Прејди на содржината

Уна (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уна
Местоположба
Физички особености
УстиеСтражбеничка Планина
Должина207 km
Особености на сливот
Карта

Уна е река во западниот дел на Босна и Херцеговина; во долниот дел на својот тек реката протекува низ Република Српска, а потоа е и гранична река со Хрватска. Уна е десна притока на реката Сава. Нејзиниот басен зафаќа површина од 10,400 км2, а во него живеат околу милион жители.

Извор и слив

[уреди | уреди извор]

Името на реката Уна, е изведен од латинскиот збор уна - единственa. Вкупната должина на реката Уна е околу 212,5 километри и се крева во Лика (Хрватска), во близина на селото Долна Суваја под планината Стражбеница. Се влева во реката Сава, на територијата на Република Српска во близина на Јасеновац и во истат внесува речиси осум милијарди кубни метри вода.

Населени места

[уреди | уреди извор]

Плодна земја и пристапниот терен, се главните причини што по течението на Уна (9368 км2) се населиле над 700.000 жители. Изворот на реката е околу 450 метри надморска височина и потсетува на мало езеро опкружено со варовнички карпи. Извор има статус на заштитениот географски - геолошки споменик на природата. Од малите притоки треба да се издвојат Студен поток, Сребреница, Средица и Лалиновац. Уна тече низ следните градови и села: Мартин Брод, Кулен Вакуф, Ripac, Бихаќ, Крупа на Уна, Босанска Отока, Нови Град, Костајница, Козарска Дубица.

Од поголемите десни притоки треба да се издвојат: Сребреница, Унац, Крусница, Мљецана, Сана. Додекапак од левите: Клокот и Жировц. Во Уна, од нејзниот изворот во Бихаќ, пристигнуваат голем број на подземните води, како и помалите карстни извори. Речниот слив на Уна се наоѓа помеѓу сливовите на реките Купа и Сава во северниот дел, Крка и Зимање на југ, Корана во северозападниот дел, на исток и североисток со басенот на Врбас. Климата долж текот на Уна е континентално-планинска со просечна годишна температура од околу 9,5 °C. За време на сувите летни месеци нивото на водата на Уна е карактеристично ниско, а од ноември до доцна пролет има висок речен водостој.

Во почетниот тек на Уна ги има сите одлики на планинска река и по целиот нејзин пат до Мартин Брод квалитетот на своите води е првата категорија. До Бихаќ Уна тече во динарска насока односно, од југоисток кон северозапад, а потоа реката се врти кон североисток и продолжува по длабоки и широки долини, каде што квалитетот на водата од втора категорија.