Прејди на содржината

Сони Петровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сони Петровски
Роден 4 јануари 1977
Сиднеј, Австралија Австралија
Занимање композитор и универзитетски професор

Сони Петровски (Сиднеј, Австралија, 4 јануари 1977) е композитор, диригент и универзитески професор.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Петровски е роден на 4 јануари1977 година во Сиднеј, Австралија. Средно музичко училиште завршил во Битола, а дипломирал на одделот по композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Гоце Коларовски. Посетувал семинари кај реномирани композитори во Македонија и странство, меѓу кои: Brian Fernheyhough, Krzystof Meyer, Faradj Karaev, John Woolrich, Pierre Allain Jaffrennou, Eric Gaudibert и други. Од 2001 година работи на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Бил уметнички директор на фестивалот „Денови на македонска музика“. 1998 до 2006 година бил основач и уметнички раководител на Ансамблот за современа музика „Алеа“ со кој остварил бројни настапи во Македонија и странство, промовирајќи ја современата македонска и светска музика. Во 2009 е добитник на наградата „Панче Пешев“ за композицијата „Зодијак“[1] доделена од Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ. Во 2012 бил избран за Претседател на СОКОМ.[2]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Автор е на повеќе од 70 оригинални композиции и обработки во речиси сите жанрови. Операта „Леандар и Косара“, симфониски, концертантни, камерни, вокални, хорски и солистички дела. Автор е на повеќе нумери од албумот „Божилак“ на Тоше Проески како и 30-тина оркестрации на неговите песни изведувани ширум Балканот. Неговите дела се изведувани во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Словенија, Франција, Унгарија, Австрија, Италија, Германија, Новрешка, Полска, Русија, Украина, Данска, Холандија, Велика Британија, Нов Зеланд, Канада. Неговите дела се издадени на носачи на звук од СОКОМ, Музичка младина на Македонија, Трио Интерарт, City Records, Hit Records, Hi-Fi Centar.

  1. „„Зодијак" на Сони Петровски ја отвора „Денови на македонска музика". Утрински Весник. 18 март 2009, 18:37. Посетено на 2012-05-05. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Сони Петровски на чело на СОКОМ“. Плус инфо. 5 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-06. Посетено на 2012-05-05.
  1. Реден број во список

„Зодијак“ на Сони Петровски ја воодушеви публиката, Утрински весник, 20 март 2009 (на македонски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]