Прејди на содржината

PHP

Од Википедија — слободната енциклопедија
PHP
PHP
Парадигма:рефлективен , објектно-ориентиран , процедурален
Дизајнирано од:Rasmus Lerdorf
Развивач:PHP Group
Главни имплеметации:Zend Engine, Phalanger, Quercus, Project Zero, HipHop
Лиценци:PHP License
Веб страница:php.net

PHP претставува рефлективен програмски јазик со отворен изворен код. Првобитно бил замислен како алатка за создавање динамички семрежни прилози кои се извршуваат на опслужувачката страна. Кратенката означува PHP: Hypertext Preprocessor (што е рекурзивен акроним, кратенка чие име ја содржи самата кратенка и обично се изговара како пе-ха-пе, додека пак, на англиски се изговата пи-ејч-пи).

PHP е едноставен за користење и е сличен на C и Perl (од верзија 5+ сличен и на Java). Еден од интересните делови на кодот на PHP е што не е само скрипт јазик. PHP може да се користи и за GUI апликации (со помош на PHP-GTK) и може да се користи од командна линија како и Perl или Python.

PHP дозволува интеракција со многу познати бази на податоци, како MySQL, Oracle, IBM DB2, Microsoft SQL Server, PostgreSQL и SQLite. PHP работи на многу оперативни системи, како Јуникс, Линукс, Мајкрософт Виндоус и Мек ОС.

PHP е алтернатива на комерцијални програми како Мајкрософт-овите ASP/VBScript/JScript, Макромедија ColdFusion, Sun Microsystems JSP/Java и некомерцијалните CGI/PERL. Неколку познати проекти напишани во PHP се phpBB и ова мрежно место - Википедија.

PHP е лиценциран по BSD-style лиценцата и PHP лиценцата. Од верзија 4+ PHP е покренуван од Зенд машина.

Историја

[уреди | уреди извор]

На почетокот, во 1994 година, PHP бил напишан како Perl скрипти од Расмус Ледорф за лична употреба, и го нарекол PHP/FI (Personal Home Page Tools/Form Interpreter). Во 1997. двајца Израелци, Зеев Сураски и Анди Гутман, од факултетот Техникон го продолжиле Ледорфовиот проект и го направиле јадрото на PHP3 јазикот. По неколку месеци, во ноември 1997, официјално го објавиле PHP/FI 2. Зеев и Анди понале да пишуваат ново јадро на PHP во 1997, кое се нарекува Зенд машина (Zend engine) (www.zend.com Архивирано на 19 јули 2006 г. која тврди дека PHP3 бил снабдуван со Zend Engine 0.5). Тие ја основале и Zend Technologies во Рамат Ган, Израел која го надгледува напредокот на PHP. Во мај 2000 излегол PHP4. Тој е снабдуван со Зенд машина 1. На 13 јули 2004, излегол PHP5, со Зенд машина 2.

Ова е прост пример кој ја објаснува синтаксата на PHP: таговите за отворање и затворање, коментарите (//tukakomentar и /* tukakomentar */), "for" циклусот и конструкцискиот збор echo (често погрешен како функција).

<?php
echo "Zdravo svete!"; //dokolku se povika "php /server/primer.php" ke ispecati Zdravo svete
for($i = 0; $i < 10; i++){
echo "Ispecatuvam 10 recenici! ovaa e #".$i; //ke ispecati "Ispecatuvam 10 recenici! ovaa e #1,#2,#3...#10"
}
?>

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]


Програмски јазици
Ada | ALGOL | APL | Асемблер | AWK | BASIC | C | C++ | C# | COBOL | ColdFusion | Common Lisp | Delphi | Eiffel | Focus | Forth | FORTRAN | Haskell | IDL | Java | JavaScript | Limbo | Lisp | Lua | Modula 2 | Objective C | OCaml | Pascal | Perl | PHP | Prolog | Python | Ruby | SAS | Scheme | Smalltalk | SQL | Tcl | Visual Basic