Римски диктатор
Оваа статија е дел од серијалот за политиката на римската држава |
Периоди |
|
Римски устав |
Преседан и право |
|
Собранија |
Редовни магистрати |
Вонредни магистрати |
Титули и почести |
Портал: „Стар Рим“ |
Во периодите кога rимската држава, обично по продирањето на варварите, ќе се нашла во состојба на вонредна опасност (“криза“), Сенатот, исклучиво според критериумот на граѓански углед, именувал диктатор со неограничени овластувања[1]. Диктаторот имал овластувања само додека траела опасноста и единствена задача му била со сите можни средства да ја отстрани опасноста од државата и повторно да ја воспостави нормалната состојба. Со престанокот на кризата и мандатот на диктаторот му престанувал, а тој се враќал на положбата што ја имал пред именувањето, додека врховната власт повторно ја преземал Сенатот.
Ако именуваниот диктатор и по престанувањето на опасноста (кризата), со злоупотреба на неограничените овластувања и заповедничката моќ, ги задржи таквите овластувања, тој станува тиранин, а неговата власт се нарекува тиранија.
Ако пак, за да ги задржи диктаторските овластувања и моќ, ја продолжува состојбата на вонредна опасност, предизвикувајќи кризи, тогаш неговата власт се нарекува терор, а тој станува терорист.
Попис на римските диктатори
[уреди | уреди извор]- 501 г. п.н.е. – Тит Ларциј
- Марко Фуриј Камил – пет мандати
- 458 г. п.н.е. – Луциј Квинциј Цинцинат, втор мандат 439 г. п.н.е.
- 342 г. п.н.е. – Марко Валериј Корво
- 333 г. п.н.е. – Публиј Корнелиј Руфин
- 324 г. п.н.е. – Луциј Папириј Курзор
- 315 г. п.н.е. – Квинт Фабиј Максим Рулијан
- 301 г. п.н.е. – Марко Валериј Корво, втор термин по Втората самнитска војна
- 292 г. п.н.е. – Апиј Клавдиј Цеко
- 285 г. п.н.е. – Апиј Клавдиј Цеко
- 249 г. п.н.е. – Ауло Атилиј Кајатин, по катастрофата кај Дрепан, за време на Првата пунска војна
- 221–219 г. п.н.е. – Квинт Фабиј Максим Кунктатор
- 217 г. п.н.е. – Квинт Фабиј Максим Кунктатор, за време на Втората пунска војна
- 216 г. п.н.е. – Марко Јуниј Пера и Марко Фабиј Бутео
- 203 г. п.н.е. – Публиј Сулпициј Галба Максим
- 82 г. п.н.е. до 80 г. п.н.е. – Луциј Корнелиј Сула - “Феликс“, "Dictator - rei publicae constituendae causa"
- 46 г. п.н.е. и 45/44 г. п.н.е. – Гај Јулиј Цезар, "Dictator - rei gerendae causa" & од 44 г. п.н.е. "Dictator perpetuus"
Наводи
[уреди | уреди извор]
|