Сончоглед
Сончоглед | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Штитовидни |
Семејство: | Главоцветни |
Потсемејство: | Сончогледи |
Род: | Сончоглед |
Научен назив | |
Helianthus annuus L. |
Надворешни определници за Сончоглед | |
---|---|
NCBI-таксономија | 4232 |
ITIS | 36616 |
Енциклопедија на живиот свет | 468106 |
uBio NameBank | 656731 |
Воедно и на: Викивидови |
Сончогледот (науч. Helianthus annuus) е едногодишно растение од семејството на штитоцветните кое потекнува од Америка. Името му потекнува од големите цветови, чиј облик е слична на сонце, но и поради навиката да се врти кон сонцето во склад со неговото движење по небото.
Потекло
[уреди | уреди извор]Сончогледот потекнува од југозападниот дел на Америка, Перу и Мексико. Постојат податоци дека сончогледот се одгледувал пред 3.000 година од страна на северноамериканските индијанаци, кои ги мелеле семките во брашно и ги додавале во лебот со што правеле и масло од сончоглед.
Маите го почитувале сончогледот како симбол на светлината и плодноста. Исто така правеле чај од лутица и ги јаделе семките.
Во почеткот на 16.век мисионсри го пренеле од Америка во Европа и веќе во 17. век неговото одгледување се проширило по цела Европа.
Одгледување и распространетост
[уреди | уреди извор]Сончогледот спаѓа во индустриските култури во земјоделството, поточно во маслодајни култури, поради тоа што неговата употреба во најголем дел е преку индустриската обработка на семките од кои се произведува сончогледово масло кое е едно од најраспространетите рафинирани масла за јадење. Сончогледот најмногу се одгледува во Русија, Франција, Германија каде започнал да се одгледува во текот на Втората светска војна, ширум Јужна Европа, САД. Сончоглед се одгледува и во Македонија и тоа највеќе е застапен во Пелагонија, Повардарието, Струмичко, Штипско, како и во Скопско и Полог.
Сончогледот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Сончоглед“ — песна на Андре Бретон.[1]
- „И сончогледите спијат“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[2]
- „Сончогледи“ — поема на македонскиот поет Анте Поповски.[3]
- „Сончогледи“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[4]
- „Еден ден ќе ти купам вреќа сончоглед“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Сончогледи во Пелагонија.
-
Сончогледи во Пелагонија.
-
Сончогледи во Пелагонија.
-
Сончогледи во Пелагонија.
-
Сончогледи во Пелагонија.
-
Сончогледи во Пелагонија.
-
Сончогледи во Пелагонија.
-
Сончогледи во Пелагонија
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сончоглед (Helianthus annuus) на Викивидовите ?
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 38-39.
- ↑ Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 34-35.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 149-152.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 35.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 439-440.
Оваа статија од областа на ботаниката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија поврзана со земјоделството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|