Прејди на содржината

Саразин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саразин
Слика од Саразин.
АвторОноре де Балзак
ИлустраторАлсид Теофил Рободи
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
СеријалЧовечка комедија
Издадена
1830

Саразин (француски: Sarrasine) — новела од францускиот писател Оноре де Балзак објавена во 1830, дел од циклусот романи Човечка комедија.[1] Иако Балзак творел од 1819, ова било едно од првите дела каде се потпишал без псевдоним. Главен лик во новелата е Раскажувачот, дел од високата класа во Париз, кој на госпоѓата Рошефид и ја раскажува приоказната за Саразин сакајќи да ја заведе. Дејството завршува со тоа што Рошефид е потресена од приказната што ја слушнала. Главни обележја на делото се стилската фигура контраст, како и темите за кастрација и хомосексуалност.[2] Делото е пишувано според литературниот принцип „приказна во рамка“.

  1. Bertault, Philippe (1963). Balzac and The Human Comedy. New York City: New York University Press. стр. vii–xvi.
  2. The Tenor of "Sarrasine".