Самострел
Самострел е оружје кое се состои од лак што е монтиран на посебно изработено дрво за него. Посебен механизам на дрвото ја држи стрелата затегната додека не дојде време за отпуштање на стрелата. Самострелот имал значајна улога во средновековната војна во Европа, како и во Кина низ поголемиот дел од историјата. Денес самострелот се користи во спортот (стреличарство), како и во спортскиот лов.
Историја на технологијата на самострелот
[уреди | уреди извор]Многу научници веруваат дека првиот самострел се појавил во Кина. Некои веруваат дека се појавил во 6 век п.н.е. Постојат и археолошки индикации дека се појавил во 2 век п.н.е. Останатите извори велат дека оригиналниот самострел се појавил во Источна Азија, но прашање е дали прв се појавил во Кина. Повеќето самострели варирале од мали (за една личност) до огромни за цела опсада. Балиста е основен збор за самострел во романските јазици како што се шпански (ballesta) и италијански јазик (ballesta).