Речна пастрмка
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Речна пастрмка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Зракоперки |
Ред: | Лососовидни |
Семејство: | Лососи |
Род: | Пастрмки |
Вид: | Речна пастрмка |
Научен назив | |
Речна пастрмка Linnaeus, 1758 | |
Морфи | |
Salmo trutta morpha trutta |
Формулата на перките е: D III – IV 9 – 11, A II – III – IV 7 – 8 -9, P I 12 – 13, а на страничната линија (110) 120 – 130 (140). Забите на вомерот се распоредени во два реда и се задржуваат во текот на целиот живот. Лушпите по телоото се ситни, а главата е голе. Бројот на бранхиоспини на првиот шкрбен лак изнедува 18 – 24, а бројот на пилорични придатоци 40 – 100, или просечно 65, 38. Диплоидниот број на хромозоми е 84, иако постои значително варирање меѓу внатревидовите форми.
Надворешни одлики
[уреди | уреди извор]Телото е заоблено, мускулето, цврсто и пропорционално, а бојата силно варира зависно од условите на средината. Посебна убавина на рибите им даваат бројните тркалезни црни и јарко црвените пеги (последните опкружени со светол прстен), расфрлени по страните на телото, грбот, жабрите и грбната перка.Младите речни пастрмки имаат посветла боја. Може да постои разлика во обоеноста и меѓу пастрмки од различни делови на ист водотек.
Услови за живот
[уреди | уреди извор]Оваа пастрмка е широко распространета во студените планински потоци и реки со чиста, бистра вода, богата со кислород; може да се најде и во рамничарски реки и во реки со чиста и студена вода. Бараат песокливо и каменесто дно. Најмногу ги сакаат брзотечечките и пенливи потоци. Во некои студени води се и единствени претставиници на ихтиофауната. Брзиот тек е важен фактор што позитивно влијае врз нивниот развој и размножувањето. Висока и стабилна концентрација на кислород во водата е неопходна за опстојување на овие риби. За добро поднослива содржина на кислород во водата се смета 7–8 mg /L, а веќе при 3,5 до 4 mg/L, особено во лето, настанува критична состојба, 2,5–3 mg/L, можат да поднесат само кусо време, а при подолги периоди и (или) при пониска содржина на кислород овие пастрмки брзо умираат. Тие не сакаат ниту поголеми колебања на температурата на водата. Најдобро се чувствуваат при температури на водата меѓу 10 и 16оС, а хранењето и развитокот се најбрзи при температура на водата од 18 до 20оС, ако водата е доволно оксигенирана. Никогаш не се движат во јата, туку се солидарни пастрмки. Обично се задржуваат во едно подрачје на реката а се селат при неповолен, и низок водостој, или заради мрестење(возводно), а заради потреба по храна во двете насоки. Помалите примероци се задржуваат во брзаците, а поголемите во длабоките вирови криејќи се под камења, во дупки и под корења, од каде долго време можат внимателно да демнеат наоколу и по потреба брзо излегуваат за да фатат плен, или во случај на опасност да избегаат во водената струја.
Полови одлики
[уреди | уреди извор]Половата зрелост настапува во третата или четвртата година, кај машките може уште и во втората. Плодноста е релативно мала и изнесува 1000-2000, а може да достигне и 2500 зрна икра по килограм телесна маска на женката. Икрата е бледо портокалова, со пречник просечно од 4,5 до 5mm (од 3,1 до 6,9mm,зависно од величината и возраста на женката). За време на периодот на мрестењето се јавува полов диморфизам, кој се одликува со следново: машките добиваат поинтензивна боја, кај постарите примероци долната вилица се издолжува и куковидно се извива нагоре (навнатре), додека женките имаат силно набрекнат стомак, а околу половиот отвор се забележува надуеност и зацрвенување, наспроти машките, кај кои тој отвор е во вид на кон внатре вдлабната цепнатина. Мрестењето обично е во периодот ноември-јануари, а зависно од термиката на водатда(настапувањето на зимата), може да биде и порано, односно подоцна(од септември до март). Женката ја исфрла икрата на плитки места со силно струење на водата и на месочно-каменеста подлога, во која женката претходно со опашката направила длапка (гнездо) со димензии 20 до 30 cm-ширина и 15 cm-длабочина. Веднаш потоа машката риба ја прелива икрата со млеч и по оплодувањето обете риби ја покриваат оплодената икра со камчиња за да ја заштитат од однесување од водата и од изедување. Местата за мрестење се во најгорните региони на реките и на патот до таму рибите совладуваат големи и тешки препреки, понекогаш високи и 1,5-2m, за кое време не се хранат. По извршеното мрестење тие се враќаат надолу, до местата на постојано живеење и засилено се хранат за да ја надоместат изгубената телесна маса поради големите напрегања, создавањето на половите производи и гладувањето. Поради брзиот тек на водата што за време на мрестењето однесува дел од семената течност, оплодувањето се извршува во мал процент. Инкубацијата на икрата трае просечно 2 до 3 месеца и излупувањето обично настапува во перодот март-април, кога во водата има поизобилно храна за малите рипчиња.Покрај температурата, значајна улога има и количаствтото на растворен кислород во водата чие снижување може, исто така, да го продолжи зреењето на икрата, а за тоа може да има влијание и светлината. Просечно, времето на инкубацијата се изразува како 480 степеноденови, а може да варира од 410 до 530 степеноденови. Од излупувањето на ларвите, па додека тие станат мали рипчиња способми за активно хранење потребни се 120 степеноденови, па такаод моментот на оплодувањето на икрата па до почетокот на активната исхрана на малите пастрмчиња се вкупно 600 до 650 степеноденови.
Растење
[уреди | уреди извор]Темпото на растење на оваа форма на пастрмката е доста бавно. Во нормални услови, едногодишните пастрмчиња се 10 до 12 cm долги и тежат до 20 g, две годишните 23–24 cm, односно 125 до 170 g, тригодишните 30–32 cm, односно 250 до 300g и така натаму. Инаку познати се примероци од 1250 до 1500 g на две годишна возраст но тие растеле во исклучително поволни животни и хранидбени. Спротивно, во услови под нормалните пастрмките не можат д аги достигната ниту просечните димензии. Речната пастрмка може да живее до 16 години и да достигне неколку килограми. Се храни со многу разнообразна фауна: други риби(особено покрупните примероци пастрмка), меѓу кои преовладуваат видови кои ги населуваат пастрмските води (пиорот phoxinus phoxinus, пешот cottus gobio и друго), потоа ларви од водени инсекти, инсекти кои пагаат во водата и што летаат ниско над неа, икра од други риби, жаби, полноглавци, црви итн. Најмногу се храни во предвечерие, ноќе и во рана зора.
|