Пазар на труд
Пазарот на труд (англиски: Labour Market) претставува организирано сретнување на понудата и побарувачката на труд (работна сила).
Активно население, вработеност и невработеност
[уреди | уреди извор]Пазар на труд во Македонија
[уреди | уреди извор]Според податоците на Државниот завод за статистика, во последниот квартал на 2014 година, активното население во Македонија изнесувало 961.416 лица, од кои вработени биле 696.046, а невработени 265.370. Стапката на активност изнесувала 57,4%, стапката на вработеност била 41,5%, а стапката на невработеност 27,6%. Според половата структура, од вкупниот број вработени, 426.134 биле мажи, а 269.912 жени, додека од невработените, 158.383 биле мажи, а 106.986 жени. Што се однесува до економски неактивното население, 253.986 биле мажи, а 460.978 жени.[1]
Според податоците на Евростат, еден македонски работник за еден работен час создава само 42,9% од просечната додадена вредност во ЕУ.[2]