кина, по замешувањето и на другите велесили сосема падна под влијание на западните држави.
1885  Готлиб Дајмлер го патентирал првиот мотоцикл.
1898  Основано е претпријатието „Гудјиар“.
1949  СССР го извршил првото тестирање на атомска бомба на полигон во Казахстан.
1995  НАТО ја започнал кампањата „Решителна сила“ против босанските Срби.
2005  Ураганот Катрина уништил поголем дел од крајбрежјето на САД во Мексиканскиот Залив од Луизијана до Флорида, убивајќи над 1.836 луѓе и предизвикувајќи штета од над 115 милијарди долари.
2011  Јошихико Нода е избран за премиер на Јапонија.

Родени:

1632  Џон Лок — англиски филозоф.
1862  Морис Метерлинкбелгиски писател.
1915  Ингрид Бергман — шведска глумица.
1920  Јордан Леов — македонски писател.
1920  Чарли Паркер — американски џез-музичар.
1923  Ричард Атенборо — англиски глумец.
1936  Џон Мекејн — американски сенатор.
1938  Елиот Гулд — американски глумец.
1942  Гордана Куиќ — српска писателка.
1942  Стерлинг Морисон — американски рок-музичар, член на групата Велвет андерграунд.
1943  Артур Мекдоналд — канадски физичар, добитник на Нобеловата награда.
1946  Боб Бимон — американски атлетичар, поранешен светски рекордер во скок во далечина.
1947  Џејмс Хант — британски автомобилист, светски првак во трките на „Формула 1“ во 1976 година.
1958  Мајкл Џексон — американски поп-музичар.
1958  Мик Харви — австралиски рок-музичар.
1959  Рамон Диас — аргентински фудбалер.
1963  Елизабет Фрејзер — шкотска рок-музичарка, членка на групата Кокто Твинс.
1963  Стив Кларк — шкотски фудбалер и тренер.
1973  Томас Тухел — германски фудбалер и тренер.
1980  Вилијам Леви — кубански глумец.
1981  Сергеј Рутенка - белоруски ракометар
1986  Андреј Амадор — костарикански велосипедист.
1987  Марко Подрашчанин — српски одбојкар.
1988  Агим Ибраими — македонски фудбалер.
1988  Бартош Курек — полски одбојкар.
1993  Матеуш Поњитка — полски кошаркар.
1996  Дориан Бабунски — македонски фудбалер.
1997  Ејнсли Мејтланд-Најлс — англиски фудбалер.

Починале:

1298  Елеонорагрофица од Бар.
1847  Жорж Сорел — француски филозоф, основач на синдикализмот.
1938  Бела Кун — унгарски револуционер, водач на Советската унгарска република во 1919 година.
1982  Ингрид Бергман — шведска глумица.
1984  Цирил Боуда — чешки сликар.
2004  Иван Лацковиќ — хрватски сликар.