Фудбалска репрезентација на Сенегал
Прекари(и) | Les Lions de la Teranga (Лавовите на Теранга) | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Фудбалска федерација на Сенегал | ||
Конфедерација | КАФ (Африка) | ||
Селектор | Алиу Сисе | ||
Капитен | Калиду Кулибали | ||
Најмногу настапи | Анри Камара (99) | ||
Најдобар стрелец | Анри Камара и Садио Мане (29) | ||
ФИФА код | SEN | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 18 (10 февруари 2022)[1] | ||
Највисок | 18 (февруари 2022) | ||
Најнизок | 99 (јуни 2013) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Брит. Гамбија 1 — 2 Фр. Сенегал (Гамбија; 1959) како Сенегал Бенин 3 — 1 Сенегал (Брег на Слонова Коска; 31 декември 1961) | |||
Најголема победа | |||
Сенегал 10 — 1 Мавританија (Сенегал; 28 септември 1972) | |||
Најлош пораз | |||
Гвинеја 5 — 0 Сенегал (Гвинеја; 6 март 1966) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 2 (првпат во 2002) | ||
Најдобар резултат | Четвртфинале 2002 | ||
Африкански куп на нации | |||
Учества | 16 (првпат во 1965) | ||
Најдобар резултат | Шампион, 2021 |
Фудбалската репрезентација на Сенегал, позната и под прекарот "Лавовите на Теранга", го претставува Сенегал на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Сенегал. Репрезентацијата го имала својот прв настап на Светските првенства на изданието во 2002 година и таму направила огромно изненадување победувајќи го бранителот на титулата, светскиот и европски првак, Франција со 1-0 во воведниот натпревар на турнирот. Последователно, Сенегал стигнал до четвртфиналето на тој турнир, станувајќи само втората земја од Африка (после Камерун во 1990) која стигнала до оваа фаза на натпреварување која досега не ја има минато ниту една африканска репрезентација.
После 16 години чекање, репрезентацијата повторно се квалификувала на Светско првенство, правејќи го тоа на Мундијалот 2018 во Русија, каде настапот го завршиле уште во првата фаза.
Првиот настап на Африканскиот куп на нации, Сенегал го имал во 1965 година, кога како второпласирани во групата, загубиле со 1-0 од Брегот на Слоновата Коска во натпреварот за третото место. На Африканскиот куп на нации 1990, Сенегал уште еднаш завршил на четвртото место, а на првенството во 2002, тие за првпат се пласирале во финалето, во кое загубиле на пенали од Камерун. Откако загубиле уште едно финале, овојпат од Алжир во Африканскиот куп на нации 2019, Сенегал ја освоил својата прва титула на Африканскиот куп на нации, на изданието во 2021 година на кое во финалето го совладале Египет по изведување на пенали.
Историја
[уреди | уреди извор]Репрезентацијата на Сенегал својот прв натпревар го одиграла 1959 година против Британска Гамбија (денешна Гамбија), и победила со 2-1. Фудбалската федерација на Сенегал е основана 1960 година, а членка на КАФ станала 1963 година, а година дена подоцна се приклучува во членството на ФИФА.
Првиот настап на завршниот турнир на Африканскиот куп на нации, репрезентацијата на Сенегал го забележала во 1965 година. Таму во групата играла против Тунис и Етиопија; во првиот натпревар против Тунис одиграле нерешено 0-0, за во второто коло убедливо да ја совладаат Етиопија со високи 5-1. Сепак, тоа било доволно само за второто место во групата, зад Тунис, што ги одвело на мегдан на Брегот на Слоновата Коска во натпревар за третото место, кој го загубиле со 0-1.
За првпат во својата историја Сенегал се квалификувал на едно Светско првенство, за првенството во 2002 година кое се одржало во Јапонија и Јужна Кореја. Во квалификациите за Светското првенство, Сенегал играл против Бенин во првата рунда, и победил со вкупен резултат 2-1. Во групната фаза од квалификациите играле против Мароко, Египет, Алжир и Намибија. Првото место во групата било освоено со 15 бодови, колку што имал и второпласираниот Мароко, но пресудни за конечниот изглед на табелата биле меѓусебните дуели, во кои по ремито без голови во Рабат, Сенегал бил подобар од Мароко на домашен терен со 1-0 со голот на Ел Хаџи Диуф.
На Светското првенство 2002, Сенегал играл во групата А, заедно со репрезентациите на Франција, Данска и Уругвај. После победата на отворањето над актуелниот шампион и бранител на титулата од претходното првенство, Франција, со која го шокирале целиот свет, Сенегал потоа ремизирал со Данска и Уругвај. Така, со 5 освоени бода, Лавовите на Теранга се пласирале во осминафиналето како втори во групата зад Данска. На 16 јуни 2002, Сенегал го одиграл својот осминафинален натпревар против Шведска; натпреварот бил решен во продолженијата кога напаѓачот на Сенегал, Анри Камара постигнал гол со кој и овозможил на својата репрезентација пласман во четвртфиналето. На 22 јуни 2002, сенегалците го завршиле учеството на Мундијалот после минималниот пораз со 1-0 од Турција.
Настапи на турнирите
[уреди | уреди извор]Настапи на Светските првенства
[уреди | уреди извор]Светско првенство | Квалификации за Светско првенство | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Рунда | Позиција | Рунда | П | Н | И | ДГ | ПГ | Состави | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | |
1930 | Не учествувале | Не учествувале | ||||||||||||||
1934 | ||||||||||||||||
1938 | ||||||||||||||||
1950 | ||||||||||||||||
1954 | ||||||||||||||||
1958 | ||||||||||||||||
1962 | ||||||||||||||||
1966 | ||||||||||||||||
1970 | Не се квалификувале | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 4 | |||||||||
1974 | 2 | 0 | 1 | 1 | 1 | 2 | ||||||||||
1978 | 2 | 0 | 1 | 1 | 1 | 2 | ||||||||||
1982 | 2 | 0 | 1 | 1 | 0 | 1 | ||||||||||
1986 | 2 | 1 | 0 | 1 | 1 | 1 | ||||||||||
1990 | Не учествувале | Не учествувале | ||||||||||||||
1994 | Не се квалификувале | 8 | 3 | 1 | 4 | 11 | 12 | |||||||||
1998 | 2 | 0 | 1 | 1 | 2 | 3 | ||||||||||
2002 | Четвртфинале | 7. | 5 | 2 | 2 | 1 | 7 | 6 | Состав | 10 | 5 | 4 | 1 | 16 | 3 | |
2006 | Не се квалификувале | 10 | 6 | 3 | 1 | 21 | 8 | |||||||||
2010 | 6 | 2 | 3 | 1 | 9 | 7 | ||||||||||
2014 | 8 | 3 | 4 | 1 | 11 | 8 | ||||||||||
2018 | Групна фаза | 17. | 3 | 1 | 1 | 1 | 4 | 4 | Состав | 8 | 5 | 3 | 0 | 15 | 5 | |
2022 | To be determined | To be determined | ||||||||||||||
2026 | ||||||||||||||||
Вкупно | Четвртфинале | 2/21 | 8 | 3 | 3 | 2 | 11 | 10 | — | 63 | 26 | 22 | 15 | 90 | 56 |
Настапи на Африкански куп на нации
[уреди | уреди извор]Африкански куп на нации | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Рунда | Позиција | Рунда | П | Н | И | ДГ | ПГ | Состави |
1957 | Дел од Франција | ||||||||
1959 | |||||||||
1962 | Не биле членка на КАФ | ||||||||
1963 | |||||||||
1965 | Четврто место | 4. | 3 | 1 | 1 | 1 | 5 | 2 | Состав |
1968 | Групна фаза | 5. | 3 | 1 | 1 | 1 | 5 | 5 | Состав |
1970 | Не се квалификувале | ||||||||
1972 | |||||||||
1974 | |||||||||
1976 | |||||||||
1978 | |||||||||
1980 | Не учествувале | ||||||||
1982 | Не се квалификувале | ||||||||
1984 | |||||||||
1986 | Групна фаза | 5. | 3 | 2 | 0 | 1 | 3 | 1 | Состав |
1988 | Не се квалификувале | ||||||||
1990 | Четврто место | 4. | 5 | 1 | 2 | 2 | 3 | 3 | Состав |
1992 | Четвртфинале | 5. | 3 | 1 | 0 | 2 | 4 | 3 | Состав |
1994 | Четвртфинале | 8. | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 3 | Состав |
1996 | Не се квалификувале | ||||||||
1998 | |||||||||
2000 | Четвртфинале | 7. | 4 | 1 | 1 | 2 | 6 | 6 | Состав |
2002 | Финалист | 2. | 6 | 4 | 2 | 0 | 6 | 1 | Состав |
2004 | Четвртфинале | 6. | 4 | 1 | 2 | 1 | 4 | 2 | Состав |
2006 | Четврто место | 4. | 6 | 2 | 0 | 4 | 7 | 8 | Состав |
2008 | Групна фаза | 12. | 3 | 0 | 2 | 1 | 4 | 6 | Состав |
2010 | Не се квалификувале | ||||||||
2012 | Групна фаза | 13. | 3 | 0 | 0 | 3 | 3 | 6 | Состав |
2013 | Не се квалификувале | ||||||||
2015 | Групна фаза | 9. | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 4 | Состав |
2017 | Четвртфинале | 5. | 4 | 2 | 2 | 0 | 6 | 2 | Состав |
2019 | Финалист | 2. | 7 | 5 | 0 | 2 | 8 | 2 | Состав |
2021 | Шампиони | 1. | 7 | 4 | 3 | 0 | 9 | 2 | Состав |
2023 | To be determined | ||||||||
2025 | |||||||||
Вкупно | 1 титула | 16/33 | 67 | 27 | 17 | 23 | 78 | 56 | — |
Играчи
[уреди | уреди извор]Моментален состав
[уреди | уреди извор]Статистика на играчите
[уреди | уреди извор]Играчи со најмногу настапи
[уреди | уреди извор]Последна промена 18 февруари 2022.
# | Име | Реп. кариера | Настапи | Голови | Позиција |
---|---|---|---|---|---|
1 | Анри Камара | 1998–2008 | 99 | 29 | напаѓач |
2 | Идриса Геј | 2011–денес | 91 | 7 | среден ред |
3 | Роже Менди | 1979–1995 | 87 | 3 | среден ред |
Садио Мане | 2012–денес | 87 | 29 | напаѓач | |
5 | Тони Силва | 1999–2008 | 83 | 0 | голман |
6 | Шеиху Кујате | 2012–денес | 79 | 4 | среден ред |
7 | Жил Боканде | 1979–1993 | 73 | 20 | среден ред |
8 | Ламин Диата | 2000–2008 | 71 | 4 | среден ред |
9 | Ел Хаџи Диуф | 2000–2008 | 70 | 24 | напаѓач |
10 | Папа Буба Диоп | 2001–2008 | 63 | 11 | одбрана |
Играчи со најмногу постигнати голови
[уреди | уреди извор]Последна промена 18 февруари 2022.
# | Име | Реп. кариера | Голови | Настапи | Позиција |
---|---|---|---|---|---|
1 | Садио Мане | 2012–денес | 29 | 87 | напаѓач |
Анри Камара | 1999–2009 | 29 | 99 | напаѓач | |
3 | Ел Хаџи Диуф | 2000–2008 | 24 | 70 | напаѓач |
4 | Мамаду Ниjанг | 2002–2012 | 20 | 54 | напаѓач |
Жил Боканде | 1979–1993 | 20 | 73 | напаѓач | |
6 | Муса Со | 2009–2018 | 18 | 50 | напаѓач |
7 | Папис Сисе | 2009–2015 | 17 | 36 | напаѓач |
8 | Мамаду Диало | 1989–1999 | 15 | 35 | напаѓач |
9 | Муса Конате | 2012– | 12 | 34 | напаѓач |
10 | Сулејман Сане | 1990–1997 | 11 | 23 | напаѓач |
Папа Буба Диоп | 2001–2008 | 11 | 63 | среден ред |
Селектори
[уреди | уреди извор]Селектори низ историјата
[уреди | уреди извор]
|
Моментален тренерски штаб
[уреди | уреди извор]Позиција | Име |
---|---|
Селектор | Алиу Сисе |
Асистент | Жозеф Кото |
Втор Асистент | Наби Траоре |
Тренер на голманите | Тони Силва |
Тимски координатор | Ламин Диата |
Физичка подоготовка | Џибрил Јатар |
Media Officer | Чире Сумаре |
Технички директор | Мајасин Мар |
Тимски доктор | Абдурахман Федиор |
Титули
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Men's Ranking“ (англиски). Архивирано од изворникот на 15 јули 2018. Посетено на 8 април 2021. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Фудбалска репрезентација на Сенегал“ на Ризницата ? |
|