Приморско-горска жупанија
Изглед
Приморско-горска жупанија Primorsko-goranska županija | |||
---|---|---|---|
Жупанија | |||
Приморско-горска жупанија (портокалова) во Хрватска (жолто) | |||
Главен град | Риека | ||
Управа | |||
• Жупан | Златко Комадина | ||
Површина | |||
• Вкупна | 3.582 км2 (1,383 ми2) | ||
Население (2001) | |||
• Вкупно | 305.505 | ||
• Густина | 85/км2 (220/ми2) | ||
Повикувачки број | 051 | ||
ISO 3166 | HR-08 | ||
Мреж. место | http://www.pgz.hr/ |
Приморско-горската жупанија се наоѓа во западна Хрватска. Го опфаќа подрачјето на градот Риека, североисточниот дел на истарскиот полуостров, Кварнерските острови, Хрватското приморје и Горски котар. Седиште на оваа жупанија е градот Риека, третиот најголем хрватски град.
Население
[уреди | уреди извор]Приморско-горанска жупанија
[уреди | уреди извор]Според пописот на населението од 2001 година, жупанијата броела 305,505 жители (6,9% од вкупното население во Хрватска) со просечна густина на населеност од 85 жители на км2.
Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 84,6 %, Срби 4,9%, Италијанци 1,2%, Бошњаци 1% и други.
Бројот на жителите низ годините
[уреди | уреди извор]година на попис | 2001 | 1991 | 1981 | 1971 | 1961 | 1953 | 1948 | 1931 | 1921 | 1910 | 1900 | 1890 | 1880 | 1869 | 1857 |
бр. на жители | 305,505 | 323,130 | 304,038 | 270,660 | 240,621 | 216,781 | 207,635 | 237,748 | 223,640 | 239,354 | 217,653 | 198,934 | 179,246 | 173,038 | 165,503 |
Извор
[уреди | уреди извор]- ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјален портал на градот Риека (хрватски)
- www.rijekadanas.com (хрватски)
|