Прејди на содржината

Разговор со корисник:Brest/Архива/2009/септември/22

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
brest T 
архива на разговори (1,26M+)
тековни

2012/13 (67.6k)


2012.01.01 - 2013.12.30 67.6k 

2010/11 (205k)


2010.10.31 - 2011.12.30 30k 
2010.08.05 - 2010.10.31 58k 
2010.04.25 - 2010.08.05 74k 
2009.12.31 - 2010.04.25 43k 

2009 (318k)


2009.09.22 - 2009.12.31 32k 
2009.04.30 - 2009.09.22 44k 
2009.02.28 - 2009.04.30 58k 
2009.01.31 - 2009.02.28 129k 
2008.12.31 - 2009.01.31 55k 

2008 (460k)


2008.10.06 - 2008.12.31 76k 
2008.08.22 - 2008.10.06 63k 
2008.05.21 - 2008.08.22 63k 
2008.04.21 - 2008.05.20 46k 
2008.03.21 - 2008.04.20 50k 
2008.03.03 - 2008.03.21 50k 
2008.02.24 - 2008.03.03 39k 
2008.01.22 - 2008.02.24 34k 
2007.10.08 - 2008.01.22 39k 

2007 (209k)


2007.09.01 - 2007.10.08 56k 
2007.07.12 - 2007.09.01 39k 
2007.06.25 - 2007.07.12 32k 
2006.04.17 - 2007.06.25 82k 
mini
mini
За подобрување и унапредување на Македонската Википедија
за Брест од Виктор

Страници за разговор, интервики и категории

[уреди извор]

Здраво brest. Ќе те замолам ако може ботот да ги среди и страниците за разговор, да додаде интервики и да ги уреди категориите на статии за години во областите во кои веќе ги уредивме. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:31, 30 април 2009 (UTC)

Мерач на уредувања

[уреди извор]

Здраво, brest. Сакамда предложам да ги преведеме шаблоните од Виипедија на спркси со кој се мери бројот на уредувањата на секој корисник и со ботот да ги ставиме на страницата на секој корисник на Википедија на македонски. Мислам дека тоа би било добро и може да делува мотивирачки. Инаку за новајлиите добро би било да направиме една награда, со која ќе ги наградиме за нивните придонеси. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:38, 14 мај 2009 (UTC)

Државни празници ("во" или "на")

[уреди извор]

Здраво Брест, видувам овде Категорија:Државни празници по земја кетегориjата е Државни празници во Република Македонија а статиjата Државни празници на Република Македонија. Кое е поточно? --Стан (разговор) 09:46, 24 мај 2009 (UTC)

Добра забелешка. Според мене и двете може да бидат точни, зависно од контекстот. Меѓутоа подобро ќе биде да се консултираме со Корисник:Виолетова на оваа тема.--brest (разговор) 09:50, 24 мај 2009 (UTC)
Т.е. поточно е Државни празници на Република Македонија, додека ако се зборува за празници (без префиксот дрќавни) тогаш би било Празници во Република Македонија, каде би влегле и религиозни празници, празници на малцинствата и слично.
Добро, jа преместив статиjата за Бугариjа, но категориjата за Македониjа не можам :) --Стан (разговор) 10:46, 24 мај 2009 (UTC)
Правилно е со ВО, со тоа се осначува каде е чествуван празникот.--MacedonianBoy 10:47, 24 мај 2009 (UTC)
Не си во право. Види Законот за празниците на Република Македонија --Стан (разговор) 10:48, 24 мај 2009 (UTC)
Предлогот во означува место или локација и поради тоа е соодветен за насловот.--MacedonianBoy 10:50, 24 мај 2009 (UTC)
Јас мислам, а и најчесто го имам среќавано со „на“, а не со „во“. Тоа е најверојатно поради тоа што празникот е одреден според законот за празници на Република Македонија. Предлогот „во“ ми звучи несоодветно, а со него се губи и значењето на празникот, кое тој го има за Македонија.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:01, 24 мај 2009 (UTC)
Јас мислам дека е на, бидејќи празникот е во сопственост НА Македонија. Сопственоста со предлогот во не се изразува.--Р ашо 11:05, 24 мај 2009 (UTC)
Ај, како велите вие.--MacedonianBoy 11:08, 24 мај 2009 (UTC)

Ден на словенската писменост (24 мај празници)

[уреди извор]

Мислам дека е добро да стои само Ден на словенската писменост. Така не може никого да заборавиш, а и имплицира космополитизам, а вака е ситничарење, ако треба да ги набројуваш... така секогаш може некого да заборавиш. Поздрав, --Wikimk (разговор) 10:03, 24 мај 2009 (UTC)

Философско прашање е дали да се генерализира или детализира. Факт е дека прославата е поврзана со словенската писменост, но исто така факт е дека е поврзана и конкретно со светите браќа Кирил и Методиј. Факт е дека во различни земји различно се гледа на овие работи, понекогаш постојат само мали разлики но некаде има и дијаметрално спротивни гледишта. Ако некој е заборавен ќе го допишеме, ќе креираме статија доколку е доволно релевантно да има статија.--brest (разговор) 10:12, 24 мај 2009 (UTC)
Исто така и факт е дека Св. Кирил и Методиј работеле за Цариград и борбата била кој (дали Цариград или Рим) ќе ги стави словенските племиња во зона на свој интерес, ама тоа во училиштата на мали и незначајни државички на балканот нема никогаш да се учи. Тоа што тие нас не описмениле и ни дале христијанство е друга работа (денес тоа се вика колатерална штета). Ова оди во прилог на она што неколку пати го имам кажано на Википедијава. На балканот фрустрациите се најголеми. Поздрав, --Wikimk (разговор) 10:30, 24 мај 2009 (UTC)
:) Државните училишта се места каде се практикува државната идеологија, во црковните училишта се практикува црковната идеологија/индоктринација. --brest (разговор) 10:50, 24 мај 2009 (UTC)
:-) --Wikimk (разговор) 10:54, 24 мај 2009 (UTC)
Википедија е обид да се разбијат овие идеолошки стереотипи, и најверојатно наметнување на нов начин на поимање на работите, можеби проамерикански/прозападни, како колатерална придобивка/штета, додека конечно не преовладеат проамериканските/прозападните гледишта, имаме обид за наметнување на други странични гледишта (за нас од интерес, грчките, бугарските ...).--brest (разговор) 11:04, 24 мај 2009 (UTC)
За жал во ситуација кога доминантно мислење на луѓето во регионот е тоа што им се инсталира на децата на училиштата, а не слободната и критичка мисла, како што тоа било во античко време (на овие простори) или во времето на ренесансата во Италија. Мислам дека со рововска поставеност на размислувањата, со каква овде се сретнуваме овде секојдненвно, Википедија е место да се искажат (најмногу) сопствените фрустрации. Најчестите дискутанти на тема кој дошол прв и кој од кого потекнува се луѓе од мешани бракови - луѓе кои имаат проблем со сопствениот идентитет и не знаат всушност каде припаѓаат. До информациите за ова може многу лесно да се дојде од едноставно фрлање на погледна корисничките страници на тие кои учествуваат во докажувања. Всушност, некаде имам прочитано, дека најголемите усташи во Втората Светска војна биле од мешовити семејства. :-) Поздрав, --Wikimk (разговор) 11:16, 24 мај 2009 (UTC)

Sysop.js/Sysop.css

[уреди извор]

Brest, ќе можеш малку поспецифично да ми објасниш за што се овие две скрипти? Генерално знам но поспецифично за што се? Поз--MacedonianBoy 16:28, 25 мај 2009 (UTC)

Додава уште едно копче во Special:Undelete формата кое овозможува инверзна селекција.--brest (разговор) 16:35, 25 мај 2009 (UTC)
Аха, знаев дека додава копче но не знаев за што. Поз--MacedonianBoy 16:40, 25 мај 2009 (UTC)

Избрани слики за месец јуни

[уреди извор]

Преведени се избраните слики за месец јуни (овде). Сега може да се пренесат тука. Медиите ќе ги преведам утре и ќе те известам штом ќе ги завршам. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 08:22, 28 мај 2009 (UTC)

  • Медиите за месец јуни се преведени, така што можеш да ги поставиш на мк вики. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:27, 31 мај 2009 (UTC)

Навистина фала, но таа порака што ја оставив за да намерно некој ја види во скорешните промени не беше никаква провокација иако често знам сите да ве испровоцирам и секогаш да дадам спротивно мислење. Но овој пат навистина беше од чиста нервоза. Секогаш ќе одберам статија на кој ќе работам и кога ќе ставам инфокутија или додека преведувам ќе наидам на некој шаблон веднаш забележувам дека го немаме тој шаблон. И потоа одам и одма го правам па ако наидам на некоја вики врска веднаш барам да не ја имаме па ако ја немаме како да ја преведам... исто е и со статиите морам да видам дали ја имаме таа одредена статија. Е кога ќе видиш од планиран еден час во нормално преведување станал 5 часа и пак не е допреведено и го оставам за утре... Многу се нервирам околу тоа но не е ничија вина... затоа навистина не ја заслужувам наградата, но сепак фала. :) --Макс(разговор) 17:21, 1 јуни 2009 (UTC)

Шаблон за екстрасоларна планета

[уреди извор]

Ај среди го кога ќе можеш шаблонот за екстрасоларна планета што се појавува во статијата Fomalhaut b. Првпат налетав на таков, а го немаме. --Виолетова (разговор) 21:50, 4 јуни 2009 (UTC)

АСМ, анти-спортисти на македонија

[уреди извор]

Здраво. Ја сум Деки од АСМ. Направив на Википедиа за АСМ кратко, да остане нешто запишано. Зошто го избриша? Имаше проблеми нешто? Не треба да биде објавено или што е проблемот?

Поздрав, Деки

Несоодветен наслов на статија, неенциклопедиска содржина, недоверливи извори, самопромоција. Тоа се некои од причините поради кои е избришана статијата која ја имате креирано.--brest (разговор) 11:19, 8 јуни 2009 (UTC)

Повеќе уредувања

[уреди извор]

Здраво Брест, дали постои начин да се отстранат повеќе последователни уредувања од еднаш? Фала за одговорот. Поздрав, --Wikimk (разговор) 14:46, 9 јуни 2009 (UTC)

На иста статија или на различни статии?--brest (разговор) 14:47, 9 јуни 2009 (UTC)
На иста. Мислев дека со откажување на уредувањата се откажува само тоа што ќе го избереш, а не и сите помеѓу. Ама очигледно дека не сум бил во право. Поздрав, --Wikimk (разговор) 14:50, 9 јуни 2009 (UTC)
Со опцијата врати во историјата на страницата се поништуваат сите уредувања на последниот уредувач до последното уредување на претпоследниот уредувач. Со откажи, доколку е на врвот од историјата (најново уредување) се поништува последното уредување при што автоматски се отвора прозорец за уредување, доколку не е на врвот од историјата тогаш само се отвора прозорец за уредување, т.е. исто како кога би притиснале на уреди.--brest (разговор) 15:04, 9 јуни 2009 (UTC)

Избрани слики за месец јули

[уреди извор]

Здраво. Еве ги сликите за месец јули кои ги преведов, и сега можат да се префрлат кај нас на мк.вики. Сега следат и медиите, кои ќе гледам да ги преведам што поскоро. За нив ќе те информирам накнадно. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 02:01, 24 јуни 2009 (UTC)

  • Готови се и медиите, еве ти тука.

Правописните измени на ботот

[уреди извор]

Брест, сакам да ја погледнам листата на правописни измени кои ги прави ботот на сите статии. Каде можам да ги видам? Ако ги нема на некое достапно место, те молам објави ми ги. Brainmachinewtf? 15:44, 24 јуни 2009 (UTC)

Википедија:Чести правописни грешки.--Никола Стојаноски 17:37, 24 јуни 2009 (UTC)


Добро би било прво на страницата за разговор, да се дискутираат промените. --brest (разговор) 23:52, 24 јуни 2009 (UTC)

Не беше посочен извор за Слика:FK Belasica.jpg

[уреди извор]

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:FK Belasica.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.

Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.

Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 19:27, 25 јуни 2009 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор или обратете се до Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 19:27, 25 јуни 2009 (UTC)

Работа со бот

[уреди извор]

Здраво, Brest. Нема ли да биде лошо статиите да ги уредуваме со додавање на табели по секој континент одделно. Инаку се согласувам дека е добро да има некои додатни апарметри, иако мислам дека бланко статијата е само пример и ако треба веднаш ќе ја сменам. Исто така сакам да прашам дали ќе може да се средат и другите статии, како и категориите и страниците за разговор кои мислам дека се потребни. Инаку, деновиве во план е да се покрене иницијатива за уредување на статии за националните фудбалски тимови на државите во светот, па мислам дека поради тоа што има над 12.000 регистрирани корисници, добро ќе биде оваа работа да се среди со бот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:36, 26 јуни 2009 (UTC)

Може и по секој континент одделно. Битно е да се средат тие табели за да може да се пополнат новите страници. Во спротивно не гледам голема смисла да се додаваат сосема празни страници, и така ги имаме премногу до сега. Што се однесува до планираната иницијатива, нема смисла да се праќа поракак до сите 12.000 корисници од причини што не сите се активни, некои се ботови, некои не ги интересира фудбал и сл. Така да трошењето на ресурси на додавање пораки до сите корисници е сосема безкорисно. За пример, по повод викиизлетот ботот информираше околу 350 корисници кои во последните 30 дена направиле барем едно уредување и според мојата анализа ама баш ниту еден не најде за сходно да одговори било позитивно било негативно. Така што нема да трошиме ресурси за тоа.--brest (разговор) 13:15, 26 јуни 2009 (UTC)

Ок. Ќе пополнам јас една статија со сите држави, која ќе биде како урнек за другите. Исто така, побарав со ботот да се средат и категориите од статиите за години, а истото сакав да го предложам и за сите други „црвени категории“. Некако непотребни ми изгледаат, категории во статија кои не постојат.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:45, 27 јуни 2009 (UTC)

Портали

[уреди извор]

Здраво, Brest. Деновиве ги средувам страниците на порталите и го направив шаблонот {{ВикиПроект Портали статија}}. Малце ја сменив содржината во однос на другите шаблони за страниците за разговор. Мислам дека ќе биде добро со ботот да се додаде овој шаблон, до сите статии што се во именскиот простор портали. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:15, 1 јули 2009 (UTC)

Нè нема на en Wiki!

[уреди извор]

Дали сте приметиле дека, од за мене непознати причини, нас нè снема од интервикијата на главната страница на англиската Википедија!? Дали некој воопшто знае зошто?? Веќе поставив тема на Селската чешма --Б. Јанкулоски (разговор) 21:58, 7 јули 2009 (UTC)

Категоризација

[уреди извор]

Е добро шо ми кажа по незнам колку статии категоризирани од мене. Сега би требало сите да ги бришам. Од друга страна ќе треба пример Категорија:1900 да ја избришам и да ја создам Категорија:1900 година. Изминатите неколку денови правев само бројката без година, и сеа се во аут. Шо знам сега, шо да правам да се опрости работата. Има ли начин во пренасочување на категории или...--Астрион (разговор) 13:38, 10 јули 2009 (UTC)

Само да расчистам нешто: категориите ги именуваме вака:
  • Категорија:Родени во 1999 година
  • Категорија:Починати во 1999 годија
  • Категорија:1999 година.

Вака треба? Сакам поспецифично да прашам за последната категорија, дали да стои Категорија:1999 година или само Категорија:1999? Поз--Никола Стојаноски 15:03, 10 јули 2009 (UTC)

Јас мислам дека би требало да биде со точка (.). Односно:
  • Категорија:Родени во 1999. година;
  • Категорија:Почихнати во 1999. година;
  • Категорија:1999. година.
За ова замолив и во селската чешма, но не знам дали сте го прочитале. Точката (.) всушност го членува бројот, па така (1999. е илјада деветстотини деведесет и деветта, а 1999 е илјада деветстотини деведесет и девет). Мислам дека логиката на Brest е дека, доколку е само бројот (на пр.1999), тогаш категоријата би се однесувала само на бројот, а доколку е допишан и зборот „година“, тогаш точно ќе се знае што е. Тоа можеби помага, но граматички воопшто не (на пр. 1999 година е исто што и илјада деветстотини деведесет и девет година). Во македонскиот јазик, броевите запишани во бројка не се членуваат сами или со допишување на збор. Веќе кога ги поправаме категориите, тогаш нека биде во склад со Правописот.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:14, 10 јули 2009 (UTC)

Re:Симвастатин

[уреди извор]

Здраво Брест,
Затоа ја почнав оваа работа. Кога сконтав како функционира шаблонот веднаш помислив дека од ова може да се направи база на податоци и од неа во шаблонот да се пополнуваат ќелиите. Јас всушност на бот мислам кога велам „кој рече дека јас не знам да правам никулци“. Имам 2-3 идеи како може овие работи да се направат поелегантно. За останатите идеи кои ги спомна, исто така, немам против. :-) Поздрав, Wikimk (разговор) 09:36, 13 јули 2009 (UTC)

Вештачки сателити

[уреди извор]

Здраво, Brest. На Интернет пребарував и случајно на Википедија на српски ја најдов оваа надворешна врска (http://www.planet4589.org/space/log/satcat.txt). Во неа има податоци, табеларно прикажани, па ќе те замолам ако може да ја погледнеш и да ми кажеш дали овие податоци може да се вметнат во статии. За содржината на статијата не е проблем. Имам испланирано како ќе биде текстот во статиите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:45, 16 јули 2009 (UTC)

P.S.Конкретно уредувале статии, користејќи ја оваа база на податоци на НАСА (http://nssdc.gsfc.nasa.gov/nmc/spacecraftDisplay.do?id=1992-088A). Инаку на страницата на ботот е даден принципот на работа. Со оглед на ова, мислам дека би можела да се обработи оваа база на податоци и да се средат нови статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:04, 16 јули 2009 (UTC)

Ok, добро е, ќе го разгледам материјалот и се надевам дека ќе направиме нешто.--brest (разговор) 08:47, 17 јули 2009 (UTC)

Најдов слична база и за NGC објектите(http://www.seds.org/~spider/ngc/ngc.cgi?52).--Kiril Simeonovski (разговор) 10:14, 17 јули 2009 (UTC)

Слики и медии за месец август

[уреди извор]

Еве ги преведените слики за месец август. Ќе ги додадам и медиите, штом ќе ги преведам. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 11:40, 25 јули 2009 (UTC)

Б. Ѓуровски

[уреди извор]

Хвала за Разговор:Бошко Ѓуровски Burduhuan (разговор) 15:17, 26 јули 2009 (UTC)

„Баг рипорт“

[уреди извор]

Ботот го додава шаблонот {{Страница за разговор}} на почетокот од првиот ред од создадените страници за разговор не оставајќи нов ред за веќе постоечкиот текст (кој доаѓа во истиот ред пред шаблонот). Ако има создадена ==прва секција==, таа нема да се форматира правилно. Еве пример и разл.. Поздрав, Brainmachinewtf? 23:58, 28 јули 2009 (UTC)

Да, знам, ја забележав грешката и веќе кај поновите додавања на овој шаблон тоа не се случува, така што ако некој ја забележи оваа грешка во страниците слободно нека ја исправа, ако подоцна ќе пуштам нов бот кој ќе се обиде да ја исправи оваа грешка, сега нека заврши со првобитната работа.
Второ, забележав дека бришеш слики, што е во ред, само забележав дека некои слики (пример: Податотека:Pusta-reka.jpg, ) и не мора да бидат избришани, затоа што корисникот ги предал во јавен домен (лиценца {{ГЛСД-корисник}}) а покрај тоа статијата Пуста Река нема никаква илустрација, така што добро би било и покрај ВП:НЕГАЛЕРИЈА некои слики да се задржат затоа што можат да бидат во иднина на некој начин употребени. Веројатно има и други слични примери, затоа би сакал да внимаваш на овој момент при бришењето на сликите.--brest (разговор) 07:50, 29 јули 2009 (UTC)
Да, да, те сфаќам, ми се испуштила таа слика. Свесен сум за ова: сите слободни, а корисни слики ги бележам со {{За копирање на Ризницата}} и се во КАТ:РИЗНИЦА (веќе има неколку такви) за подоцна да ги преместиме во Ризницата — да се најдат за во статии, но да не стојат овде како слики-сирачиња. --Brainmachinewtf? 14:13, 29 јули 2009 (UTC)

За големата буква: PHP имаше можност за аЛтоматско претворање на првата буква во голема. Помислив на тоа што го велиш, ама имајќи го предвид претходноти решив вака да го оставам. Поздрав, --Wikimk (разговор) 13:40, 4 август 2009 (UTC)


Не сакам да претерувам, ама ај да прашам. Повторно во PHP постои можност да се најде конкретен таг. Во случајов тоа што ме интересира би било присуството на тагот <ref> во шаблоните. Со оглед на ова доколку може да се препознае тагот може автоматски да се додаде и поднаслов Литература во статиите што ќе ги направи ботот. А ако тоа е можно, можеби би моло да се додадат и поднасловите Надворешни врски. Само прашувам. :-) Поздрав, --Wikimk (разговор) 14:12, 4 август 2009 (UTC)

Здраво, Brest. Кога ги средувавте податоците, само овие 3 збора ги имаше во базата на податоци? Мислам дека не би било лошо доколку би била наведена хемиската равенка како посебна секција и барем некоја надворешна врска. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:30, 4 август 2009 (UTC)

Избрани слики за месец септември

[уреди извор]

Еве ги преведените избрани слики за месец септември. По ова ќе следат и медиите. Ќе те известам кога ќе бидат готови. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 04:55, 24 август 2009 (UTC)

Вики средба

[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 29 август, сабота, со почеток во 12:00 ќе се одржи Вики средба во трговскиот центар Ramstore во Скопје, на која главно ќе се разговара за здружението Викимедија Македонија, за чие основање сте заинтересирани. Ве поканувам да присуствувате на оваа средба, а Вашето присуство може да го потврдите овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:53, 24 август 2009 (UTC)

Презакажана Вики средба

[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека Вики средбата е презакажана за 2 септември, со почеток во 18:00. Се надеваме дека ќе бидете во можност да присуствувате. Сепак, без оглед на Вашата одлука, Вашето присуство или отсуство може да го потврдите овде, а може да оставите и дополнителен коментар.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:23, 31 август 2009 (UTC)

Hi. Can you help me? Is source code for Brest-bot published? Best regards, --94.250.46.190 (разговор) 17:20, 10 септември 2009 (UTC)

Sorry, but the source code is not yet published, i.e. there is many separate small procedures and most of them have very frequent changes, so publishing is not subject of mater. If you have some specific question, I will try to help.--brest (разговор) 17:37, 10 септември 2009 (UTC)

Na Indoeuropskom stablu prikazan je nepostojeći jezik srpskohrvatski ??

[уреди извор]

Danas postoje samostalni jezici; 1.Hrvatski jezik 2.Srpski jezik

Hi, there is an issue at the Wikipedia:Administrators' noticeboard that requires your attention. Regards! --Стан (разговор) 10:07, 19 септември 2009 (UTC)