Пајсиј I Цариградски
Изглед
Пајсиј I Цариградски | |
---|---|
Вселенски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Редови | |
Чин | патријарх |
Лични податоци | |
Роден | ? Лезбос |
Починал | 1688 Халки |
Националност | Грк |
Пајсиј I (? - 1688) — грчки духовник и вселенски патријарх во 1652-1653 и 1654-1655 г.[1]
Роден е на островот Лезбос. Служел како лариски митрополит, а во јули 1652 г. е избран за вселенски патријарх, наследувајќи го Атанасиј III. Во април 1653 г. службата му е прекината и прогонет е на островот Халки (Хејбелиада) кај Цариград. Во март 1654 г. повторно е устоличен, овојпат со поддршка од синодот на Руската црква, по проверката на свештеничките книги.
Симнат е во март 1655 г. и доделена му е прво кизилската, а потоа и ефеската митрополија. Починал на Халки околу 1688 г.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Пајсиј I Архивирано на 4 март 2016 г. — Цариградска патријаршија (грчки)
- ↑ Пајсиј I — Енциклопедија на елинскиот свет (грчки)
Претходник Атанасиј III |
Цариградски патријарх 1652-1653 |
Наследник Јоаникиј II |
Претходник Кирил III |
Цариградски патријарх 1654-1655 |
Наследник Јоаникиј II |