Прејди на содржината

.om

Од Википедија — слободната енциклопедија
.om
Domain Name Administration
Воведен1996
Тип на доменНајвисок државен домен
СостојбаАктивен
РегистарТелекомуникациска регулаторна агенција-Оман
ДокументиПолиса
Мреж. местоАдминистрација за имиња на домени

.omсемрежен највисок државен домен за Оман.

Регистар

[уреди | уреди извор]

Моментално, Телекомуникациската регулаторна агенција е регистрирана како управител на .om ccTLD. Агенцијата е задолжена само за управување со највисокиот семрежен домен „.om“ и „.عمان“ На тој начин, агенцијата може:

1- Да поставува правила, насоки и водичи за раководење со дозволените имиња на домени.

2- Да одобри акредитирани регистратори и да ги објави нивните имиња на мрежната страница на агенцијата или пак истото да го стори на некој друг начин.

3- Да ги надгледува акредитираните регистратори и регистранти и да ја провери нивната согласност до правилата напатствија и водичи пооврзани со имињата на домените.

4- Да ги објави одлуките за прекинување на акредитацијата на акредитираните регистратори на мрежната страница на агенцијата или пак истот да го стори на некој друг начин.

5- Да преземе чекори во однос на некоја жалба или барање поднесени од акредитираните регистратори или регистрантите или пак која и да е странка во кој и да е дел што се однесува на почитувањето и спроведувањето на регулативата, и истото да го стори без предрасуди според Законот за индустриска сопственост и неговите подакти.

Најважниот домен .om ги содржи следниве доменски зони:

Зона Регистрациони категории
.om За раководните делови на владата и одобрените претпријатија во Оман
.co.om За регистрирани бизниси и претпријатија во Оман
com.om
.org.om За општи јавни претпријатија дозволени од Оман
.net.om За претпријатија кои нудат телекомуникациски услуги во Оман
.edu.om За јавни и приватни образовни институции
.gov.om За владините агенции во Оман
.museum.om За државните и приватните ентитети кои поседуваат или работат како Омански музеи
.pro.om За трговските синдикати и професионални здруженија одобрени од Оман како што се лиценцирани доктори и инженери или кој и да е нивен член.
.med.om За државните и приватните нудачи на медицински услуги

Акредитирани регистрирачи

[уреди | уреди извор]

Акредитираните регистрирачи е секое физичко или правно лице кој ее одобрен од агенцијата според договорот да прима пријави за регистрација на семрежни домени, да носи одлуки, регистрира, префрла, стопира, брише и да преземе потребни чекори поврзани со имињата на домените според определените законски подакти на законот за регистрација и акредитација.

Агенцијата ќе ги прегледа пријавите поднесени од претпријатијата или лицата кои сакаат да добијата акредитација од агенцијата и да носат одлуки.

Моментално акредитираните регистрирачи се: