Прејди на содржината

Рудолф I (Бохемија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рудолф I
Крал на Бохемија
На престол1306 – 3/4 јули 1307
ПретходникХајнрих
НаследникХајнрих
Војвода на Австрија и Војвода од Штаерска
На престол1298 – 3/4 јули 1307
ПретходникАлбрехт I
НаследникАлбрехт I
Роден(а)ок. 1281
Починал(а)3/4 јули 1307 (26 години)
Хораждовице, Кралство Бохемија
Почивалиште
СопружникБјанка Француска
Елжбета Рикса
ДинастијаХабсбуршка династија
ТаткоАлбрехт I
МајкаЕлизабета Тиролска

Рудолф I (германски: Rudolf I, роден околу 1281 - починал на 3 јули 1307 во Хораждовице) — владетел од Хабсбуршката династија како крал на Бохемија (1306-1307) и војвода на Австрија и Штаерска (1298-1307).

Рани години

[уреди | уреди извор]

Како член на Хабсбуршката династија, тој бил најстариот син на кралот Албрехт I и неговата жена Елизабета Тиролска. При изборот на неговиот татко за крал на Римјаните, на Рудолф му биле дадени териториите на Војводство Австрија и Војводство Штаерска, по кое се стекнал со титулата војвода и владеел како регент војвода во име на неговите помлади браќа Фридрих и Леополд.

На 25 мај 1300 кралот Алберт го средил неговиот брак со Бјанка Француска, ќерка на кралот Филип III Храбриот. Но нивниот брак не траел долг бидејќи таа починала во 1305 година. За Рудолф се отворила голема прилика за бохемискиот престол кога во 1306 година починал Вацлев III, последниот крал на Бохемија од династија Пшемисловци. Неговото назначување за крал на Бохемија било оспорено од страна на неговиот вујко Хајнрих, војводата од Корушка и сопруг на сестрата на Вацлав, Ана. Кога неколку чешки благородници го избрале на неговиот вујко за крал, Албрехт, полубрат на Рудолф, започнал воен марш кон Прага. Хајнрих успеал да побегне најпрвин во Баварија , па во Корушка. За да ја зацврсти својата власт, Рудолф се оженил со Елжбета Рикса, принцеза на Полска и член на династија Пшемисловци.

Рудолф починал во 1307 година без потомство. Рудолф бил погребан во Прага во катедралата Свети Вид.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Рудолф I (Бохемија)
Роден(а): ок. 1281 Починал(а): 3 ило 4 јули 1307
Претходник
Хајнрих
Крал на Бохемија
1306–1307
Наследник
Хајнрих
Претходник
Албрехт I
Војвода на Австрија и Војвода од Штаерска
со Албрехт I

1298–1307
Наследник
Албрехт I