Прејди на содржината

Папа Јован XII

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ioannes XII
Родено име Октавијан
Папа од 16 декември 955
Папа до 14 мај 964
Претходник Папа Агапит II
Наследник Папа Лав VIII
Роден 937
Рим
Починал 14 мај 964
Рим
Други папи по име Јован (појаснување)

Јован XII (лат. Ioannes PP. XII; 937 - 14 мај 964) — римски папа од 16 декември 955 до 14 мај 964[1]. Тој бил син на Алберих II и Алда Рлска. По мајчина линија бил седмо поколение на Карло Велики, а бил и внук на Марозија. Тој бил последниот папа во периодот на порнократијата.

По папата Јован II (533-535), тој бил вториот папа кој го сменил своето име со доаѓањето на папската столица.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Јовн станал папа на само 18 години. Правел голем број на злосторства, па неговите современици го сметале за олицетворение на ѓаволот. Против Беренгар II, Јован побарал помош од Отон I, и кога германскиот крал победнички влегол во Рим, папата нему му ја доделил императорската круна. Отон го утврдил дотогашното влијание на црквата, па дури и го проширил, а за таа услуга папата и Римјаните му ја ветиле својата верност и му обеќале дека при изборот на папа, строго ќе се политуваат канонските правила и избраниот ќе го посветат повторно по утврдувањата на императорот. По желба на отон, папата Јован се подготвувал за обраќањето на Словените во архиепископијата во Магдебург и епископијата во Мерзебург.

Откако императорот се оддалечил од Рим, папата се здружил со неговиот непријател, па по враќањето на Отон, на собор го содуил Јован, кој бил заменет со Лав VIII.

По оддалечувањето на императорот Отон, Јован повторни завладеал со Рим и го исфрлил својот противник. Но скоро потоа, починал од рани, кои се смета дека ги добил во љубовните авантури.