Шадрван
Шадрван — вид јавна чешма што се градела во дворот на џамија, медреса, текија, карвансарај и во јавна бања со основна цел да овозможи истовремено обредно миење на поголем број луѓе, но и да делува декоративно.[1]
Потекло и изглед
[уреди | уреди извор]Шадрваните потекнуваат од Персија, а Турците ги донеле на Балканскиот Полуостров. Шадрваните се дел од отоманската архитектура. Основната одлика на шадрванот е тоа што основата се состои од камен, кој формира базен од чии страни водата се излива низ бројни чешми. Обично во средина на базенот има повисок столб од камен, низ кој најчесто низ разни украси тече вода. Покривот на шадрванот најчесто е во форма на купола.
На Балканскиот Полуостров
[уреди | уреди извор]За еден од најпознатите шадрвани на Балканскиот Полуостров се смета оној што се наоѓа во Сараево, во дворот на Беговата џамија, изградена од Гази Хусрев-бег 1530 година.
Во Македонија, постојат поголем број шадрвани во склоп на џамии, како на пример во Јени џамија во Битола, Мустафа-пашина џамија во Скопје, Мурат-пашина џамија во Скопје, и на други места.
Наводи
[уреди | уреди извор]„Шадрван“ на Ризницата ? |