Океанија
Океанија или понекогаш Океаника[1] е географски регион кој се состои воглавно од острови во Тихиот Океан заедно со континентот Австралија. Терминот „Океанија“ за прв пат бил користен во 1831 година од страна на францускиот истражувач Жил Думон Дувил. Денес овој термин се користи за да се означи регионот во океанскиот дел со островите, но и Австралија.[2][3][4]
Границите на Океанија се означени на неколку начини. Поголем број од дефинициите за границите ги вклучуваат Австралија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја и делови од Малајскиот Архипелаг[5][6][7] Етнолошки, островите во Океанија се поделени на Меланезија, Микронезија и Полинезија.[8]
Океанија е заедничко име за неколку групи острови во Тихиот Океан. Тие се:
- Меланезија
- Микронезија
- Полинезија
- Нов Зеланд
Меланезија
Меланезија ги опфаќа островите што се наоѓаат североисточно од Австралија. Во оваа група најголеми се островите Нова Гвинеја(претежно планински, достигнува близу 5 000м.н.в., поделен на Индонезија и Папуа Нова Гвинеја), Нова Британија, Нова Каледонија, Саломоновите Острови, Вануату и други.
Микронезија
микронезија зафаќа група мали острови што се наоѓаат североисточно од Меланезија. Во овој дел покарактеристични се Маријанските, Маршалските, Каролинските и Кирибати (Гилбертовите Острови). Голем број од нив се корални острови. Mikronezija zafa}a grupa mali ostrovi {to se nao|aat
Полинезија
Полинезија опфаќа голем број острови и островски групи во Тихиот Океан. Во Полинезија најпознати се Хавајските Острови, Божиќниот Остров, Куковите Острови и островите Туамоту и други.
Новозеландски Острови
Нов Зеланд е посебна група острови. Најголеми се Северниот и Јужниот Остров, кои претежно се планински. На Јужниот Остров највисокиот врв Кук достигнува 3 764м. Островите имаат вулканска активност, гејзери и жешки минерални води. Оваа група припаѓа на државата Нов Зеланд. Бидејќи повеќето од сотровите се наоѓаат во екваторскиот и на тропскиот појас, климата е претежно тропска. Температурите се релативно високи и има голема влажност. Реките се куси и полноводни. Има развиена бујна тропска вегетација. Островите се одликуваат со многу песоќни плажи. Нов Зеланд се одликува со суптропска клима на Северниот и со умерена клима на Јужниот Гребен. Најнаселени се островите Нова Гвинеја и Нов Зеланд. Стопански најразвиен е Нов Зеланд. Тој се смета за високоразвиена индустриско-аграрна земја, со развиени тешка и лесна индустрија и воскомеханизирано земјоделско произвосдтсво.
Опсег
Традиционално, Океанија е поделена на три големи географски региони: Микронезија, Меланезија и Полинезија. Сепак, постојат и понови предлози за поделба на регионот како на пример Блиска Океанија и Далечна Океанија.[9]
Голем дел од Океанија се состои од острови и атоли со мала населеност за разлика од останатите делови од светот. Австралија е единствената континентална држава. Ако се смета Австралија и Нов Зеланд, тогаш најголем врв е Пункак Џаја во Папуа со 4884 метри, додека најниска точка е езерото Ејре со 16 метри под нивото на морето.
Држави и региони
Описот за државите и регионите на Океанија варираат од извор до извор. Следната табела вклучува држави и региони според описот на ООН.[7]
Региони
Држави и територии
Име на регион, следено со држави и нивните знамиња |
Површина (km²) |
Население (1 јули 2002) |
Густина на население (на km²) |
Главен град |
---|---|---|---|---|
Австралија | ||||
Австралија | 7,686,850 | 21,050,000 | 2.5 | Канбера |
Божиќен Остров (Австралија) | 135 | 1,493 | 3.5 | Флаинг Фиш Коув |
Кокосови Острови (Австралија) | 14 | 632 | 45.1 | Вест Ајленд |
Нов Зеланд | 268,680 | 4,108,037 | 14.5 | Велингтон |
Остров Норфолк (Австралија) | 35 | 1,866 | 53.3 | Кингстон |
Меланезија | ||||
Фиџи | 18,270 | 856,346 | 46.9 | Сува |
Индонезија (Океанскиот дел) | 499,852 | 4,211,532 | 8.4 | Џакарта |
Нова Каледонија (Франција) | 19,060 | 207,858 | 10.9 | Нумеја |
Папуа Нова Гвинеја | 462,840 | 5,172,033 | 11.2 | Порт Морзби |
Соломони | 28,450 | 494,786 | 17.4 | Хонијара |
Вануату | 12,200 | 196,178 | 16.1 | Порт Вила |
Микронезија | ||||
СД Микронезија | 702 | 135,869 | 193.5 | Паликир |
Гуам (САД) | 549 | 160,796 | 292.9 | Хагата |
Кирибати | 811 | 96,335 | 118.8 | Јужна Тарава |
Маршалски Острови | 181 | 73,630 | 406.8 | Маџуро |
Науру | 21 | 12,329 | 587.1 | Јарен (де факто) |
Северни Маријански Острови (САД) | 477 | 77,311 | 162.1 | Сајпан |
Палау | 458 | 19,409 | 42.4 | Мелекеок |
Полинезија | ||||
Американска Самоа (САД) | 199 | 68,688 | 345.2 | Паго Паго |
Кукови Острови (Нов Зеланд) | 240 | 20,811 | 86.7 | Аваруа |
Француска Полинезија (Франција) | 4,167 | 257,847 | 61.9 | Папете |
Ниуе (Н.З.) | 260 | 2,134 | 8.2 | Алофи |
Питкерн (Обединетото Кралство) | 5 | 47 | 10 | Адамстаун |
Самоа | 2,944 | 178,631 | 60.7 | Апија |
Токелау (Н.З.) | 10 | 1,431 | 143.1 | — |
Тонга | 748 | 106,137 | 141.9 | Нукуалофа |
Тувалу | 26 | 11,146 | 428.7 | Фунафути |
Валис и Футуна (Франција) | 274 | 15.585 | 56.9 | Мата-Уту |
Вкупно | 9.008.458 | 35.834.670 | 4.0 | |
Вкупно без континент Австралија | 1.321.608 | 14.784.670 | 11.2 |
Наводи
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ List of IOC members (122) by continent. International Olympic Committee: 112th session, Moscow 2001
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Merriam Webster's Online Dictionary (based on Collegiate vol., 11th ed.) 2006. Springfield, MA: Merriam-Webster, Inc.
- ↑ See, e.g., The Atlas of Canada - The World - Continents
- ↑ 7,0 7,1 Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ "Oceania". 2005. The Columbia Encyclopedia, 6th ed. Columbia University Press.
- ↑ Ben Finney, The Other One-Third of the Globe, Journal of World History, Vol. 5, No. 2, Fall, 1994.
Видете исто така
Надворешни врски
- Oceania на Curlie (англиски)
|
|