28 декември
Изглед
<< | декември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
2024 |
28 декември — 362-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (363-и во престапна година). Остануваат 3 денови до крајот на годината.
Настани:
1895 | Во Париз, во просториите на „Гранд кафе“, браќата Луј и Огист Лимиер, организираа прва филмска проекција. Тоа беа првите „подвижни слики“ во историјата, кратки филмови. Оваа филмска претстава предизвика воодушевување кај публиката и се смета за датум на раѓањето на кинетомаграфијата. Само десет години подоцна, битолските браќа Манаки, Јанаки и Милтон, го снимија првиот филмски кадар на Балканот. |
1908 | Од земјотрес во Месина и Калабрија, во Италија, загинаа околу 83.000 лица. |
1943 | Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот баталјон „Страшо Пинџур“ ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеал поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и Демир Капија. |
1944 | Во Скопје почна тридневната работа на Второто (вонредно) заседание на АСНОМ. |
1944 | Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ. |
1995 | Од космодромот во Бајконур, Казахстан, од една руска носечка ракета, е лансиран сателит од индиско производство. Заедно со сателитот беше уште едно летало, наречено „Скипер“, сопственост на Универзитетот во Јута, САД. |
1997 | Долготрајните недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ, во Мелбурн кулминираа и со масовна тепачка меѓу приврзаниците на спротивставените страни (на приврзаниците и противниците на владиката Петар), пред редовната богослужба во МПЦ „Свети Ѓорѓи“ и „Пресвета Богородица“, во мелбурнското предградие Епинг. |
Родени:
1713 | Никола Луј де Лакај — француски астроном. |
1856 | Вудро Вилсон — претседател на САД. |
1885 | Владимир Татлин — руски и советски сликар и архитект. |
1887 | Валтер Рутман — германски експериментален режисер. |
1888 | Фридрих Мурнау — германски режисер. |
1903 | Џон фон Нојман — унгарско-американски математичар и физичар. |
1934 | Меги Смит — англиска глумица. |
1950 | Алекс Чилтон — американски поп-рок музичар, член на групата „Биг стар“ (Big Star). |
1954 | Дензел Вашингтон — американски глумец. |
1961 | Бошко Ѓуровски — македонски фудбалер. |
1962 | Мишел Петручијани — француски џез-музичар. |
1972 | Патрик Рафтер — австралиски тенисер. |
1978 | Џон Леџенд — американски пејач. |
1981 | Сиена Милер — британско-американска глумица. |
1982 | Милан Барош — чешки фудбалер. |
1990 | Маркос Алонсо Мендоса — шпански фудбалер. |
Починале:
1694 | Марија II — кралица на Англија. |
1703 | Мустафа II — отомански султан. |
1925 | Сергеј Александрович Есенин — руски поет. |
1937 | Морис Равел — француски композитор. |
1945 | Теодор Драјзер — американски писател. |
1984 | Сем Пекинпо — американски филмски режисер. |
2001 | Џемаил Максут — македонски театарски и филмски глумец. |
2001 | Атанас Петровски — македонски филмски режисер и продуцент. |
2004 | Сузан Зонтаг — американска писателка. |
2005 | Стево Жигон — југословенски и српски глумец. |
2010 | Атина Бојаџи — македонска маратонка во пливање. |
2015 | Леми Килмистер — англиски рок-музичар, член на групата „Моторхед“. |
2015 | Џон Бредбери — англиски рок-музичар, тапанар на ска-групата „Спешлс“ (The Specials). |
2016 | Деби Рејнолдс — американска глумица и пејачка. |