Серхио Енао
Енао во 2016 година | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Серхио Луис Енао Монтоја | ||
Прекар | Ел Венао (El Venao)[1] | ||
Роден | 10 декември 1987 Рионегро, Колумбија | ||
Висина | 1,73 м | ||
Маса | 61 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | ОАЕ Тим Емирати | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
2006 2010 | Оргулјо Паиса Индепортес Антиоквија | ||
Професионални клубови | |||
2007–2009 2011 2012–2018 2019- | Колумбија ес Пасион Гобернасион де Антиокија-Индепортес Антиокија Тим Скај ОАЕ Тим Емирати | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 14 мај 2019 |
Серхио Луис Енао Монтоја (шпански: Sergio Luis Henao Montoya; р. 10 декември 1987) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[2]
Ран живот
[уреди | уреди извор]Енао е роден во Рионегро во 1987 година, истата година, кога колумбискиот возач Лучо Ерера ја освоил Вуелта а Еспања.
Кариера
[уреди | уреди извор]Рани години
[уреди | уреди извор]Во 2005, Енао освоил две етапи на јуниорската трка Вуелта дел Порвенир и завршил втор во генералниот пласман зад Ригоберто Уран. Исто така, завршил втор во и на јуниорската Вуелта а Венецуела. Во текот на 2006, собрал бројни генерални пласман и победил на Класик Норте де Сантандер. во 2007, се придружил на екипата Колумбија ес Пасион и започнал да вози надвор од Јужна Америка. Тој бил 15. во генералниот пласман на Вуелта а Комунидад де Мадрид, две етапи на венецуелската трка Класико Сиклистико Банфоандес и втор во крајниот пласман на Норте де Сантандер. Со само 20 години, завршил трет во генералниот пласман на Вуелта а Антиоквија, неговата домашна трка и трет на колумбиското државно првенство во хронометар за под 23 години.
Во 2008, ја освоил верзијата за до 23 години на Вуелта а Колумбија, освојувајќи две етапи на трката; две години подоцна го повторил успехот на главната трка, освојувајќи две етапи и генералниот пласман. Во 2011, на една од последните негови трки пред да се пресели во Европа, го освоил воведниот пролог на Трката околу Јута и потоа го зголемил неговото водство на првата етапа, кога бил вклучен во бегството од пет членови, заедно со Леви Лајпхајмер.
2012
[уреди | уреди извор]Во 2012, го направил неговото европско деби, придружувајќи му се на неговиот сонародник и пријател Ригоберто Уран во Тим Скај, откако потпишал двегодишен договор.[3][4] Енао завршил 13. на крај на Трката околу Баскија во април и исто така возел на арденските класици, забележувајќи 14. место на Флеш Валон, 21. место на Амстел Голд и 29. на Лиеж-Бастон-Лиеж.
Во мај, Енао бил избран во составот на Тим Скај за Џиро д’Италија. Тој се покажал со силна форма на неговиот прв Гранд Тур, каде на две етапи завршил во првите десет (4. на етапата 15 и 9. на етапата 20); исто така ја носел и белата маичка за најдобар млад возач два дена, преземајќи ја маичката и повторно губејќи ја од неговиот колега и крајниот победник Ригоберто Уран. Енао имал исклучително добар хронометар, со што се поместил за две места во генералниот пласман на деветтото место и втор во пласманот за млад возач. По Џиро, Енао возел на Трката околу Полска, каде завршил трет во генералниот пласман по завршувањето втор на етапата 6. Ја претставувал Колумбија на олимписката друмска трка и завршил 16. место. Завршил втор во генералниот пласман на Вуелта а Бургос. Исто така, Енао возел на Вуелта а Еспања како поддршка на Крис Фрум и завршил 14. во генералниот пласман. Потоа учествувал на Светските друмски првенства UCI, завршувајќи деветти на друмската трка. Енао ја заокружил импресивната сезона со петтото место на Џиро ди Ломбардија.
2013
[уреди | уреди извор]Сезоната 2013 за Енао започнала на трките во Мајорка, каде завршил втор на Трофео Сера де Трамунтана и деветти на Трофео Платха де Муро. Потоа, возел на Волта ао Алгарве и ја освоил третата етапа, со што првпат освоил победа во боите на Скај. На Трката околу Баскија, Енао повторно дошол до победа, освојувајќи ја третата етапа. Победата му го донела водството во обата пласмана, генералниот и бодовниот, кое го одржувал до етапата 5. Меѓутоа, Енао не можел да го задржи своето водство на последната хронометарска етапа, но сепак успеал да се задржи на подиумот освојувајќи го третото место во генералниот пласман зад Наиро Кинтана од Мовистар Тим и колегата Ричи Порт.
2014
[уреди | уреди извор]За сезоната 2014, на Енао во Тим Скај му се приклучил и неговиот братучед Себастијан Енао.[5]
Во март 2014, Тим Скај објавил дека ќе го повлечат Енао од распоредот на трките во следниве осум недели откако се подигнале прашања за резултатите за тестот земен надвор од сезоната откако се вратил во Рионегро во октомври 2013 за зимата. Главниот на Тим Скај Дејв Брејлсдорф изјавил дека способноста на екипата да ги толкува резултатите на Енао била попречена од недостигот на истражувања за физиологијата на големи височини и екипата ќе набави независно истражување за случајот.[6][7] Подоцна во јуни 2014 година, екипата објавила дека истражувањето, спроведено од Шефилдскиот универзитет во соработка со колумбиската антидопинг агенција било завршено и наодите биле испратени во ВАДА (Светската антидопинг агенција), УЦИ и колумбиските антидопинг агенција и дека Енао ќе се врати со настап на Тур де Свис 2014.[8] Меѓутоа, на повратничкото возење на хронометарот со колегите, Енао бил удрен од автомобил, здобивајќи се од фрактура на коленото и исфрлајќи од остатокот од сезоната.[9]
2015
[уреди | уреди извор]Енао се вратил на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали, каде му помогнал на колегата Бен Свифт да заврши втор. Потоа возел на Трката околу Баскија каде завршил втор на третата етапа и го зел водството на трката. Го задржал водството до завршниот хронометар на шестата етапа, каде неговото четврто место не било доволно да го спречи Хоаким Родригес да победи (со 13 секунди пред Енао).
2016
[уреди | уреди извор]Енао ја започнал сезоната 2016 на Тур Даун Андер, каде завршил трет во генералниот пласман и го освоил планинскиот пласман,[10] завршил на второто место на националното друмско првенство.[11] Негова прва европска трка во годината била Париз-Ница во март, каде завршил шести во генералниот пласман и одиграл важна улога во успешното бранење на водството на колегата Герајнт Томас на завршната етапа со достигнувањето на неколкуте напади на Алберто Контадор.[12] Продолжил со својата добра форма во април, кога завршил втор на ГП Мигел Индураин[13] и на Трката околу Баскија, каде исто така го освоил бодовниот пласман.[14]
На 20 април било објавено дека Енао се повлекол од тркање откако UCI отворил истрага за неговиот биолошки пасош, што воделе до истите причини кои довеле до негово повлекување во 2014 година. Енао самиот изјавил дека бил „мирен и сигурен дека ќе биде решено скоро“, додека Дејв Брејлсфорд изјавил дека „веруваме во Серхио“. Забележал дека истрагата на UCI досега била непозната и се надевал дека истрагата ќе дојде до истите заклучоци како екипата од истражувањето во 2014 година.[15] Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2016.[16] Енао бил еден од клучните планински помошници за Крис Фрум, кој ја освоил трката по третпат.
Енао ја претставувал Колумбија на олимписката друмска трка. Енао бил дел од шестчлениот напад на првиот од трите круга, а на последното искачување се одвоил со Винченцо Нибали и Рафал Мајка. Меѓутоа, Енао и Нибали паднале на завршниот спуст, при што се здобил со скршена клучна коска.[17]
2017
[уреди | уреди извор]Енао ја започнал годината со победа на националното друмско првенство. Во март ја освоил трката Париз-Ница со разлика од само две секунди откако успеал да се одбрани од нападот на последниот ден од возачот на Трек-Сегафредо, Алберто Контадор.[18] Контадор надоместил 31 секунда преку ноќ одвојувајќи се со возачот на Квик-Степ Флорс, Давид де ла Круз и Марк Солер од Мовистар Тим; по освоил неколку секунди на средниот спринт, Контадор бил поразен на целта во Ница од Де ла Круз, што го чинело четири бонус секунди и ја одлучило трката во корист на Енао.[19]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2007
- 1. Краен пласман Класико Сиклистико Банфоандес
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 6
- 3. Краен пласман Вуелта а Антиоквија
- 1. Етапа 3
- 2008
- 1. Краен пласман Вуелта а Колумбија под 23 години
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 5
- 2009
- 1. Краен пласман ГП ду Португал
- 1. Етапа 3
- 1. Краен пласман Синтурион Сиклиста а Мајорка
- 1. Етапа 4
- 3. Краен пласман Куп на народите
- 1. Етапа 3
- 2010
- 1. Краен пласман Вуелта а Колумбија
- 1. Бодовен пласман
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 10
- 2. Краен пласман Класико РЦН
- 1. Етапа 7
- 2. Краен пласман Вуелта а Антиоквија
- 1. Пролог (ТТТ)
- 1. Етапа 3
- 2011
- 4. Краен пласман Вуелта а Колумбија
- 1. Етапа 2a (ТТТ)
- 2. Краен пласман Вуелта а Антиоквија
- 1. Етапа 2
- 2. Краен пласман Трка околу Јута
- 1. Пролог
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 2 Класико РЦН
- 2012
- 2. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 3. Краен пласман Трка околу Полска
- 3. Трофео Деја
- 5. Џиро ди Ломбардија
- 9. Краен пласман Џиро д’Италија
- 2013
- 1. Етапа 3 Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 2 (ТТТ) Џиро д’Италија
- 2. Флеш Валон
- 2. Трофео Сера де Трамунтана
- 3. Краен пласман Трка околу Баскија
- 1. Етапа 3
- 5. Краен пласман Трка околу Полска
- 6. Амстел Голд Рејс
- 9. Трофео Платха де Муро
- 2014
- 7. Краен пласман Трка околу Оман
- 10. Трофео Сера де Трамунтана
- 2015
- 2. Краен пласман Трка околу Баскија
- 3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 7. Флеш Валон
- 7. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 8. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Етапа 6
- 9. Џиро ди Ломбардија
- 2016
- 2. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2. Национално друмско првенство
- 2. ГП Мигел Индураин
- 3. Краен пласман Тур Даун Андер
- 6. Краен пласман Париз-Ница
- 2017
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Краен пласман Париз-Ница
- 3. ГП Мигел Индураин
- 4. Флеш Валон
- 6. Амстел Голд Рејс
- 8. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2018
- 1. Национално друмско првенство
- 4. Краен пласман Колумбија Оро и Паз
- 9. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 2019
- 8. Краен пласман Трка Колумбија
Распоред на резултатите
[уреди | уреди извор]Распоред на резултатите на големите трки | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | ||||
Џиро | 9 | 16 | — | — | — | — | 13 | ||||
Тур | — | — | — | — | 12 | 28 | — | ||||
Вуелта | 14 | 28 | — | 22 | — | — | 28 | ||||
Распоред на резултатите на етапните трки | |||||||||||
Етапна трка | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | ||||
Париз-Ница | — | — | — | — | 6 | 1 | 12 | ||||
Тирено-Адријатико | — | 12 | — | — | — | — | — | ||||
Волта а Каталуња | — | — | — | — | — | — | 29 | ||||
Трка околу Баскија | 13 | 3 | — | 2 | 2 | 8 | — | ||||
Тур де Романди | — | — | — | — | — | — | — | ||||
Критериум ди Дофине | — | — | — | — | 13 | — | — | ||||
Тур де Свис | — | — | СО | 11 | — | — | — |
Распоред на резултатите на класици
[уреди | уреди извор]Монумент | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | — | — | — | — | — |
Трка околу Фландрија | — | — | — | — | — | — | — |
Париз-Рубе | — | — | — | — | — | — | — |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | 29 | 16 | — | 7 | — | 13 | 9 |
Џиро ди Ломбардија | 5 | СО | — | 9 | — | — | — |
Класична трка | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
Амстел Голд Рејс | 21 | 6 | — | 33 | 28 | 6 | 18 |
Флеш Валон | 14 | 2 | — | 7 | СО | 4 | 11 |
Класика де Сан Себастијан | 20 | — | — | — | — | 16 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Енао“. Colombia + Ciclismo. Колумбија ес Пасион-Кафе де Колумбија. Посетено на 28 април 2013.
- ↑ „UAE Team Emirates“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 6 јануари 2019. Посетено на 6 јануари 2019.
- ↑ „Колумбискиот искачувач Серхио Енао му се придружува на Тим Скај со двегодишен договор“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. Press Association. 12 август 2011. Посетено на 26 март 2012.
- ↑ Фратини, Кирстен (12 август 2011). „Енао потпишал двегодишен договор со Скај“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 19 декември 2011.
- ↑ „Со десет возачи со проширува Тим Скај“. Тим Скај. BSkyB. 23 декември 2013. Архивирано од изворникот на 2019-01-05. Посетено на 1 јануари 2014.
- ↑ Накрани, Сашин (19 март 2014). „Тим Скај откачи возач поради „прашањата" околу резултатите за анти-допинг тестот“. theguardian.com. Посетено на 19 март 2014.
- ↑ „Велосипедизам: Допинг-сомнеж за Енао“. telegraf.mk. 19 март 2014. Посетено на 19 март 2014.[мртва врска]
- ↑ „Енао ќе се врати на трките“. Sky ProCycling. 11 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-18. Посетено на 11 јуни 2014.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/sergio-henao-out-for-the-season-after-tour-de-suisse-crash
- ↑ Вудпауер, Зеб (24 јануари 2016). „Simon Gerrans wins the 2016 Tour Down Under“. cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 2016-01-27. Посетено на 14 април 2016.
- ↑ „Avila wins Colombian national road title“. cyclingnews.com. 21 февруари 2016. Посетено на 14 април 2016.
- ↑ „Thomas wins Paris-Nice despite Contador attack“. cyclingnews.com. 14 март 2016. Архивирано од изворникот на 2016-03-17. Посетено на 14 март 2016.
- ↑ „Izagirre wins GP Miguel Indurain“. cyclingnews.com. 3 април 2016. Посетено на 14 април 2016.
- ↑ Бенсон, Даниел (9 април 2016). „Contador wins final time trial to secure overall title at Vuelta al Pais Vasco“. cyclingnews.com. Посетено на 15 април 2016.
- ↑ Бенсон, Даниел; Флечер, Патрик (20 април 2016). „UCI opens biological passport case against Sergio Henao“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 20 април 2016.
- ↑ „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 јуни 2016.
- ↑ „Cycling: Italian Nibali breaks collarbones in crash“. 6 август 2017. Посетено на 13 март 2017 – преку Reuters.
- ↑ „Team Sky's Sergio Henao wins Paris-Nice by two seconds“. 12 март 2017. Посетено на 13 март 2017 – преку www.bbc.com.
- ↑ „Team Sky's Sergio Henao wins Paris-Nice by two seconds“. 12 март 2017. Посетено на 13 март 2017 – преку www.bbc.com.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Серхио Енао“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Серхио Енао“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Серхио Енао“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Серхио Енао“. ProCycling.
|