Прејди на содржината

Чамец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рекреативен моторен чамец со надворешен мотор

Чамец е пловно средство за пловење по вода, обично езеро или вода во заштитена крајбрежна област. Сепак, постојат китоловни чамци кои се спуштаат и управуваат од поголем брод и служат за пловење по морињата. Во морнарскиот лексикон, чамец е пловно средство доволно мало да биде носено од страна на брод. Чамците се применуваат за:

  • Превоз
  • Спорт, на пр. рибарење
  • Извршување технички работи

Чамецот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Бродари на врзан чамец“ (српски: Бродари на везаном чамцу) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[1]
  • „Глисер“ (англиски: Speedboat) — песна на британската рок-група Lloyd Cole And The Commotions од 1984 година.[2]
  • „Многу брзи чамци“ (англиски: Hi-Speed Boats) - песна на американската рок-група Меркјури Рев (Mercury Rev) од 1993 година.[3]
  1. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 45.
  2. Lloyd Cole And The Commotions* – Rattlesnakes (пристапено на 1.3.2023)
  3. Discogs, Mercury Rev ‎– Boces (пристапено на 20.1.2021)