Перник (бугарски: Перник) е град во Западна Бугарија, административен центар на општината Перник во Перничката Област. Има население од околу 74.066 жители (2022).[1] Градот е сместен на двата брега на реката Струма, во Струмската Котлина, меѓу планините Витоша и Љулин и планинскиот рид Голо Брдо.
Низ градот Перник минува транспортниот коридор 4, европскиот пат E79 и железничка линиja мегу Источна Европа и Грција. Од IV век градот се споменува како тврдина на Траките. Античките Асклепиј и Хигиjа се почитувани во регионот заради многуте минерални извори.
Прабугарите го населуваат укрепеното место и во проломот на Струма ја создаваат големата бугарска тврдина Перник. Во ХI в. градот бил доста добро утврден и претставувал значаен военоадминистративен и трговски центар на Бугарија, крепост против Византиjците и главен град на легендарниот воjвода Кракра Пернишки, за време на Првата бугарска држава.