Прејди на содржината

Послание до Ефесјаните

Од Википедија — слободната енциклопедија

Посланието на апостол Павле до Ефесјаните е книга од Новиот завет, која била напишана од страна на апостол Павле. Во текот на средниот век, посланието било структуирано во шест глави.

Апостол Павле во Ефес поминал три години од неговото мисионерско патување. Посланието било напишано во околу 60 година, и истото е упатено до христијаните од Ефес, кој се наоѓа во Мала Азија. Според некои иследувачи, се смета дека оваа послание се однесува на сите цркви во Мала Азија кои биле основени од Павле. Посланието било напишано во времето кога тој бил во затворот во Рим. Според ова во исто време биле напишани и посланијата до Колосјаните и до Филимон. Според голем дел од научниците пак, годината на пишување на посланието е од 80 до 100 година[1][2][3][4].

Историја

[уреди | уреди извор]

Во времето кога апостол Павле проповедал во Ефес, тогаш Ефес бил важен политички, трговски и религиозен центар. Тој претставувал крстопат на голем број трговци. Во Ефес постоел храм на Артемида, кој бил четири пати поголем од Пантеопнот во Атина. Во Ефес живееле многу Евреи со римско државјанство, кои имале една синагога. За првпат Ефес од Павле бил посетен во своето второ мисионерско патување, кога проповедал во таа синагога.

Содржина

[уреди | уреди извор]

На почетокот од посланието, апостолот го велича Бога кој однапред ги определил христијаните како свои деца, благословувајќи ги преку Исус Христос кој ги откупил луѓето со својата смрт и воскресението, а Господ му ја дал целата власт и го поставил за глава на Црквата. Тој искаткнува дека во минатото луѓето живееле во грев, но Бог ги спасил преку Христа, а спасението се наоѓа во верата. Така, Христос ја поништил разликата меѓу Израилот и незнабошците и сите луѓе ги направил едно во Бога. Во продолжение, апостолот кажува како бил избран да го проповеда Евангелието кај незнабошците и ги повикува верниците да ја зацврстат верата со љубов и едниство. Исто така, тој им соопштува дека Бог им поставил различни задачи на верниците (апостоли, пророци, евангелисти, пастири и учители) за сите заедно да ги усовршуваат верниците со цел да станат совршени по примерот на Христа. Исто така, апостолот ги советува верниците да не кажуваат лоши зборови, да не прават лоши дела, да не грешат, да бидат добри и да не постапуваат како незнабошците, да не се опиваат, да не прават блуд, да го отфрлат користољубието и да се усовршуваат пеејќи псалми и духовни песни, да го слават Бога и да му се покоруваат. Покрај тоа, тој советува дека жените треба да им се покоруваат на мажите, а мажите да ги сакаат своите жени, децата да им бидат послушни на родителите и да се грижат за нив, а слугите да им бидат покорни на своите господари. Најпосле, апостолот им дава совет на верниците да се бранат од лукавствата на ѓаволот. Посланието завршува со известувањето дека им го испраќа својот соработник Тихик кој ќе им даде дополнителни вести за него.[5]

И не се пијанете со вино, во кое е разузданоста, туку полнете се со Духот! .
ниеден блудник, ниеден нечист, ниеден лакомец - кој е идолопоклоник - нема наследство во Христовото и Божјото Царство!
Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи кон својата жена, и двајцата ќе станат едно тело!
  1. Ehrman, Bart D. (2004). The New Testament: A Historical Introduction to the Early Christian Writings. New York: Oxford. стр. 381–384. ISBN 0-19-515462-2.
  2. „USCCB - NAB - Ephesians - Introduction“. Посетено на 2009-01-17.
  3. Markus Barth, Ephesians: Introduction, Translation, and Commentary on Chapters 1–3 (New York: Doubleday and Company Inc., 1974), 50–51
  4. Perrin, Norman (1982). The New Testament: An Introduction. Second Edition. New York: Harcourt Brace Jovanovich. стр. 218–222. ISBN 0155657267.
  5. „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 242-247.