Роналдо
Роналдо | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лични податоци | |||||||||||||||
Полно име | Роналдо Луис Назарио да Лима | ||||||||||||||
Роден на | 18 септември 1976 | ||||||||||||||
Роден во | Рио де Жанеиро, Бразил | ||||||||||||||
Висина | 1.82 метри | ||||||||||||||
Позиција | напад | ||||||||||||||
Младинска кариера | |||||||||||||||
1986–1989 | Тениски Клуб Валкири | ||||||||||||||
1989–1990 | Социјален клуб Рамос | ||||||||||||||
1990–1993 | Сао Кристовао | ||||||||||||||
Кариера* | |||||||||||||||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) | ||||||||||||
1993–1994 | ФК Крузеиро | 34 | (34) | ||||||||||||
1994–1996 | ПСВ Ајндховен | 46 | (42) | ||||||||||||
1996–1997 | ФК Барселона | 37 | (34) | ||||||||||||
1997–2002 | ФК Интер | 68 | (49) | ||||||||||||
2002–2007 | ФК Реал Мадрид | 127 | (83) | ||||||||||||
2007–2008 | ФК Милан | 20 | (9) | ||||||||||||
2009–2011 | ФК Коринтијанс | 52 | (29) | ||||||||||||
Вкупно | 384 | (280) | |||||||||||||
Репрезентација | |||||||||||||||
1993 | Бразил U17 | 7 | (5) | ||||||||||||
1996 | Бразил U23 | 8 | (6) | ||||||||||||
1994–2011 | Бразил | 98 | (62) | ||||||||||||
Успеси
|
Роналдо Луис Назарио да Лима (18 септември 1976) попознат како Роналдо — пензиониран бразилски фудбалер. Со прекрар „Феноменот“, експертите и навивачите го сметаат за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Во 2011 година, тој бiл избран за „Играч на децнијата“ на шпанската верзија на мрежната страница Goal.com со 29,55% од сите гласови. Тој ја освоил првата Златна топка како европски фудбалер на годината во 1997 година, а потоа и во 2002 година. Роналдо е еден од тројцата кои трипати ја освоиле наградата за фудбалер на годината од ФИФА, заедно со Зинедин Зидан и Лионел Меси.
Како еден од најцелосните напаѓачи во изминатите 30 години, во 2007 година, Роналдо бил именуван како еден од 11-те најдобри најдобри фудбалери на сите времиња од страна на „France Football“ и се појави на списокот за најдобите 100 фудбалери кој го состави Пеле. Во 2010 година, беше прогласен за „Играч на деценијата“ на мрежната страница Goal.com, а беше вклучен и како централен напаѓач во „Тимот на деценијата“. На 23 февруари 2010 година, Роналдо објави дека ќе се пензионира после крајот на сезоната.
Роналдо настапи за Бразил во 98 интернационални натпревари, постигнувајќи 62 голови. Тој беше дел од репрезентацијата на Бразил која ги освои Светските првенства во 1994 и 2002 година. За време на Светското првенство во 2002 година, Роналдо стана најдобриот голгетер во историјата на светските првенства со 15 голови, надминувајќи го Герд Милер кој имаше 14, но подоцна рекордот на Роналдо беше израмнет од страна на Мирослав Клозе со 15 постигнати голови. Тој е единственииот фудбалер кој ја освоил Златната топка и Златната копачка на две различни Светски првенства. Бидејќи во текот на кариерата имаше неколку сериозни повреди, Роналдо се пензионираше на 14 февруари 2011 година, наведувајќи ги болките и хипотириодизмот како главни причини за неговото прерано пензионирање.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]1993 година: Крузеиро
[уреди | уреди извор]Во 1993 година, Роналдо ја започнал фудбалската кариера играјќи за Крузеиро кој веќе бил успешен клуб. Во првата и единствена сезона со Крузиеро, тој постигна 12 голови на 14 натпревари и ги одведе до првата титула во Бразилскиот куп. Претходно, Роналдо бил одбиен од неговиот омилен тим Фламенго, но бразилската легенда Жаирзињо го видел потенцијалот на Ронадло и му помогнал да влезе во Крузеиро.
1994–1996: ПСВ Ајнховен
[уреди | уреди извор]Роналдо реши да игра за ПСВ после Светското првенство во 1994 година, за кое беше избран да игра иако имаше само 17 години, но не настапи ниту еднаш. Ромарио го советувал Роналдо за започне европска кариера во ПСВ; Ромарио беше поранешен напаѓач за тимот од 1998 година до 1993 година. Роналдо постигна 20 лигашки голови во првата сезона во Холандија. Во втората сезона се здоби со повреда на коленото која го спречи да настапува скоро цела сезона. Сепак имаше просе од скоро по еден гол на натпревар, постигнувајќи 12 голови на 13 настапи. Со ПСВ, Роналдо го освои Холандскиот куп во 1996 година и беше најдобар голгетер во Холандската Лига во 1995 година.
1996–1997: Барселона
[уреди | уреди извор]Додека играше во ПСВ, Роналдо им го привлече вниманието на Интер од Милано и Барселона, но Барселона успеа да го ангажира за, тогаш рекордни, 17 милиони евра. За време на сезоната 1996-1997, Роналдо постигна 47 голови на 49 натпревари во сите конкуренции за Барселона, водејќи го каталонскиот тим до освојување на Купот на победниците на куповите, Шпанскиот куп и Шпанскиот супер куп. Таа сезона беше и најдобар голгетер во Ла Лига со 34 голови на 37 натпревари. До сезоната 2008-2009, Роналдо остана последниот играч кој постигнал повеќе од 30 голови во една сезона во Ла Лига. На 20 години, тој стана најмладиот фудбалер кој ја освоил наградата за Фудбалер на годината на ФИФА во 1996 година. Исто така, заврши на второто место во трката по Златната Топка
1997–2002: Интер Милано
[уреди | уреди извор]Роналдо помина краток период во Барса, бидејќи имаше проблеми со продолжувањето на неговиот договор. Беше евидентно дека е несреќен и, по крајот на сезоната, потпиша за Интер Милано за, тогаш рекордни 19 милиони евра. Во Барселона помина само една година. Роналдо им помогна на Интер да го повторат успехот на неговиот поранешен тим, овој пат во Купот на УЕФА, во кој го постигна третиот гол во финалето.
Роналдо се навикна на италијанскиот стил на игра уште во првата сезона, завршувајќи втор во лигата по бројот на постигнати голоби. Роналдо почна да се развива во целосен напаѓач. Почна да асистира, стана прв избор при изведувањето пенали, изведуваше и постигнуваше голови од слободни удари и беше капитен на тимот во последниот дел од сезоната. Додека играше за Интер, тој постигна неколку голови против градскиот соперник Милан во познатото миланско дерби. Ја освои наградата за Фудбалер на годината по вторпат во 1997 година, а истата година ја освои и Златната Топка. Следната година, после Светското првенство, заврши како втор во изборот за фудбалер на година и трет во изборот за Европски фудбалер на година. Во тој момент од кариерата, тој очигледно беше сметан за најдобриот фудбалер во светот.
На 21 ноември 1999 година, за време на натпреварот против Лече, Роналдо почувствува болки во коленото и беше приморан да ја напушти играта. На лекарските прегледи после наптреварот беше потврдено дека напаѓачот скинал тетива во коленото и дека ќе мора да се оперира. За време на провото враќање на 12 април 2000 година, тој одигра само седум минути во финалето на Итлијанскиот куп против Лацио, пред да го повреди коленото по вторпат. Проблемите со повредите го примораа Роналдо да ја пропушти целата сезона 2000-2001 и почетокот на наредната сезона. После две операции и месеци рехабилитација, Роналдо се врати за Светското првенство во 2002 година, помагајќи му на Бразил да ја освои петтата титула. Подоцна во 2002 година, ја освои наградата за Фудбалер на годината по третпат и беше продаден во Реал Мадрид. Роналдо го доби прекрарот „Феноменот“ од новинарите, додека играше во Италија. Беше прогласен за 20-тиот најдобар фубалер во историјата на Интер, според Times Online, а само повредите го спречија да има повисок пласман. Одигра 99 натпревари и постигна 59 голови за Нероаѕурите.
2002–2006: Реал Мадрид
[уреди | уреди извор]Кога потпиша за Реал Мадрид за 46 милиони евра, продажбата на неговиот дрес ги скрши сите рекорди уште првиот ден. До октомври 2002 година, Роналдо не играше поради повреда, но навивачите постојано му го извикуваа името. Тој постигна два гола на своето деби за Реал Мадрид и доби стоечки овации на Сантјаго Бернабе. Истиот прием го доби и на последниот натпревар во сезоната против Атлетик Билбао, каде што повторно постигна гол за да ја заврши првата сезона во Кралскиот клуб со 23 голови и титулата во Ла Лига. Со Реал Мадрид ги освои и Интерконтиненталниот куп во 2002 година и Шпанскиот супер куп во 2003 година.
Во вториот натпревар од четвртина-финалето во Лигата на шампионите, Роналдо постигна хет-трик против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, исфрлувајќи го англискиот гигант од турнирот. Роналдо беше заменет во 80-тата минута и доби стоечки овации од навивачите на двата клуба. Реал Мадрид имаше шанса да ја освои тројната круна, пред Роналдо да се повреди кон крајот на сезоната 2003-2004; изгубија во финалето на Шпанскиот куп, беа исфрлени во четвртина-финалето на Лигата на шампионите и имаа огромен пад во формата во Ла Лига. Таа сезона, тој заврши како најдобар голгетер во лигата со 24 постигнати голови, но сепак ја загубија титулата од Валенсија. Со купувањето на Руд ван Нистелорој во 2006 година, менаџерот Фабио Капело се помалку го користеше Роналдо поради проблемите со повредите и тежината.
Во април 2013 година, весникот Марка го прогласи Роналдо за член на „Најдобрата странска единаесетторка во историјата на Реал Мадрид“.
2007–2008: Милан
[уреди | уреди извор]На 18 јануари 2007 година, се дозна дека Роналдо се согласил на договор со Милан за 8 милиони евра. Тој морал да плати за остатокот од периодот на неговиот договор кој го обврзувал со Реал Мадрид, само бидејќи Кралскиот Клуб не се согласил да го ослободи, а Милан не биле подготвени да платат толкава сума. На 25 јануари, Роналдо одетал од Мадрид во Милано да го гледа тимот како игра во купот против Рома. На официјалното мрежно место на тимот беше изјавено дека Роналдо дошол во Милано на медицински преглед за тимот, а подоцна бил договорен состанок со службените лица на Реал Мадрид за да се заврши преселбата во миланскиот клуб. На 26 јануари,, Роналдо успешно ги помина медицинските тестови, а трансферот беше завршен на 30 јануари, по што тој го доби дресот со бројот 99. Дебито за Милан го имаше на 11 февруари 2007 година во победата од 2-1 против Ливорно, кога влезе како замена. Следниот натпревар против Сиена, на 17 февруари, Роналдо постигна два гола и беше асистент за третиот гол во првиот старт за Милан, во победата од 4-3. Во првата сезона, Роналдо постигна седум голови на 14 настапи.
После преселбата во Милан, Роналдо се придружи во списокот на ретките фудбалери кои настапувале и за Интер и за Милан во миланското дерби и е еден од двајцата играчи кој постигнал голови и за двата тима (за Интер во сезоната 1998-1999, а за Милан во сезоната 2006-2007). Другиот играч е Златан Ибрахимович. Исто така, Роналдо е еден од ретките фудбалери кои играл и за Барселона и за Реал Мадид, кои исто се големи соперници. Роналдо одигра само 300 минути во единствената сезона во Милан поради новите проблеми со повредите и преголемата тежина. Единствениот гол во сезоната 2007-2008, освен голот против Лече во прет-сезоната, го постигна во победата од 5-2 против Наполи на Сан Сиро. Тогаш. за првпат заедно на теренот истрча познатато бразилско трио Кака, Александре Пато и Роналдо, познато како Ка-Па-Ро Вкупно, тој потигна 9 голови на 20 настапи за Милан.
И покрај огромниот успех во претходната деценија, Роналдо никогаш не ја освои Лигата на шампионите во својата кариера. За време сезоната 2006-2007, иако Милан го освои овој куп, Роналдо не смееше да настапува за нив бидејќи во првиот дел од сезоната настапуваше за Реал Мадрид. Најблиску беше во 2003 година кога му помогна на Реал Мадрид да стигне до полуфиналето, во кое изгубија од Јувентус.
На 13 февруари 2008 година, Роналдо се здоби со сериозна повреда на коленото, која му ја заврши сезоната, и беше изнесен на носила и однесен диретно во болница. После натпреварот, клубот потврди дека Роналдо го скинал лигаментот на левото колено. Тоа му беше трета ваква повреда, која претходно ја имаше двапати на десното колено во 1998 и 2000 година. По крајот на сезоната беше ослободен од Милан бидејќи договорот му истече и не беше обновен.
2009–2011: Коринтијанс
[уреди | уреди извор]Роналдо тренираше со Фламенго додека се опоравуваше од операцијата на коленото одборот на директори на клубот рекоа дека има отворена врата да им се придружи. Сепак, на 9 декември, Роналдо потпиша едно-годишен договор со Коринтијанс, соперниците на Фламенго. Оваа изјава привлече огромен публицитет во бразилските медиуми бидејќи Роналдо јавно изјави дека ги обожава Фламенго и вети дека ќе го брани клубот.
Роналдо го одигра првиот меч за Коринтијанс на 4 март 2009 година во Бразилскиот куп против Итумбиара на Естадио Јуселино Кубитсчек, во кој влезе како замена за Хорхе Енрике. Тој го постигна првиот гол за Коринтијанс на 8 март 2009 година во натпреварот против Палмеирас. Роналдо им помогна на Коринтијанс да го освојат Бразилското првенство со 10 голови на 14 настапи.
Роналдо им помогна на Коринтијанс да го поразат Интенационал со резултат од 4-2 и така да го освојат својот трет Бразилски куп и со тоа заслужија место во Копа Либертадорес за наредната сезона. Тој се врати на 20 септември во натрпеварот против Гојас. На 27 септември 2009 година, Роналдо постигна гол во ремито од 1-1 против Саун Пауло. Го заврши Бразилското првенство со 12 голови на 20 натпревари. Во фебуари 2010 година, Роналдо го продолжи договорот со Коринтијанс до крајот на 2011 година, а потоа требаше да се пензионира.
Во февруари 2011 година, откако Коринтијанс беа елиминирани од Копа Либертадорес од колумбискиот тим Депортес Толима, Роналдо најдави дека ќе се повлече од фудбалот. На емоционалната конференција за печатот на 14 февруари 2011 година, тој призна дека неговото тело конечно подлегнало на повредите кои го мачеа во текот на целата кариера. „Тешко ми е да напуштам нешто што ме правеше толку среќен. Ментално сакав да продолжам, ама мора да признаам дека ја изгубив битката со телото“ – беше неговата изјава.
Интернационална кариера
[уреди | уреди извор]Роналдо го имаше интернационалното деби за Бразил во 1994 година, во пријателскиот натпревар против Аргентина. Тој замина на Светското првенство во 1994 година во САД како 17-годишник, но не настапи ниту еднаш. Таму стана познат како Роналдињо („мал Роналдо“ на португалски), бидејќи Роналдо Родиригез де Хесус, неговиот постар соиграч на турнирот, го имаше истото име како него и го носеше прекарот Роналдао (голем Роналдо) за да се разликуваат. Уште еден бразилски фудбалер, Роналдо де Асис Морерира, кој е попознат како Роналдињо, беше нарекуван Роналдињо Гауч0 кога се приклучи на бразилската репрезентација во 1999 година. На Олимпијадата во 1996 година во Атланта, Роналдо го носеше името Роналдињо на дресот, бидејќи бекот Роналдо Жирао, две години постар од него, му беше еден од соиграчите. Бразил го освои бронзениот медал на оваа Олимпијада.
Светското првенство во 1998 година
[уреди | уреди извор]Тој настапуваше на Светкото првенство во 1998 година и беше опишуван од новинарите и експертите како најдобриот светски фудбалер. Роналдо постигна четири гола и асистираше на три. Ноќта пред финалето, тој се здоби со конвулзија. На почетокот, Роналдо беше отстранет од почетниот тим 72 минути пред натпреварот, на тој побара да игра и потоа тренерот Марио Загало го врати. Настапот на Роналдо беше под вообичаеното и тој беше повреден во судар со францускиот голман Фабио Бартез. Бразил го загуби финалето од домаќинот Франција со 3-0. Адријан Вилијамс, професор по клиничка неврологија на Бирмингемскиот универзитет изјави дека Роналдо не требал да игра, дека ги чувствувал екектите од нападот и дека “немало шанси да може да настапува најдобро што може 24 часа после првиот напад, ако воопшто бил прв“.
Светското првенство во 2002 година
[уреди | уреди извор]За време на Светското првенство во 2002 година, Роналдо ја водеше својата репрезентација до нивната рекордна петта титула и ја освои Златната копачка како најдобар голгетер и беше второпласиран за наградата Златна Топка како најдобар играч на турнирот. Тој постигна гол против сите противници, освен во четвртина-финалето против Англија. Во финалето против Германија, Роналдо ги постигна својот 11-ти и 12-ти гол и го изразмни рекордот на Пеле за 12 голови на Светско првенство.
Светското првенство во 2006 година
[уреди | уреди извор]На 2 јуни 2004 година, Роналдо постигна чуден хет-трик од пенали за Бразил против соперниците Аргентина во квалификацискиот натпревар за Светското Првенство во 2006 година. На Светското првенство во 2006 година, иако Бразил ги доби првите два натпревари во групата против Хрватска и Австралија, Роналдо постојано беше исмеван дека е премногу дебел и спор. Сепак, тренерот Карлос Алберто Переира го задржа во првиот тим, иако го тераа да го замени. Со двата гола против Јапонија во третиот натпревар, тој стана 20-тиот играч кој дал гол во три различни Светски првенства и го израмни рекордот на Герд Милер за постигнати 14 голови на Светските првенства, а потоа постави нов рекорд во осмина-финалето кога го постигна својот 15-ти гол против Гана. Исто така, тој се израмни со Јирген Клинсман како втор играч кој постигнал по најмалку три голови на три различни Светски првенства. Сепак, Бразил беа поразени од Франција во четвртина-финалето. Рекордот на Роналдо и Клинсман за барем три гола на три Светски првенства беше изразмнет и надминат од Германецот Мирослав Клосе, кој сега држи рекорд за најмалку четири гола на три Светски првенства.
Проштален натпревар
[уреди | уреди извор]Во февруари 2011 година, беше најавено дека Роналдо ќе доби уште еден последен натпревар, пет години по последниот натпревар за националната репрезентација, пријателски натпревар против Романија кој се одржа во Саун Пауло на 7 јуни 2011 година. Иако не е вообичеано да се одржуваат интернационални проштални натпревари, службените лица на Бразилскиот фудбалски сојуз изјавија дека поради неверојатната кариера на Роналдо, тој заслужува последниот репрезентативен настап да го има во Бразил, пред своите навивачи. Тој одигра 15 минути во натпреварот кој заврши со победа на Бразил од 1-0, со голот на Фред во 21-вата минута. Фред го прослви голот во стилот на Роналдо, а потоа му се придружија и другите согирачи. Кога Роналдо влезе во игра во 30-тата минута, тој трипати шутираше кон голот, но романскиот голман Ципријан Татарусану одбрани. Кога заврш полувремето, Роналдо одржа говор пред публиката.
Голови на Светските првенства
[уреди | уреди извор]# | Дата | Стадион | Противник | Гол | Резултат | Светско првенство | Рунда |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | 16 јуни 1998 | Стад де ла Божур, Нант, Франција | Мароко | 1 – 0 | 3–0 | 1998 | Групна фаза |
2. | 27 јуни 1998 | Паркот на Принцовите, Париз, Франција | Чиле | 3 – 0 | 4–1 | 1998 | Осминафинале |
3. | 27 јуни 1998 | Паркот на Принцовите, Париз, Франција | Чиле | 4 – 1 | 4–1 | 1998 | Осминафинале |
4. | 7 јули 1998 | Стадион Велодром, Марсеј, Франција | Холандија | 1 – 0 | 1–1 | 1998 | Полуфинале |
5. | 3 јуни 2002 | стадион Мунсу Куп, Улсан, Јужна Кореја | Турција | 1 – 1 | 2–1 | 2002 | Групна фаза |
6. | 8 јуни 2002 | Жежу стадион, Согвипо, Јужна Кореја | Кина | 4 – 0 | 4–0 | 2002 | Групна фаза |
7. | 13 јуни 2002 | Стадион Сувон, Сувон, Јужна Кореја | Костарика | 0 – 1 | 2–5 | 2002 | Групна фаза |
8. | 13 јуни 2002 | Стадион Сувон, Сувон, Јужна Кореја | Костарика | 0 – 2 | 2–5 | 2002 | Групна фаза |
9. | 17 јуни 2002 | Кобе Винг, Кобе, Јапонија | Белгија | 2 – 0 | 2–0 | 2002 | Осминафинале |
10. | 26 јуни 2002 | Стадион Саитама, Саитама, Јапонија | Турција | 1 – 0 | 1–0 | 2002 | Полуфинале |
11. | 30 јуни 2002 | Стадион Јокохама, Јокохама, Јапонија | Германија | 0 – 1 | 0–2 | 2002 | Финале |
12. | 30 јуни 2002 | Стадион Јокохама, Јокохама, Јапонија | Германија | 0 – 2 | 0–2 | 2002 | Финале |
13. | 22 јуни 2006 | Вестфален, Дортмунд, Германија | Јапонија | 1 – 1 | 1–4 | 2006 | групна фаза |
14. | 22 јуни 2006 | Вестфален, Дортмунд, Германија | Јапонија | 1 – 4 | 1–4 | 2006 | групна фаза |
15. | 27 јуни 2006 | Вестфален, Дортмунд, Германија | Гана | 1 – 0 | 3–0 | 2006 | Осминафинале |
Интернационални голови
[уреди | уреди извор]# | Date | Venue | Opponent | Score | Result | Competition |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 5 јуни 1994 | McMahon Stadium, Edmonton, Canada | Канада | Friendly | ||
2. | 11 јуни 1995 | Parc des Princes, Paris, France | Англија | Friendly | ||
3. | 30 April 1997 | Lockhart Stadium, Fort Lauderdale, USA | Мексико | Friendly | ||
4. | 30 April 1997 | Lockhart Stadium, Fort Lauderdale, USA | Мексико | Friendly | ||
5. | 30 May 1997 | Ullevaal Stadion, Oslo, Norway | Норвешка | Friendly | ||
6. | 8 јуни 1997 | Stagg Memorial Stadium, Stockton, USA | Хондурас | Friendly | ||
7. | 8 јуни 1997 | Stagg Memorial Stadium, Stockton, USA | Хондурас | Friendly | ||
8. | 8 јуни 1997 | Stagg Memorial Stadium, Stockton, USA | Хондурас | Friendly | ||
9. | 8 јуни 1997 | Stagg Memorial Stadium, Stockton, USA | Хондурас | Friendly | ||
10. | 8 јуни 1997 | Stagg Memorial Stadium, Stockton, USA | Хондурас | Friendly | ||
11. | 8 јуни 1997 | Stagg Memorial Stadium, Stockton, USA | Хондурас | Friendly | ||
12. | 13 јуни 1997 | Estadio Ramón Aguilera, Santa Cruz, Bolivia | Костарика | 1997 Copa América | ||
13. | 13 јуни 1997 | Estadio Ramón Aguilera, Santa Cruz, Bolivia | Костарика | 1997 Copa América | ||
14. | 22 јуни 1997 | Estadio Ramón Aguilera, Santa Cruz, Bolivia | Парагвај | 1997 Copa América | ||
15. | 22 јуни 1997 | Estadio Ramón Aguilera, Santa Cruz, Bolivia | Парагвај | 1997 Copa América | ||
16. | 29 јуни 1997 | Estadio Hernando Siles, La Paz, Bolivia | Боливија | 1997 Copa América | ||
17. | 11 November 1997 | Estádio Mané Garrincha, Brasilia, Brazil | Велс | Friendly | ||
18. | 11 November 1997 | Estádio Mané Garrincha, Brasilia, Brazil | Велс | Friendly | ||
19. | 7 December 1997 | Soccer City Stadium, Johannesburg, South Africa | ЈАР | Friendly | ||
20. | 7 December 1997 | Soccer City Stadium, Johannesburg, South Africa | ЈАР | Friendly | ||
21. | 19 December 1997 | King Fahd II Stadium, Riyadh, Saudi Arabia | Чешка | 1997 FIFA Confederations Cup | ||
22. | 21 December 1997 | King Fahd II Stadium, Riyadh, Saudi Arabia | Австралија | 1997 FIFA Confederations Cup | ||
23. | 21 December 1997 | King Fahd II Stadium, Riyadh, Saudi Arabia | Австралија | 1997 FIFA Confederations Cup | ||
24. | 21 December 1997 | King Fahd II Stadium, Riyadh, Saudi Arabia | Австралија | 1997 FIFA Confederations Cup | ||
25. | 16 јуни 1998 | Stade de la Beaujoire, Nantes, France | Мароко | 1998 FIFA World Cup | ||
26. | 27 јуни 1998 | Parc des Princes, Paris, France | Чиле | 1998 FIFA World Cup | ||
27. | 27 јуни 1998 | Parc des Princes, Paris, France | Чиле | 1998 FIFA World Cup | ||
28. | 7 јули 1998 | Stade Vélodrome, Marseille, France | Холандија | 1998 FIFA World Cup | ||
29. | 28 март 1999 | Olympic Stadium, Seoul, Korea Republic | Јужна Кореја | Friendly | ||
30. | 30 јуни 1999 | Estadio Antonio Oddone Sarubbi, Ciudad del Este, Paraguay | Венецуела | 1999 Copa América | ||
31. | 30 јуни 1999 | Estadio Antonio Oddone Sarubbi, Ciudad del Este, Paraguay | Венецуела | 1999 Copa América | ||
32. | 6 јули 1999 | Estadio Antonio Oddone Sarubbi, Ciudad del Este, Paraguay | Чиле | 1999 Copa América | ||
33. | 11 јули 1999 | Estadio Antonio Oddone Sarubbi, Ciudad del Este, Paraguay | Аргентина | 1999 Copa América | ||
34. | 18 јули 1999 | Estadio Defensores del Chaco, Asunción, Paraguay | Уругвај | 1999 Copa América | ||
35. | 9 август 2001 | Pinheirão, Curitiba, Brazil | Панама | Friendly | ||
36. | 9 август 2001 | Pinheirão, Curitiba, Brazil | Панама | Friendly | ||
37. | 9 август 2001 | Pinheirão, Curitiba, Brazil | Панама | Friendly | ||
38. | 6 февруари 2002 | King Fahd II Stadium, Riyadh, Saudi Arabia | Саудиска Арабија | Friendly | ||
39. | 3 јули 2002 | Munsu Cup Stadium, Ulsan, Korea Republic | Турција | 2002 FIFA World Cup | ||
40. | 8 јуни 2002 | Jeju World Cup Stadium, Seogwipo, Korea Republic | Предлошка:Country data China PR | 2002 FIFA World Cup | ||
41. | 13 јуни 2002 | Suwon World Cup Stadium, Suwon, Korea Republic | Костарика | 2002 FIFA World Cup | ||
42. | 13 јуни 2002 | Suwon World Cup Stadium, Suwon, South Korea | Костарика | 2002 FIFA World Cup | ||
43. | 17 јуни 2002 | Kobe Wing Stadium, Kobe, Japan | Белгија | 2002 FIFA World Cup | ||
44. | 26 јуни 2002 | Saitama Stadium, Saitama, Japan | Турција | 2002 FIFA World Cup | ||
45. | 30 јуни 2002 | Nissan Stadium, Yokohama, Japan | Германија | 2002 FIFA World Cup | ||
46. | 30 јуни 2002 | Nissan Stadium, Yokohama, Japan | Германија | 2002 FIFA World Cup | ||
47. | 11 јуни 2003 | Abuja Stadium, Abuja, Nigeria | Нигерија | Friendly | ||
48. | 7 September 2003 | Estadio Metropolitano, Barranquilla, Colombia | Колумбија | 2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL) | ||
49. | 19 November 2003 | Pinheirão, Curitiba, Brazil | Уругвај | 2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL) | ||
50. | 19 November 2003 | Pinheirão, Curitiba, Brazil | Уругвај | 2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL) | ||
51. | 6 February 2004 | Mineirão, Belo Horizonte, Brazil | Аргентина | 2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL) | ||
52. | 6 February 2004 | Mineirão, Belo Horizonte, Brazil | Аргентина | 2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL) | ||
53. | 6 February 2004 | Mineirão, Belo Horizonte, Brazil | Аргентина | 2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL) | ||
54. | 18 August 2004 | Stade Sylvio Cator, Port-au-Prince, Haiti | Хаити | Friendly | ||
55. | 18 August 2004 | Stade Sylvio Cator, Port-au-Prince, Haiti | Хаити | Friendly | ||
56. | 18 August 2004 | Stade Sylvio Cator, Port-au-Prince, Haiti | Хаити | Friendly | ||
57. | 5 September 2004 | Estádio do Morumbi, São Paulo, Brazil | Боливија | 2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL) | ||
58. | 9 October 2004 | Estadio José Pachencho Romero, Maracaibo, Venezuela | Венецуела | 2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL) | ||
59. | 4 јуни 2006 | Stade de Genève, Geneva, Switzerland | Нов Зеланд | Friendly | ||
60. | 22 јуни 2006 | FIFA WM Stadion Dortmund, Dortmund, Germany | Јапонија | 2006 FIFA World Cup | ||
61. | 22 јуни 2006 | FIFA WM Stadion Dortmund, Dortmund, Germany | Јапонија | 2006 FIFA World Cup | ||
62. | 27 јуни 2006 | FIFA WM Stadion Dortmund, Dortmund, Germany | Гана | 2006 FIFA World Cup |
Club | Season | League[1] | Cups[2] | Cups South American / European Cups[3] | Other[4] | Official matches | Friendly | Total | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Apps | Goals | Apps | Goals | Apps | Goals | Apps | Goals | Apps | Goals | Apps | Goals | Apps | Goals | ||
Cruzeiro | 1993 | 16 | 12 | 0 | 0 | 4 | 8 | 1 | 0 | 21 | 20 | 8 | 8 | 29 | 28 |
1994 | 18 | 22 | 0 | 0 | 8 | 2 | 0 | 0 | 26 | 24 | 4 | 5 | 30 | 29 | |
Total | 34 | 34 | 0 | 0 | 12 | 10 | 1 | 0 | 47 | 44 | 12 | 13 | 59 | 57 | |
PSV Eindhoven | 1994/95 | 33 | 30 | 1 | 2 | 2 | 3 | 0 | 0 | 36 | 35 | 5 | 1 | 41 | 36 |
1995/96 | 13 | 12 | 3 | 1 | 5 | 6 | 0 | 0 | 21 | 19 | 8 | 11 | 29 | 30 | |
Total | 46 | 42 | 4 | 3 | 7 | 9 | 0 | 0 | 57 | 54 | 13 | 12 | 70 | 66 | |
Barcelona | 1996/97 | 37 | 34 | 4 | 6 | 7 | 5 | 1 | 2 | 49 | 47 | 2 | 0 | 51 | 47 |
Total | 37 | 34 | 4 | 6 | 7 | 5 | 1 | 2 | 49 | 47 | 2 | 0 | 51 | 47 | |
Inter Milan | 1997/98 | 32 | 25 | 4 | 3 | 11 | 6 | 0 | 0 | 47 | 34 | 9 | 5 | 56 | 39 |
1998/99 | 19 | 14 | 2 | 0 | 6 | 1 | 1 | 0 | 28 | 15 | 0 | 0 | 28 | 15 | |
1999/00 | 7 | 3 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 8 | 3 | 4 | 2 | 12 | 5 | |
2000/01 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | |
2001/02 | 10 | 7 | 1 | 0 | 5 | 0 | 0 | 0 | 16 | 7 | 3 | 5 | 19 | 12 | |
Total | 68 | 49 | 8 | 3 | 22 | 7 | 1 | 0 | 99 | 59 | 16 | 12 | 115 | 71 | |
Real Madrid | 2002/03 | 31 | 23 | 1 | 0 | 11 | 6 | 1 | 1 | 44 | 30 | 1 | 0 | 45 | 30 |
2003/04 | 32 | 24 | 5 | 2 | 9 | 4 | 2 | 1 | 48 | 31 | 4 | 3 | 52 | 34 | |
2004/05 | 34 | 21 | 1 | 0 | 10 | 3 | 0 | 0 | 45 | 24 | 4 | 4 | 49 | 28 | |
2005/06 | 23 | 14 | 2 | 1 | 2 | 0 | 0 | 0 | 27 | 15 | 8 | 7 | 35 | 22 | |
2006/07 | 7 | 1 | 2 | 1 | 4 | 2 | 0 | 0 | 13 | 4 | 0 | 0 | 13 | 4 | |
Total | 127 | 83 | 11 | 4 | 36 | 15 | 3 | 2 | 177 | 104 | 17 | 14 | 194 | 118 | |
AC Milan | 2006/07 | 14 | 7 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 14 | 7 | 0 | 0 | 14 | 7 |
2007/08 | 6 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 6 | 2 | 1 | 1 | 7 | 3 | |
Total | 20 | 9 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 20 | 9 | 1 | 1 | 21 | 10 | |
Corinthians | 2009 | 30 | 20 | 8 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 38 | 23 | 0 | 0 | 38 | 23 |
2010 | 20 | 9 | 0 | 0 | 7 | 3 | 0 | 0 | 27 | 12 | 0 | 0 | 27 | 12 | |
2011 | 2 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 4 | 0 | 0 | 0 | 4 | 0 | |
Total | 52 | 29 | 8 | 3 | 9 | 3 | 0 | 0 | 69 | 35 | 0 | 0 | 69 | 35 | |
Total | 384 | 280 | 35 | 19 | 93 | 49 | 6 | 4 | 518 | 352 | 61 | 52 | 580 | 405 |
International
[уреди | уреди извор]Brazil national team | ||
---|---|---|
Year | Apps | Goals |
1994 | 4 | 1 |
1995 | 6 | 3 |
1996 | 4 | 5 |
1997 | 20 | 15 |
1998 | 10 | 5 |
1999 | 10 | 7 |
2000 | 0 | 0 |
2001 | 0 | 0 |
2002 | 12 | 11 |
2003 | 8 | 3 |
2004 | 11 | 6 |
2005 | 5 | 1 |
2006 | 7 | 5 |
2007 | 0 | 0 |
2008 | 0 | 0 |
2009 | 0 | 0 |
2010 | 0 | 0 |
2011 | 1 | 0 |
Total | 98 | 62 |
Brazil national team | ||
---|---|---|
Year | Apps | Goals |
1994 | 4 | 1 |
1995 | 6 | 3 |
1996 | 4 | 5 |
1997 | 20 | 15 |
1998 | 10 | 5 |
1999 | 10 | 7 |
2000 | 0 | 0 |
2001 | 0 | 0 |
2002 | 12 | 11 |
2003 | 8 | 3 |
2004 | 11 | 6 |
2005 | 5 | 1 |
2006 | 7 | 5 |
2007 | 0 | 0 |
2008 | 0 | 0 |
2009 | 0 | 0 |
2010 | 0 | 0 |
2011 | 1 | 0 |
Total | 98 | 62 |
Вкупно во кариерата
[уреди | уреди извор]Team | Season | Official Matches |
Friendly and Others |
Total | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Apps | Goals | Apps | Goals | Apps | Goals | ||
Cruzeiro | 1993—1994 | 47 | 44 | 12 | 13 | 59 | 57 |
PSV Eindhoven | 1994—1996 | 57 | 54 | 13 | 12 | 70 | 66 |
Barcelona | 1996—1997 | 49 | 47 | 2 | 0 | 51 | 47 |
Inter Milan | 1997—2002 | 99 | 59 | 16 | 12 | 115 | 71 |
Real Madrid | 2002—2007 | 177 | 104 | 17 | 14 | 194 | 118 |
AC Milan | 2007—2008 | 20 | 9 | 1 | 1 | 21 | 10 |
Corinthians | 2008—2011 | 69 | 35 | 0 | 0 | 69 | 35 |
Brazil | 1994—2011 | 98 | 62 | 7 | 5 | 105 | 67 |
Brazil U17 | 1993 | 7 | 5 | 0 | 0 | 7 | 5 |
Brazil U23 | 1996 | 8 | 6 | 0 | 0 | 8 | 6 |
Unofficial Matches[6] | 1997—2011 | - | - | 16 | 8 | 15 | 8 |
Total Career | 631 | 425 | 83 | 65 | 715 | 490 |
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Роналдо е третото дете на Нелио Назарио де Лима и Соња дос Сантос Барато. За време на 1997 година, Роналдо ја запозна бразилската глумица и моделка Сузана Вернер на снимањето на бразилската серија „Malhação“ каде што заедно глумеа во три епизоди. Иако не се венчаа, тие започнаа долга врска и живееа заедно во Милано до почетокот на 1999 година. Во април 1999 година, Роналдо се ожени со бразилската фудбалерка Милена Домингез, која тогаш беше бремена со нивниот прв син, Роналд. Бракот траеше четири години. Во 2005 година, Роналдо се сврши со бразилската моделка Даниела Кикарели, која забремени, но го изгуби бебето. Врската траеше само три месеци после нивната луксузна свадба. Церемонијата надовно чинела околу 900 000 евра.
Во април 2008 година, Роналдо беше вмешан во скандал со три трансвеститски проститутки кои ги запознал во ноќен клуб во Рио де Жанеиро. Сепак, еден од тројцата барал 30 000 долари и потоа кажал на медиумите. Веридбата на Роналдо со Марија Беатрис Ентони беше откажана после скандалот, но подоцна се одржи. Марија Беатрис Ентони ја роди нивната прва ќерка, Марија Софија, во Рио де Жанеиро на 24 декември 2008 година. Во април 2009 година, целото семејство се пресели во нов стан во Саун Пауло. На 6 април 2010 година, Марија Беатрис ја роди втората ќерка, Марија Алис. Случајно, Марија Алис се роди точно 10 години после нејзиниот постар брат Роналд. Во декември 2010 година, Роналдо и неговото семејство се преселија во нова вила во Саун Пауло. Истиот месец, Роналдо подлегна на тест за татковство и потврди дека е татко на момче кое се вика Александар. Момчето било родено од кратката врска меѓу Роналдо и Мишел Умези, бразилска келнерка која Роналдо ја запознал во Токио во 2002 година. Откако го потврдил четвртото дете, напаѓачот изјавил дека четири се доволно и открил дека направил весектормија.
Роналдо треба да стане претседател на Бразилската фудбалска федерација во 2014 година.
Филантропија
[уреди | уреди извор]На 13 декември 2011 година, фудбалските легенди Зинедин Зидан и Роналдо одиграа хуманитарен натпревар со нивните пријатели против порашени и моментални играчи на германски Хамбург.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Including matches in League Mineiro (Season 1993 - 2 games, 0 goals, season 1994 - 18 games, 22 goals) and League Paulista (2009 season - 10 games, 8 goals ; season of 2010 - 9 games, 3 goals, season 2011 - 2 games, 0 goals). According to some sources, Ronaldo scored for "Barcelona" only 33 goals, with the goal to IV skogo "Sporting" 6 April 1997 and is considered own goalом.
- ↑ Cup Netherlands, Copa del Rey, Coppa Italia Brazil Cup.
- ↑ Copa Libertadores, Super Libertadores UEFA Champions League UEFA Cup UEFA Cup Winners' Cup.
- ↑ Super Cup Spain Intercontinental Cup Rekopa South America matches playoffs for access to the UEFA Cup (Season1998/99).
- ↑ 5,0 5,1 „Ronaldo Luís Nazário de Lima – Goals in International Matches“. Rsssf.com. 23 July 2006. Посетено на 12 December 2010.
- ↑ Благотворительные матчи и матчи-бенефисы.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Роналдо“ на Ризницата ? |
- Ronaldo at Real Madrid (англиски) (шпански)
- Ronaldo – Профил на службената страница на ФИФА
|