Роберт Браунинг
Роберт Браунинг | |
---|---|
Роберт Браунинг ц. 1888 | |
Роден/а | 7 мај 1812 Кембервел, Лондон, Англија |
Починат/а | 12 декември 1889 Венеција, Италија | (возр. 77)
Занимање | поет |
Значајни дела | Прстенот и книгата, Мажи и жени |
Потпис |
Роберт Браунинг англиски: Robert Browning (7 мај 1812, Лондон, Англија - 12 декември 1889, Венеција, Италија) — англиски поет[1].
Дела
[уреди | уреди извор]Неговите дела вклучуваат драми како: „Пипа Паси“ (1841) и долги поеми, вклучувајќи го и „Сордело“ (1840)[2]. Додека бил женет (1846-61) со Елизабет Барет Браунинг[3], во Италија, го напишал делото „Мажи и жени“ (1855), кое содржи драматична лирика како „Љубов меѓу руини“ и монолози како што се „Фра Липо Липи“ и „Извинувањето на епископот“, „Драматична личност“ (1864), како и „Рабинот бен Езра“ и „Калибаци над Сетебоси“, на крај му донеле голема популарност. Неговата книга „Прстенот и книгата“ (1896-69)[4] е заснована на судски процес за убиство во Рим.
Влијание и стил на пишување
[уреди | уреди извор]Браунинг влијаел на многу модерни поети преку својот драматичен монолог[5] (со посебно внимание на поединечната психологија) и преку своето успешно пишување за различни теми од модерниот живот со јазик, кој за современците често бил тежок за разбирање.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Robert Browning, British poet
- ↑ Robert Browning Biography
- ↑ Poetry Foundation
- ↑ The Ring and the Book
- ↑ Dramatic monologue
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Victorian Web
- Поеми
- Прстенот и книгата Архивирано на 8 септември 2015 г.