Робин Седерлинг
Робин Седерлинг | |
---|---|
Име | Робин Бо Карл Седерлинг |
Земја | Шведска |
Место на живеење | Монте Карло, Монако |
Роден на | 14 август 1984 |
Роден во | Тибро, Шведска |
Спорт | Тенис |
Висина | м[1] | 1,93
Професионалец | 2001 |
Пензинониран(а) | 2011 |
Игра со | • десна рака • дворачен бекхенд |
Заработка | $10,423,124 |
Поединечно | |
Победи-порази | 310–170 (65.00%) |
Титули | 10 |
Највисок пласман | Бр. 4 (15 ноември 2010) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | 4К (2011) |
Ролан Гарос | Ф (2009, 2010) |
Вимблдон | ЧФ (2010) |
УС Опен | ЧФ (2009, 2010) |
Други турнири | |
Мастерс куп | ПФ (2009) |
Олимписки игри | 1К (2004) |
Во двојки | |
Победи-порази | 33–43 |
Титули | 1 |
Највисок пласман | Бр. 109 (9 мај 2009) |
Ажурирано на: 2 октомври 2012. |
Робин Бо Карл Седерлинг (швед. изг. [ˈrɔbɪn ˈsøːdəɭɪŋ]; роден на 14 август 1984 г.) е моментално неактивен тенисер од Шведска. Тој е поранешен светски бр. 4 на АТП листата. Содерлинг играл во две последователни финалиња на Отвореното првенство на Франција во 2009 и 2010.[2] Тој во кариерата освоил 10 АТП титули, од кои една АТП Мастерс титула, на Мастерсот во Париз во 2010 година.
Седерлинг ѝ станал познат на пошироката јавност на Отвореното првенство на Франција 2009, кога станал првиот и единствениот играч кој го победил Рафаел Надал на турнирот сè до 2015, кога истото го сторил и Новак Ѓоковиќ.[3] Од својот прв настап на турнирот во 2005, Надал немал загубено ниту еден натпревар и бил четирикратен шампион. Седерлинг потоа стигнал до финалето, победувајќи го двократниот полуфиналист Николај Давиденко во четвртфиналето и Фернандо Гонсалес во пет сета во полуфиналето. Во своето прво Гренд слем финале, тој загубил од Роџер Федерер, кој успеал да го освои единствениот Гренд слем кој му недостасува.[4] Следната година, тој вторпат последователно стигнал до финалето на турнирот. Тој забележал победа над Федерер во четвртфиналето (завршувајќи ја неговата рекордна серија од 23 последователни Гренд слем полуфиналиња). Во полуфиналето, Седерлинг во пет сета бил подобар од Томаш Бердих, но во финалето тој бил повторно поразен, овојпат од Рафаел Надал.[5]
Поради повреди и болести, Седерлинг се нема натпреварувано од јули 2011. Тој е директор на турнирот во Стокхолм, а исто така започнал и свој бренд на тениски топчиња.[6]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Седерлинг зборува шведски, англиски, и помалку германски јазик. Неговиот татко Бо е адвокат, а неговата мајка Брит-Ингер е домаќинка. Сестрата на Седерлинг, Сандра, е учителка.[7] Тој е оженет со Јени Монстром.[8][9] Двојката своето прво дете, ќерката Оливија, ја добиле на 12 октомври 2012 година.[10][11]
Јуниор
[уреди | уреди извор]Седерлинг започнал да игра тенис на 5-годишна возраст. Во ноември 1998 година, на 14-годишна возраст, тој го одиграл својот прв јуниорски натпревар. Во 2000 година, тој победил на четири јуниорски турнири, а следната година освоил уште три титули, вклучувајќи ја победата на турнирот Оринџ Бол. Тој ја завршил 2001 година како четврти јуниор во светот и истата година заиграл на АТП турнирот во Стокхолм, каде на својот прв АТП натпревар забележал победа над Рамон Делгадо.
Како јуниор, Седерлинг остварил вкупен резултат од 110 победи и 31 пораз во поединечна конкуренција, и во 2002 година се искачил на 2. место на светската јуниорска ранг листа. Тој исто така бил 11 јуниор во светот во двојки.
Јуниорски Гренд Слем резултати:
Отворено првенство на Австралија: 3. коло (2011)
Отворено првенство на Франција: 3. коло (2002)
Вимблдон: 2. коло (2001)
Отворено првенство на САД: Полуфинале (2002)
Големи финалиња
[уреди | уреди извор]Гренд слем финалиња
[уреди | уреди извор]Поединечно: 2 (0–2)
[уреди | уреди извор]Исход | Година | Гренд слем | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
Финалист | 2009 | Отворено првенство на Франција | Земја | Роџер Федерер | 1–6, 6–7(1–7), 4–6 |
Финалист | 2010 | Отворено првенство на Франција (2) | Земја | Рафаел Надал | 4–6, 2–6, 4–6 |
АТП Мастерс финалиња
[уреди | уреди извор]Поединечно: 1 (1–0)
[уреди | уреди извор]Исход | Година | Мастерс | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
Победник | 2010 | Париз Мастерс | Тврда | Гаел Монфис | 6–1, 7–6(7–1) |
АТП финалиња во кариеарата
[уреди | уреди извор]Поединечно: 20 (10–10)
[уреди | уреди извор]
|
|
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Финалист | 1. | 20 октомври 2003 | Стокхолм, Шведска | Тврда | Марди Фиш | 5–7, 6–3, 6–7(4–7) |
Финалист | 2. | 23 февруари 2004 | Марсеј, Франција | Тврда | Доминик Хрбати | 6–4, 4–6, 4–6 |
Победник | 1. | 4 октомври 2004 | Лион, Франција (1) | Тепих | Ксавие Малис | 6–2, 3–6, 6–4 |
Победник | 2. | 31 јануари 2005 | Милано, Италија | Тепих | Радек Штепанек | 6–3, 6–7(2–7), 7–6(7–5) |
Финалист | 3. | 20 февруари 2006 | Мемфис, САД | Тврда | Томи Хас | 3–6, 2–6 |
Финалист | 4. | 18 февруари 2008 | Ротердам, Холандија | Тврда | Микаел Лодра | 7–6(7–3), 3–6, 6–7(4–7) |
Финалист | 5. | 25 февруари 2008 | Мемфис, САД | Тврда | Стив Дарсис | 3–6, 6–7(5–7) |
Финалист | 6. | 6 октомври 2008 | Стокхолм, Шведска | Тврда | Давид Налбандијан | 2–6, 7–5, 3–6 |
Победник | 3. | 26 октомври 2008 | Лион, Франција (2) | Тепих | Жулијен Бенето | 6–3, 6–7(5–7), 6–1 |
Финалист | 7. | 7 јуни 2009 | Отворено првенство на Франција | Земја | Роџер Федерер | 1–6, 6–7(1–7), 4–6 |
Победник | 4. | 19 јули 2009 | Баштад, Шведска | Земја | Хуан Монако | 6–3, 7–6(7–4) |
Победник | 5. | 14 февруари 2010 | Ротердам, Холандија (1) | Тврда | Михаил Јужни | 6–4, 2–0 ret. |
Финалист | 8. | 25 април 2010 | Барселона, Шпанија | Земја | Фернандо Вердаско | 3–6, 6–4, 3–6 |
Финалист | 9. | 6 јуни 2010 | Отворено првенство на Франција (2) | Земја | Рафаел Надал | 4–6, 2–6, 4–6 |
Финалист | 10. | 18 јули 2010 | Баштад, Шведска | Земја | Николас Алмагро | 5–7, 6–3, 2–6 |
Победник | 6. | 14 ноември 2010 | Париз, Франција | Тврда | Гаел Монфис | 6–1, 7–6(7–1) |
Победник | 7. | 9 јануари 2011 | Бризбејн, Австралија | Тврда | Енди Родик | 6–3, 7–5 |
Победник | 8. | 13 февруари 2011 | Ротердам, Холандија (2) | Тврда | Жо-Вилфрид Цонга | 6–3, 3–6, 6–3 |
Победник | 9. | 20 февруари 2011 | Марсеј, Франција | Тврда | Марин Чилиќ | 6–7(8–10), 6–3, 6–3 |
Победник | 10. | 17 јули 2011 | Баштад, Шведска (2) | Земја | Давид Ферер | 6–2, 6–2 |
Во двојки: 2 (1–1)
[уреди | уреди извор]Легенда |
---|
Гренд слем (0–0) |
АТП Мастерс 1000 (0–0) |
АТП 500 серија (0–0) |
АТП 250 серија (1–1) |
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Партнер | Противници | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Победник | 1. | 7 јули 2008 | Баштад, Шведска | Земја | Јонас Бјеркман | Јохан Брунстрем Жан-Жилијен Ројер |
6–2, 6–2 |
Финалист | 1. | 19 јули 2009 | Баштад, Шведска | Земја | Роберт Линдстет | Јарослав Левински Филип Полашек |
6–1, 3–6, [7–10] |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „About « Robin Söderling – Official Website of Swedish Tennisplayer Robin Söderling“. Robinsoderling.se. Архивирано од изворникот на 2011-05-29. Посетено на 2011-06-18.
- ↑ "Greatest Upsets in Sports History" Архивирано на 6 јуни 2009 г. sportsillustrated.cnn.com. Посетено на 5 June 2009
- ↑ Nadal toppled from French throne - ABC News (Australian Broadcasting Corporation)
- ↑ Federer proves he's the greatest - ABC News (Australian Broadcasting Corporation)
- ↑ Nadal regains French Open crown - ABC News (Australian Broadcasting Corporation)
- ↑ Borden, Sam. „A Tennis Career Changeover for Robin Soderling“. New York Times. Посетено на 13 January 2015.
- ↑ „Fanzone " Robin Söderling – Official Website of Swedish Tennisplayer Robin Söderling“. Robinsoderling.se. Архивирано од изворникот на 2010-06-12. Посетено на 2010-06-06.
- ↑ „About " Robin Söderling – Official Website of Swedish Tennisplayer Robin Söderling“. Robinsoderling.se. Архивирано од изворникот на 2011-05-29. Посетено на 2010-06-06.
- ↑ „Robin Soderling“. Website. Архивирано од изворникот на 2016-03-16. Посетено на 13 June 2012.
- ↑ „Robin Soderling & Marcos Baghdatis Become Fathers“. Архивирано од изворникот на 2012-12-15. Посетено на 2015-09-17.
- ↑ Robin Söderling @RSoderling (Twitter)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Робин Седерлинг“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место Архивирано на 4 март 2012 г.
- Робин Седерлинг Профил на мрежното место на АТП (англиски)
- Робин Седерлинг на официјалното мрежно место на Меѓународната тениска федерација
- Робин Седерлинг на официјалното мрежно место на Дејвис купот