Шарл Огистен Сент-Бев
Шарл Огистен Сент-Бев | |
---|---|
Роден/а | 23 декември 1804 Булон сур Мер, Франција |
Починат/а | 13 октомври 1869 Париз, Франција | (возр. 64)
Занимање | литературен критичар |
Јазик | француски |
Националност | Французин |
Апсолвент на | Collège Charlemagne |
Значајни дела | Пор-Ројал |
Шарл Огистен Сент-Бев (француски: Charles Augustin de Sainte-Beuve, роден на 23 декември 1804 во Булон сур Мер - починал на 13 октомври 1869 во Париз) — француски писател, најистакнат претставник на француската книжевна критика и на францускиот литературен романтизам.
Биографија
[уреди | уреди извор]Сент-Бев завршил средно образование во Париз, се вработил во медицинско училиште, но не го завршил. Од 1824 година започнал да соработува со списанието на „младата генерација романтичари“ - „Globe“, станувајќи дел од кругот на Витор Иго и водечки критичар на групата.
Во тоа време и под влијание на кругот околу „Globe“ тој одлучил да го каже својот збор и како поет го издал зборникот со стихови „Животот, поезијата и мислите на Жозеф Делорм“ (1829). Следеле „Наслада“ (1830) и „Августовски мисли“ (1937), како и романот „„Бесрамност“ (1834). По нивниот неуспех, по 1837 година Сент-Бев се оддал само на историско-литературната и критичката активност.
Првиот поголем труд - „Историска и критичка слика на француската поезија и театар во XVI век“ (1828), бил посветен на историското оправдување на романтизмот како завршеток на традициите на француската литература, прекинати од привремената доминација на класицизмот. Според пистелот, претходници на романтизмот се Пјер де Ронсар, Жоашен ду Белене и други поети од XVI век. Критичарски дела се уште „Книжевни портрети“, „Пор-Ројал“ и „Разговори во понеделник“.
Член на Француската академија од 1844 година.
Дела
[уреди | уреди извор]Поезија
[уреди | уреди извор]- Vie, poésies et pensées de Joseph Delorme (1829)
- Les Consolations (1830)
- Pensées d'août (1837)
- Livre d’amour (1843)
- Poésies complètes (1863)
Романи и новели
[уреди | уреди извор]- Volupté (1835)
- Madame de Pontivy (1839)
- Christel (1839)
- Le Clou d’or qu'il dédia à Sophie de Bazancourt, femme du général François Aimé Frédéric Loyré d'Arbouville
- La Pendule (1880)
Критика, есеистика
[уреди | уреди извор]- Tableau historique et critique de la poésie française et du théâtre français au seizième siècle (1828), 2 тома
- Port-Royal (1840–1848), 4 тома; (2 изд. – 1860, 5 тома)
- Portraits littéraires (1844), 2 тома; (2 изд. – 1876–78), 3 тома
- Portraits contemporains (1846), 2 тома; (2 изд. – 1869–71), 5 тома
- Portraits de femmes (1844) (2 изд. – 1870)
- Causeries du lundi (1857–1862), 16 тома
- Nouveaux lundis (1863–1872), 13 тома
- Premiers lundis (1874–75), 3 тома
- Étude sur Virgile (1857).
- Chateaubriand et son groupe littéraire (1860), 2 тома
- Le Général Jomini (1869)
- Madame Desbordes-Valmore (1870)
- M. de Talleyrand (1870)
- P.-J. Proudhon (1872)
- Souvenirs et Indtscrétions (1872)
- Chroniques parisiennes (1843–1845 и 1876)
- Les cahiers de Sainte-Beuve (1876)
- Mes poisons (1926)
- Cahiers intimes inédits (1933)
Кореспонденција
[уреди | уреди извор]- Lettres à la princesse (Mathilde) (1873)
- Correspondance de C. A. Sainte-Beuve (1822–1865) (1877–78), 2 тома
- Nouvelle correspondance de C. A. Sainte-Beuve (1880)
- Lettres à Collombet (1903)
- Correspondance avec M. et Mme Juste Olivier (1904)
- Lettres à Charles Labitte (1912)
- Lettres à deux amies (1948)
- Lettres à George Sand
- Lettres à Adèle Couriard
- Correspondance générale, (1935–)19 тома
Биографии
[уреди | уреди извор]- Le général Jomini, étude, Paris 1869. Le général Jomini, étude на мрежното место на Gallica
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Шарл Огистен Сент-Бев на Ризницата
- Мисли поврзани со Шарл Огистен Сент-Бев на Викицитат
- Дела од Charles Augustin Sainte-Beuve на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Шарл Огистен Сент-Бев на Семрежниот архив
- Дела од Шарл Огистен Сент-Бев на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)
- What Is a Classic? at Bartleby.com.