14 октомври
Изглед
<< | октомври | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
2024 |
14 октомври — 287-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (288-и во престапна година). Остануваат 78 денови до крајот на годината.
Настани:
1933 | Германија се повлекува од Друштвото на Народите. |
1944 | Германскиот окупатор изврши масовни убиства во 9 села во Штипско и Кочанско. Најмногу настрадале штипските села Крупиште, каде биле убиени 49 лица, и Горни Балван со убиени 26 лица, како и кочанското село Уларци со убиени 25 лица. |
1944 | Ослободена е Атина од страна на британската војска. |
1981 | Потпретседателот Хосни Мубарак е избран за претседател на Египет, една недела по убиството на претседателот Анвар Садат. |
1993 | Во Њујорк е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под уставното име. |
1994 | По Ирската републиканска армија и лојалистичките паравоени единици, објавија општ прекин на воените дејства, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата Северноирска граѓанска војна. |
Родени:
1829 | Август Малмстрем — шведски историски сликар. |
1890 | Двајт Ајзенхауер — американски генерал и политичар. |
1919 | Димитар Митрев — македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
1931 | Душко Гојковиќ — српски џез-музичар и композитор. |
1940 | Клиф Ричард — англиски поп-музичар. |
1958 | Томас Долби — англиски поп-музичар. |
1959 | Ацо Петровиќ — српски кошаркарски тренер. |
1960 | Стив Крем — британски атлетичар. |
1978 | Ашер — американски поп-пејач. |
1985 | Виталиј Фридзон — руски кошаркар. |
Починале:
1856 | Јохан Каспар Мерц — австроунгарски гитарист и композитор. |
1944 | Ервин Ромел — германски фелдмаршал, познат како „Пустинска лисица“ (р.1891). |
1958 | Николај Заболоцки — советски и руски поет. |
1977 | Бинг Крозби — американски глумец и пејач, добитник на филмската награда „Оскар“. |
1990 | Леонард Бернштајн — американски композитор, пијанист и диригент, познат по музичките нумери во филмот „Приказна од западната страна“. |
2010 | Беноа Манделброт — француско-американски математичар, познат изучувач на фракталите (р. 1924). |
2012 | Бранко Чрнац Туста — хрватски рок-пејач, член на групата КУД Идијоти. |
2018 | Милена Дравиќ — српска и југословенска глумица. |
2021 | Марко Живиќ — српски глумец. |
2022 | Роби Колтрејн — британски глумец. |