Сузана Спасовска
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
- За истоимената писателка видете Сузана В. Спасовска
Сузана Спасовска | ||
Родена | 24 август 1964 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Занимање | фолк пејачка |
Сузана Спасовска (Скопје, 24 август 1964) — македонска музичка ѕвезда која од 80-тите години на XX век ја негува македонската песна и има снимено над 25 самостојни аудио, двд и видео изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и има настапувано на речиси сите фестивали. Нарекувана е „Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“, „наследничка на Васка Илиева“ . Позната е по своите уникатни настапи и кореографии[1].
Почетоците на музичката кариера
[уреди | уреди извор]Спасовска е родена во Скопје на 24 август 1964 година. Уште од дете настапувала во голем број хорски ансамбли и пејачки групи (на 11 години членува во детскиот хор „Развигорче“, солист во пионерскиот дом „Карпош“, Младинскиот хор „25 Мај“... Почетоците на професионалната кариера се поврзани со членување во пејачката група „Сирма“, како и со забавните групи „Калиопи“ и „Макакус“.) Почетоците започнуваат со првите снимки за Продукцијата на МРТВ во '86 и '87, потоа настапот на манифестацијата „Студентско лето '87“ во Маглај, Босна и Херцеговина. Следната година ја објавува првата касета со наслов „Земи ме“, настапува на Фолк Фест Валандово '88 и тогаш нејзината кариера започнува да оди нагоре. Следува првата турнеја во Австралија, Канада, Германија, Шведска... Од тогаш, Сузана забрзано чекори по патот на македонската песна, учествувајќи речиси на сите фестивали и манифестации, освојувајќи високи и значајни награди. [2]Подоцна постигнува извонредна пејачка кариера, изведувајќи неколку стотици народни и авторски фолк песни[3].
Митот за „Сузе Национале“
[уреди | уреди извор]Крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите се мошне значајни за кариерата на Сузана Спасовска. Редовно, тема на разговор се нејзините настапи, сценскиот изглед и вокалната интерпретација. Забележани и значајни се нејзините настапи на Фолк Фест Валандово, кога најмногу од сè, публиката се интересира „Како ќе биде облечена Сузана Спасовска?“ Како најголем хит на овој фестивал во тоа време се издвојува нејзината „Кога љуби мома млада“.
Прва ги воведува високите потпетици и прва се појавува со високи чизми, перики во разни бои и кратки дзолништа. Прва прави револуцијата на македонската сцена и остава впечаток кај публиката после секој настап. Сузана создава креативен печат, изграден врз чувството на иновативност и креативност за комплетен уметник. Тогаш се раѓа Сузе Национале.
Во тој период соработува со најголемите автори и музичари во Македонија. За неа песните ги пишуваат: Хилми Билбил, Мате Грујовски, Димитар Чемков, Љупчо Трајковски-Фис, а најдолго Тодор Трајчевски со кого има остварено долга и значајна соработка. Редовно настапувала на сите фестивали: Валандово, Цветници, Фолк Хит, Гоце Фест, Песна на летото, Охридски трубадури, Интерфест... Незаборавни рефрени кои се врежани во меморијата на публиката од тие фестивали се: Марко, Марко изведена на Цветници, Зошто лажеш и Кога љуби кома млада на Валандово, Чудна судба на Фолк Хит... потоа, „Јас бев твоја робинка“, „Стара мајко“, „Супер пар“... Во нејзин стил, а сепак поразлично од сè претходно, меѓу најпознатите песни е љубовната и веќе легендарна „Ти верував до крај“ изведена на Цветници, која многумина ја нарекуваат Минисимфонија, а со неа дел „открија“ дека Сузана знае да пее.
Во почетокот на деведесеттите објавува два хитовски албума: „Јас бев твоја робинка“ во 1992. и „Стара мајко“ во 1994., кои ги овековечи со солистички концерти во Универзална сала, и тоа: еден по друг во '92 и рекордни четири концерти во '94.
Единствено за неа е напишана театарската претстава „Кој ја уби Сузана Спасовска“, која во тоа време беше изведувана по неколкупати во сите градови. Во 2006 година учествува во претставата „Ќелавата пејачка“.[2]
Има одржано и концерти во Домот на синдикати во Белград, изведувајќи само македонски народни песни, рушејќи ги бариерите и стереотипите за неможноста одржување концерти на пејачи од Македонија во Србија.
Неочекувано за неа е објавувањето на албумот со староградски народни песни во 1996 год., „Староградски бисери“, истакнувајќи го нејзиниот лирски глас. Нејзината оригиналност повторно ја води кон целовечерен концерт во Универзална сала, интерпретирајќи само староградски песни.
Еден од најзначајните настапи во нејзината кариерата е настапот како гостин на прошталниот концерт на легендарната Васка Илиева, по повод „50 години песна“, изведувајќи ја вековната и тешко болната „Судбо моја“. Тогаш, го добива од неа аманетот да продолжи по патот на народната песна и да ја пее насекаде низ светот, па така, кариерата намерно или не, оди по тој пат.
По патот на родољубивата песна
[уреди | уреди извор]До 2000 год., има отпеано неколку песни со патриотска и родољубива тематика кои останаа забележани од тоа време, а најмногу „Земјо моја“ како за крај на стариот милениум. [2]
- Роден крај (1991 / Гоце Фест)
- Судбо македонска (1992 / Гоце Фест)
- Мајка Македонија (1993)
- Земјо моја (1998 / Гоце Фест)
Во 2001. го објавува хитовскиот албум „Бомба“ кој и овој го прави за сечиј вкус. Дводимензионално-песни во модерен фолк ритам и патриотска тематика. На албумот, народот како најголем хит ја издвојува „Гордо Македонијо“ која во тие судбински денови си го наоѓа својот пат. Во тој период се закитува со наградите „Фолк пејач на годината“, „Пејач на деценијата“ и „Спот на годината („Земјо моја)“. Денес, Сузана Спасовска важи за уметник со најмногу отпеани песни за татковината. Меѓу народот важи за пејач на кој му се верува зашто пее достоинствено за Македонија. Па така, Сузана продолжува да чекори по патот на родољубивата песна, учествувајќи на фестивали и настани на кои одбележува и опева значајни ликови, празници, бранители, а најмногу татковината.
Песни со родољубива и патриотска тематика
[уреди | уреди извор]- Гордо Македонијо (2000) - Објавена на албумот „Бомба“ - 2001 год.
- Расти сине (2001)
- Егејска мака (2001)
- Стани Македонијо (2002 / Гоце Фест)
- Навек векуваш, Македонијо (2004 / Тетовски фолк фест)
- Александар цар Македонски (2004)
- Пусти да се тие граници (2005)
- Наша татковино (2005)
- Moјата земја (2005 / Фолк Фест Роса)
- Родно огниште (2005 / Тетовски фолк фест) - Најслушана песна меѓу два фестивала.
- Памти ги мајко јунаците (2009)
- И ние сме деца на Македонија (2010)
- Една е, една Македонија (2011 - Лешочки Фолк Фест)
- Оган да го гори (2011)
- Солун, граде мој (2012 / Гоце фест) - 2 награда од стручното жири
- Земјо македонска (2014)
- Таму долу крај Белото море (2013/2014)
- Има една земја (2015)
- Дома си е дома (2016 / Лешочки фолк фест)
- Земјата на сонцето (2016 / Цветници) - 2 награда
- Древна земја (2017 / Лешочки фолк фест)
- Мајковина (2022 - Лешочки фолк фест)
- Во моето село (2023 - Лешочки фолк фест)
- Народе македонски (2023)
- Туѓа земја (2024 / Лешочки фолк фест)
Посветени песни
[уреди | уреди извор]- Лешочките камбани (2002) - Посветена на Лешочкиот манастир кој бил разурнат и повторно обновен.
- Каде се дванаесетмината (2003) - Посветена на дванаесетмината киднапирани и убиени на Шар Планина во 2001.
- На бисерот бисерите (2007) - За Гоце Николовски, отпеана на Фолк Фест Валандово.
- Послание (2007) - Посветена по повод 40 години автокефалност на Македонската православна црква.
- Тага Балканска (2008) - За Тоше Проески, отпеана на Тетовски фолк фест.
- Градат Мијаци крст до облаци (2008)
- Осум бигори на Македонија (2009) - Посветена на загинатите кај Вејце во 2001.
- Вечнаја памјат, владико Кирил (2013) - Посветена на Владика Кирил.
- Љубов, ах, љубов (2022) - Тестаментална песна од Зафир Хаџиманов, отпеана на Фолк Фест Валандово 2022.
- Во моето село (2023) - Посветена на с. Бељаковце, Кумановско.
Паралелно ја негува и трудовата тематика, па ги изведува композициите: Печалбарска елегија, Празнична, Македонска крвава свадба, Бериќет, а меѓу најголемите хитови се издвојува и веселата „Здравоживо домаќини“, изведена на Фолк Фест Роса 2003.
Во тој период уште еден значаен настап е во Опера Хаус-Сиднеј заедно со Танец, по повод 100 години Илинден. Паралелно настапувала и снимала во Бугарија, и во 2004 год. го објавува заедничкиот албум со Васко Лазаров, „Балканска истина“. Неколкупати има забележано учество на фестивалот за народна музика, „Пирин Фолк Сандански“ добивајќи неколку награди.
Низ кариерата, посветува и композиции за значајни празници кои низ годините стануваат обичајни песни во секој дом... Па така, ги снима и празнува: Божиќна, Песна за Водици, Илинденска, Велигден сè до Спасовден, за подоцна да ги сними и овековечи најубавите и најзначајните православни и црковни химни во проектот „Терирем“.
Има забележани дуети снимени со повеќе пејачи, почнувајќи од Мишко Талески („Верувај во овој живот'',„Навек векуваш Македонијо'',„Прочка'', „Вечнаја памјат владико Кирил'' и др.), Наум Петрески („Животот е многу убав'', Пеј, бистро пеј'', „Невено, Невенке'', „Цветините очи черешови'', ''Лино, моме Лино''), со Ефто Пупиновски („Ќе се женат другари''), со Миле Кузмановски („Што спечаливме'', „Ацано млада невесто“), со Спасен Силјановски („Мерак песна''), гр. Свадбари („Свадбарска''), Борис Чоревски („Печалбарска балада'', „Столетна''), Дарко Нечовски („Бог го има секој клуч''), Новица Василевски и Група Биоритам („Назад, назад, Калино моме'', „Девојко мори убава"), Група Академци („Петка, глава“), Оливер Додев („Имала мајка рани две“), како и уметникот од Бугарија - Васко Лазаров („Балканска вистина“, снимена и на бугарски јазик-Балканска истина“, „Терзиче младо'', „Еден е животот'', „Пусти да се тие граници'')...
Низ неколкудецениската кариера, Сузана успешно на Македонија ѝ дава композиции кои оставаат белег и се познати кај народот, а особено се впечатливи и забележани оние отпеани на Лешочкиот фестивал последните десетина година. „Една е, една Македонија“, „Древна земја“, „Мајковина“, „Во моето село“, но ја опева и судбината на секој Македонец преку песните „Дома си е дома“ и можеби најреалната, „Туѓа земја.“ Па така, Сузана се смета за уметник со најмногу отпеани песни за татковината. [4]
Во нејзината музичка биографија се и запишани дел од најважните награди како единствен уметник на кој му се доделени.
ЕТНО ГРАД - КРУШЕВО 26.07.2012 - Национална установа-Историски музеј, Крушево ѝ додели Плакета за особен придонес и афирмација на традиционалниот македонски мелос и фолклор.
02.08.2012 ТРНОВО - Матица на иселеници од Македонија ѝ додели признание и плакета за заслуги за Македонија за особен придонес во заштитата на духовното културно наследство и ширење на македонската традиционална песна во дијаспората.
Во 2019. година добива Награда за животно дело од Радио Роса на Фолк Фест Роса, а во 2023. година се закитува со Признание за животно достигнување на првото издание на Фолк вечер на популарноста во Кочани.[5] Но, и најважната награда за секој уметник, Македонец, човек кој создава, е Титулата Македонски сенатор кој ја додели Светскиот македонски конгрес на јубилејниот концерт во 2016 год. Па така, може да се каже дека Сузана важи за уметник со најголем број добиени награди, признанија, заслуги и аплаузи во повеќедецениското постоење на сцената.[2]
Јубилеен концерт „30 години Музика, Сцена, За Македонија“ (2016 год.)
[уреди | уреди извор]Првиот дел од концертот беше наменет за потсетување на нејзините безвременски хитови од почетокот на кариерата: „Кога љуби мома млада, „Марко Марко“, „Стара мајко“, „Личен Дејан“...
„Т’га за југ“, арија од Пучини, песна на кинески јазик... Со совршена леснотија во својата изведба, Сузана Спасовска им ги подари овие музички изненадувања, поразлични од нејзиниот вообичаен репертоар, на сите оние што дојдоа на нејзиниот јубилеен концерт, што се одржа на 4 март, во салонот на МОБ. За трите децении на македонската естрада, колку што Сузе национале ги одбележа со овој концерт, насловен како „30 години сцена, музика, заМакедонија“, дури и оние што се резервирани кон нејзината фолк-определба, не посакаа да ѝ ги оспорат гласовните капацитети на музичка примадона.
Сузе национале, епитет кој ѝ чест што го носи, ја делеше сцената со нејзините пријатели и колеги и ги испеа сите најголеми хитови. Имаше многу аплаузи, солзи, емоции, награди и други бројни изненадувања.
Заедно беа изведени народните песни „Параходот, Судбо моја, Назад, назад Калино моме'' во заендичка изведба со машкиот хор на Танец, како и “Т'га за југ“ на крајот од музичкиот блок.
Концерт на Спасовска започна со нејзините песни, кои беа хитови од нејзината рана фаза, крајот на осумдесеттите и деведесеттите години: „Кога љуби мома млада“, „Зошто лажеш зошто мамиш“, „Марко, Марко“, „Стара мајко“, „Личен Дејан“ и др. Вистинската моќ на „голиот“ глас на славеничката, во придружба на само еден инструмент, гитара, првпат се покажа во вториот дел од концертот, со песната „Стојане, сто те убиле“. Потоа, со секоја песна само се потврдуваше впечатокот и се надградуваше концертното доживување. Нејзиниот ѕвонлив, силен, пробивен, но истовремено нежен глас, се вивна во невидени височини, но допре и до најдлабоките катчиња на душите на сите во салата. Таа во придружба на виолината на Зоран Џорлев продолжи со „Параходот ми пристигна“ од дуетското цд „Виолина и глас“, „Јано севдалино“, „Судбо моја“ и дуетот со машката пејачка група од „Танец“ на песната „Назад Калино моме“. Како гости на концерот се појавија хармоникашите и композитори Тодор Трајчевски, со заедничка изведба на „Ти верував до крај“, со Гоце Џуклески, “Пеј, играј со мене“, како и Милан Завков со песната „Засвири една наша Милане“. Големо изненадување за публиката во овој блок беше изведбата на „Т'га за југ“, што го заокружи блокот за заедничкото цд со Зоран Џорлев, а потоа и оперската арија од Пучини и народната кинеска песна, на која се придружи нејзиниот професор по кинески јазик. Публиката со големи овации ја придружуваше и заедничката изведба на „Македонско девојче.“
Во третиот дел од концерт, кој Сузе го најави како дел за провеселување, беа изведени композиции кои низ годините беа хитови, а некои од нив се се' уште. Има ли некој кој не се сеќава на песните во периодот од 1998 до 2003 г.? Како такви беа испеани: „Гордо Македонијо“, „Песно развесели ме“, „Супер пар“, „Робинка“, „Навек Векуваш Македонијо“ со Мишко Талески... Но големо изненадување за публиката беше сплетот од безвременските песни како „Бомба“, „Ај со среќа денот“, за да финалето на концертот се случи со безвременкиот хит „Џингрлака џикицак“, неизбежен елемент за весела атмосфера насекаде. По сплетот од весели рефрени, кога Сузе на нозе ја крена цела сала, концертот заврши со песната на легендарната Васка Илиева, која токму Сузе Национале ја прогласи за своја наследничка - „Земјо Македонска“, заедно со сите кои беа дел од овој јубилеј.
Едноставно, од сите аспекти си ја потврди „титулата“ - Национале. По вториот дел од концертот ѝ беа доделени неколку награди и признанија од целиот свет, но се закити и со најголемата награда, „Македонски сенатор“, која ја додели македонското друштво од Австралија. Пред сите присутн доделувачот на наградата рече дека нашинците ја очекуваат на летната турнеја во Австралија, каде што ќе продолжи да го слави јубилејот. Народот потврди дека Сузе мора да прави концерт секоја година, без да прескокнува. Заслужено.
Доделени награди и признанија на јубилејниот концерт
[уреди | уреди извор]- Плакета Македонски Сенатор - Највисоко семакедонско признание доделено од Светскиот македонски конгрес по повод триесетгодишниот јубилеј на македонската сцена.
- Признание за заштита и афирмација на македонската сцена - додели Роса Продукција
- Признание за трајни вредности во македонската музика - додели Сојузот на децата Бегалци на Македонците од егејскиот дел на Македонија.
- Благодарница за придонес во афирмација на кинескиот јазик и култура во Република Македонија - додели Институтот Конфуциј при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
- Благодарница за активно учество во програмите на друштвото - додели Друштвото за кинеско-македонско пријателство.
- Признание за особен придонес за чување и негување на македонското црковно и духовно наследство и христијанските вредности - додели Куманосвско-осоговска епархија при Македонска православна црква.
- Признание за штедрото помагање на Македонската православна црква и особен придонес во афирмација на православната вера и култура - додели Тетовско-гостиварска епархија при Македонска православна црква-Охридска архиепископија
Дискографија
[уреди | уреди извор]Сузана Спасовска гостувалa речиси низ целиот свет: САД, Канада, Европа, Австралија, а имала и настапи на врвни светски сцени, како: Ватрослав Лисински - Загреб, Дом на синдикати - Белград, Цанкарјев дом - Љубљана, Брукс центар - Мелбурн, Опера хаус - Сиднеј, Пекинг-Кина и др. Почнувајќи од 1986 до 2024 година, таа има издадено повеќе од 21 албум, промотивни проекти, меѓу кои и неколку двд и видео изданија.
Солистички албуми
[уреди | уреди извор]- (1988) Земи ме- со оркестарот Урнебес: „Дојди пиле љубено“,„ Ах мил, убав мој“, „Земи ме“, „Води ме во рај“, „Не сум ти кукла“, „Не ти верувам“, „Младост остани“, „Од твојте очи“, „Илија момче сојлија“, „Јас те чекам“, „Една насмевка“.
- (1992) Јас бев твоја робинка : „Јас бев твоја робинка“, „Грешно вљубени', „Пари, пари“, „Мандолини и гитари“, „Ќе го љубам довека“, „Што ми фали“, „Чувај се мој војнику“, „Не ме сонувај“, „Свадба убава“, „Ајде Душко Кажи ми“.
- (1994) Стара мајко : „Џаро ми е драг“, „Стара мајко“, „Си имам јадови“, „Казни ја Боже“, „Ти, ти“, „Бегај ѓаволе“, „Супер пар“, „Нема да дозволам“, „Ако сакаш љуби ме“.
- (1996) Македонски бисери (изворни песни): „Не виткај се Софче“, „Параходот ми пристигна“,„Билбил пее“ „Бор садила мома Евгенија“, „Со маки сум се родила“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Пилето ми пее“,„Јано мори“, „Судбо моја“, „Благуно дејче (дует со Пепи Бафтировски)“
- (1998) Песно, развесели ме : „Песно развесели ме“, „Ти си ми по мерак“, „Не е штос“, „Личен Дејан“, „Добар чочек пари вреди“, „Фалбаџијо“, „Плати ми“, „Гори срце, гори“, „Не ми треба богатство“,„Отров ти е душата“+екстра хит „Џингрлака Џикица“ (во втората верзија на касетата, 1999 г.)
- (2001) Бомба : „Бомба“, „Миле, Миле“, „Ај со среќа денот“, „Аман, аман“, „Среќен роденден“, „Чоколада“, „Гордо Македонијо“, „Расти сине“, „Егејска мака“,„Земјо моја“, „Стара мајко“.
- (2005) Здравоживо домаќини : „Здравоживо домаќини“, „Две лози“, „За нас“, Зумба, зумба“, „Дај ја сметката“, „Јас те сакам“, „Од љубов не се бега“, „Животот е многу убав“, „Ако душо, ако“, „Младо Охриѓанче“, „Засвири една наша“, „Стојане сто те убиле“, „Отров ти е душата“, „Грешно вљубени“, „Печалбарска балада“.
- (2005) Песни за татковината (2005) - Двојно цд со Здравоживо домаќини: „Столетна“, „Навек векуваш Македонијо-дует со М.Т“, „Александар цар Македонски“, „Стани Македонијо“, „Пусти да се тие граници“, „Лешочките камбани“, „Каде се дванаесетмината“, „Егејска мака“, „Наша татковино“, „Бошја реч“, „Гордо Македонијо“, „Расти сине“, „Пеј, бистро пеј-дует со Н.П.“, „Земјо моја“.
- (2008) Празнична : „Празнична“, „Вино му се пие“, „Бериќет“, „Илинденска“, „Ќе се женат другари-дует со Е.П.“, „Родно огниште“, „Низ корија зелена“, „Митра низ двори шеташе“, „Китуше, Митуше-дует со гр.Бекрии“, „Жилче, доме мој“, „Саде ти се чудам Цвето“, „Младост“, „Љубов“, „Урнебес“, „Прочка-дует со М.Т.“.
- (2013) Сполај ти, Боже двојно цд: „Заради децата“, „Градат Мијаци крсто до облаци“, „Печалбарска елегија“, „Сполај ти Боже“, „Еден е животот-дует со В.Л.“, „Велигден дојде“, „Денес ми е роденден“, „Оган да го гори“, „Една е, една Македонија“, „Мерак песна-дует со С.Сиљановски.“, „Осум бигори на Македонија“, „Свадбарска-дует со гр. До Ре Ми“, „Велигден сè до Спасовден“, „Божиќна“, „Те љубам“.
- (2013) Македонски бисери 2 (народни песни)- Двојно цд со „Сполај ти Боже“: „Ој Јоване“, „С каменички флат мамо“, „По друм одам мајче“, „Белите манастири“, „Виното и песната“, „Сношти појдов мила мамо“, „Пушко ле, пушко“, „Внуците на Гоце“, „Ој девојче, ран бел мој“, „Море сокол пие“, „Што имала к'смет Стамена“, „Сестра кни брата на вечера“, „Таму долу крај Белото Море“, „Македонки билбилјанки“, „Калино моме“.
- (2014) Македонски бисери 3 - народни песни: „Земјо Македонска“, Петро ле, пиле шарено“, „Три години стана“, „Мори сваќе, сваќе“, „Таму долу крај Белото Море“, „Остана Ратка млада удовица“, „Болен лежи млад Стојан“, „Ајде да си речеме една песна“, „Македонско девојче“, „И ние сме деца на Македонија“.
- (2017) Спомени - BoxSet со 3 цд - ЦД1/ Ти верувај до крај, ЦД2/ Кој пее зло не мисли, ЦД3/ Кога љуби мома млада (Изд. Сузана Спасовска / Југотон Рекордс)
- (2017) Земјата на сонцето - BoxSet со 3 цд - ЦД1/ Мојата земја, ЦД2/ Божја реч, ЦД3/ Ден да се памети (Изд. Сузана Спасовска / Југотон Рекордс)
- (2001-2022) Приказна - Јубилеен проект по повод 35 години на сцената. Изданието се состои од албум-цд, усб клуч, усб касета и касета. (Изд. Сузана Спасовска / самостојно издание)
- (2023) Терирем - Православни и црковни песнопеења (Изд. Сузана Спасовска / самостојно издание)
- (2023) Судбо моја - етно (Изд. Сузана Спасовска / самостојно издание)
Дуетски албуми
[уреди | уреди извор]18. (2004) Балканска истина (албум со Васко Лазаров, издаден за Бугарски пазар): „Високи чардаци-В.Л.“, „Здравоживо домаќини-С.С.“, „Кирчо на чардак-В.Л.“, „Засвири една наша-С.С.“, „Като Лена-В.Л.“, „Сватба убава-В.Л.“, „Маико-В.Л.“, „Билбил пее-С.С.“, „Балканска истина (дует)“.
19. (2008) Македонске народне пјесме - Дует Бакрдан издаден за Хрватскиот пазар: „Смилјана“, „Македонско девојче“, „Сношти појдов мила мамо“, „Невесто мори убава“, „Ој девојче, ран бел мој“, „Ацано млада невесто“, „Там дека има високи чардаци“, „Каде се чуло видело“, „Билјана платно белеше“.
20. (2013) Тоа сме ние - Авторски албум на Гоце Џуклески: „Тоа сме ние“, „Денес ми е роденден“, „Во срцево те насликав“, „Нека памети“, „Новогодишна снегулка“, „Пеј, играј со мене“, „Валцер за младенците“, „Песна за Водици“.
21. (2013) Виолина и глас - со Зоран Џорлев (изворни песни, снимени со виолина и гласот на С. Спасовска): „Те видов и се заљубив“, „Налеј, налеј“, „По друм одам мајче“, „Ајде брала мома“, Жали Горо“, „Параходот ми пристигна“, „Градел Илија манастир“, „Црна се чума зададе“, „Сношти појдв, мила мамо“, „Т'га за југ“.
Видео проекти
[уреди | уреди извор]22. (1993) Сузана - Видео касета од промотивниот концерт во Универзална сала по објавување на касетата „Јас бев твоја робинка“.
23. (1997) Македонски бисери (Изд.Сенатор рекордс, Битола)
24. (2006) Здравоживо домаќини (Изд.Сенатор рекордс, Битола)
25. (2008) Македонски бисери - народни песни (Изд. VVD Руичев / ТВ Родина, Бугарија)
26. (2016) 30 години музика, сцена, за Македонија DVD - јубилеен концерт одржан на 4. март 2016 во МОБ по повод 30 години на сцената. (Издавач на прво изд. Сенатор рекордс, Битола / Второ самостојно издание - Сузана Спасовска)
27. (2017) Солзана - Промотивен албум со аудио и двд издание. (Изд. Сузана Спасовска / самостојно издание)
Учество на други аудио-проекти
[уреди | уреди извор]- (2006) Антологија на македонската чалгија - 32 песни. Учествуваат: Наум Петрески, Виолета Томовска, Душко Георгиевски, Виданка Георгиевска, Круме Спасовски...
- (2003) Танец – родољубиви песни
- (2004) Имала мајка рани две - албум на Оливер Додев - дуетска песна
- (2004) Од љубов не се бега – Танец и пријателите
- (2009) Албум „Исправи се Македонијо“ – 2 дуетски песни со Миле Кузмановски
- (2009) Авторски опус – авторско цд на Гоце Џуклески – 1 песна
- (2011) Езерска прошетка – авторско цд на Гоце Џуклески - 1 песна
- (2015) Проект „Непокор“ - револуционерни песни - 1 песна (Леле, Јано)
- (2015) Балади и валцери – авторско цд на Гоце Џуклески - 5 песни
- (2017) Балади за вечна љубов – авторско цд на Гоце Џуклески – 3 песни
- (2023) Проект со патриотска музика „Македонијо, во срце те носиме“ – 1 песна („Народе македонски“)
- Разни компилациски изданија со фолк хитови објавени од Сенатор Рекордс / Мјузик, Битола
Музички емисии за Архивата на МРТ
[уреди | уреди извор]- Мал концерт со Сузана Спасовска (МРТ, Архива - 1989 / Промоција на првата касета „Земи ме“)
- Ден да се памети (МРТ, Архива - 2001 / Емисија со снимени спотови во Продукција на МРТ)
- Меракот, песната (МРТ - 2008)
- Минути со... (МРТ, Архива - 2013 / Промоција на албумот „Македонски бисери 2“)
- Музиката, мојот живот (МРТ - 2018)
- Пејачи и песни - портретна емисија (МРТ - 2021)
Спасовска истовремено работела како Директор во нејзината матична продукција „С Национале’’, основана во 2010 година. Ги има реализирано концертите: 10 години од смртта на Васка Илиева, насловен како „Земјо Македонска’’ во 2011 година; „Македонско име нема да загине’’ во 2011 година; Концертот во чест на Секула Пупиновски во 2012 година; Етно фест „Три Круши ’’ во 2010, 2011 и 2012 година; снимен еден циклус на музичката емисија „Здравоживо домаќини’’. Илинденски Етно Фест 2013, 2014. Таа 15 години е директор на Лешочки Фолк Фест.
Во организација на „Роса продукција“, на 4 март 2016 година, Спасовска одржа голем јубилеен концерт по повод 30 години од нејзината музичка кариера, насловен како „30 години Музика, Сцена, За Македонија“.
Од 2013 год. Сузана Спасовска е вработена во Танец како солист-првенец, редовен учесник на сите настани, концерти и турнеи на националниот ансамбл. Со тоа, Сузана остава трага и во изведбата на народното творештво изведувајќи народни подзаборавени песни. Дел од машкиот кор на Танец беа гости на јубилејниот концерт на Сузана во 2016 год.
Концерти и значајни настани
[уреди | уреди извор]- (1992) Солистички концерт во Универзална сала-Скопје / 2 концерти еден по друг.
- (1992) Учество на Канбера фест (композиција: Плати ми)
- (1994) Солистички концерт во Универзална сала-Скопје / 4 концерти еден по друг.
- (1994) Солистички концерти во Домот на Синдикати - Белград / 2 концерти еден по друг
- (1996) Солистички концерт со традиционални македонски песни во Универзална Сала.
- Гостин на солистичките концерти на Ѓоко Дончев, Драган Вучиќ, Круме Спасовски, Васка Илиева, Леб и Сол, Миле Кузмановски, Гоце Џуклески, Јордан Митев...
- Учество на сите хуманитарни акции на МПЦ.
- (2000) Специјален гостин на последниот концерт на Васка Илиева во Универзална сала, на кој ја назначува за Наследничка на македонската народна песна.
- Учество на Пирин Фолк Сандански-Бугарија (2001, 2003, 2010)
- Концерти во најголемите концертни сали во Австралија заедно со естрадни уметници и друштва.
- (2003) Настап во Опера хаус-Сиднеј по повод 100 години Илинден.
- Специјален гостин на настапи, концерти и турнеи на Танец повеќе од 10 години, до 2014 год.
- Специјален гостин на концерт на ARA MUSIC во Софија, Бугарија.
- (2007) Настап на Фолк Фест Валандово во ревијален дел со композиција посветена на Гоце Николовски.
- (2008) Специјален гостин на концертот на Леб и Сол во Метрополис арена, со композицијата „Ајде сонце, зајде“ / (2013) Гостин на „Денови на македонската музика“ заедно со Македонска филхармонија и Леб и Сол.
- (2011) Концерт по повод 10 години од смртта на Васка Илиева - МОБ, Скопје
- Редовен учесник и специјален гостин на сите настани и манифестации на Кинеското друштво во Македонија и Институтот Конфуциј-Скопје, интерпретирајќи подеднакво македонски и кинески песни.
- (2011) Настап и посета на Македонците во Корча, Албанија.
- Долгогодишни настапи на државни и верски празници во организација на МПЦ.
- Учество на иселенички средби низ цела Македонија.
- (2013) Настап во Егејскиот дел на Македонија со целовечерен концерт, исклучиво со македонски песни.
- (2014) Концерт „Виолина и глас“, со Зоран Џорлев - МНТ, Скопје
- (2016) Јубилеен концерт по повод 30 години јубилеј - МОБ, Скопје
- (2016/2017) Настап со Танец во Пекинг, Кина.
- (2023-2024) Проект „Македонијо, во срце те носиме“. Композиција: „Народе македонски“. Турнеја низ сите градови во Македонија. Швајцарија-февруари, 2024.
- Чест гостин на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ и „Етно град Крушево“, самостојно и со Танец.
Интернационални турнеи
[уреди | уреди извор]- 2 посети во Кина / 2 турнеи во Канада / 2 турнеи во САД / 21 турнеја во Австралија
- Концерти во Германија, Швајцарија, Италија, Белгија, Франција, Шведска, Бугарија, Словенија, Албанија, Хрватска и Србија
- Учество на турнејата „Бисер балкански“ во Македонија, Канада и Австралија.
- „Македонска музичка експедиција“ - Двонеделна турнеја во Австралија (2016). Учесници: Благоја Грујовски, Милица Кузмановска и Ибуш Ибраимовски.
- Турнеја низ Македонија и Швајцарија како дел од проектот „Македонијо, во срце те носиме“, во организација на продукција Скендеровски (2023-2024)
- Концертна турнеја како солист-првенец, дел од НА за игри и песни „Танец“ во Црна Гора, Словенија, Хрватска и Босна (септември, 2024)
Видеографија
[уреди | уреди извор]Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Албум: Македонски бисери
|
1997 | Сенатор Рекордс |
Да се памти овој ден | 2001 | МТВ |
Гордо Македонијо | 2001 | МТВ |
Земјо моја | 2001 | МТВ |
Стојане сто те убиле | 2001 | МТВ |
Печалбарска балада | 2001 | МТВ |
Опомена | 2001 | МТВ |
Верувај во овој живот | 2001 | МТВ |
Подај рака | 2001 | МТВ |
Расти сине | 2001 | МТВ |
Те љубам | 2002 | МТВ |
Божја реч | 2002 | МТВ |
Стани Македонијо | 2002 | МТВ |
Ај со среќа денот | 2002 | МТВ |
Дај ја сметката | 2002 | МТВ |
Грешно вљубени | 2003 | Видео Бокс Продукција |
Верувај во овој живот | 2003 | |
Лешочките камбани | 2003 | |
Здравоживо домаќини | 2003 | - |
Китуше Митуше | 2005 | - |
Божиќна | 2006 | |
Митра низ двори шеташе | 2006 | |
Саде ти се чудам Цвето | 2008 | ТВ Родина |
Промотивно ДВД „Празнична“
|
2008 | Тв Морис, Охрид |
Сон сум сонил | 2009 | - |
Еден е животот | 2010 | ТВ Родина |
Терзиче младо | 2010 | ТВ Родина |
|
2011 | С Национале |
Едно мирно топло лето | 2014 | Томато Продукција |
Тагувам со насмевка | 2015 | Фабрика Продукција |
Лажи ме | 2015 | - |
Има една земја | 2015 | - |
Спомени | 2016 | Фабрика Продукција |
Велигден се’ до Спасовден | 2017 | MТВ |
Проект „Солзана“
-Македонска митологија
|
2017 | ИН Продукција, Охрид |
Рамо за плачење | 2018 | Фабрика Продукција |
Девојко мори убава | 2018 | Миле Грозданоски |
Со тебе имам се’ | 2018 | Фабрика Продукција |
Ти верував до крај | 2021 | МТВ |
Рибарот мој | 2021 | МТВ |
Среќо мајкина | 2021 | МТВ |
Народе Македонски | 2023 | Скендеровски Продукција |
Проект „Терирем“ - црковни и
православни песнопеења 1.Спаси ни, сине Божји 2. Да исправитсја молитва моја 3. Господи помилуј 4. Тебе поем 5. Кресту твоему 6. Свјатиј Боже 7. Стихири на Пасха 8. Тропар на Свети Никола 9. Терирем 10. Елици во Христа 11. Тропар на Света Петка Римјанка 12. Господи помилуја 13. Достојно Ест 14. Богородице Дево 15. Катавасии на Рождество Христово 16. Света Дево Владичице |
2024 | Арт Студио |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Леди Гага ме копира“. Вест. Посетено на 2010-03-28.[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „БИОГРАФИЈА“. Сузана Спасовска - Suzana Spasovska. 2018-08-15. Посетено на 2024-07-23.
- ↑ Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - ↑ „Сузана Спасовска - Фестивалски настапи“. YouTube. Посетено на 2024-09-21.
- ↑ „Признанија за животни достигнувања за Наум Петрески и Сузана Спасовска!“. Фокус (англиски). 2023-04-27. Посетено на 2024-09-21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сузана Спасовска на YouTube
- Сузана Спасовска на Facebook - Фан страна
- Податоци за изданија Архивирано на 12 април 2020 г. евидентирани од ВБУ Музички Регистар.
„Сузана Спасовска“ на Ризницата ? |
https://www.youtube.com/playlist?list=PLsCOSfJA3vG8cFmBMN7btn5qI3zq6eiZG[1]
- ↑ Спасовска, Сузана (2.6.2024). „2024 - Видео проект ТЕРИРЕМ“. YouTube. Посетено на 2024-08-03. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)