11 март
Изглед
<< | март | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2024 |
11 март — 70-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (71-и во престапна година). Остануваат 295 денови до крајот на годината.
Настани:
1913 | Велика Британија и Германија постигнале Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун. |
1917 | Британската војска го зазела Багдад во Првата светска војна. |
1938 | Војската на фашистичкиот Трет Рајх влегла во Австрија (т.н. „аншлус“). |
1943 | Околу 550 Евреи од Штип биле депортирани во концентрациониот логор „Треблинка“. |
1945 | Во Македонија почнале првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеле до 25 март, за првпат гласале и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија. |
1981 | Започнале протестите на Косово со барање тоа да стане република и да излезе од прегратките на Србија. |
1996 | Република Македонија била примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка. |
1996 | Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија била примена во Клубот на земјите членки на ФАРЕ. |
Родени:
1544 | Торквато Тасо — италијански поет. |
1822 | Жозеф Бертран — француски математичар. |
1892 | Артур Хонегер — француски композитор од швајцарско потекло. |
1920 | Благоја Ангеловски — македонски филмски работник. |
1931 | Драган Ѓаконовски - Шпато — македонски композитор, диригент и музички аранжер. |
1931 | Драгутин Аврамовски - Гуте — македонски академски сликар и графичар. |
1945 | Пири — шпански фудбалер. |
1952 | Даглас Адамс — англиски писател, драматург и музичар. |
1961 | Мирјана Ѓурица — југословенска ракометарка. |
1978 | Дидје Дрогба — фудбалер од Брегот на слоновата коска. |
1987 | Танел Кангерт — естонски велосипедист. |
1987 | Стефано Пираци — италијански велосипедист. |
1988 | Фабио Коентрао — португалски фудбалер. |
1991 | Алесандро Флоренци — италијански фудбалер. |
1993 | Ентони Дејвис — американски кошаркар. |
1994 | Ендрју Робертсон — шкотски фудбалер. |
1994 | Ласе Андерсон — француски ракометар. |
Починале:
1908 | Едмондо Амичис — италијански писател и патописец. |
1931 | Фридрих Мурнау — германски режисер. |
1941 | Јосиф Михајловиќ — градоначалник на Скопје пред Втората светска војна. |
1955 | Александар Флеминг — англиски микробиолог. |
2002 | Илија Милчин — македонски глумец, режисер, лингвист и преведувач. |
2002 | Џејмс Тобин — американски економист, добитник на Нобеловата награда. |
2006 | Слободан Милошевиќ — претседател на Србија и на Сојузна Република Југославија. |
2016 | Драган Николиќ — српски глумец. |
2021 | Даринка Челениќ — српска глумица. |