Османлиско-бугарски војни
Османлиско-бугарски војни | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Бугарска империја * Видинско царство | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Јован Александар Иван Шишпан Иван Страцимир Добротица Момчило војвода | Мурат I Бајазит I Лала Шахин Паша |
||||||
Сила | |||||||
непознато | непознато | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
непознато | непознато |
Османлиско-бугарските војни се воделе меѓу Второто Бугарско Царство и Османлиското Царство во втората половина на 14 и почетокот на 15 век. Војната завршила со пропаѓање на бугарската држава во 1422 година. Бугарите ја обновиле својата држава во 1878 година по скоро пет века турска власт. Како резултат на војните Отоманското Царство ги зголемила исклучително териториите на Балканот и тоа од Дунав до Егејското Море.
Први конфликти
[уреди | уреди извор]За време на граѓанската војна во Византија Палеолозите и Кантакузините се обидувале да најдат надворешни сојузници и главно користиле странски платеници. Бугарскиот цар го поддржувал првиот кандидат чија тврдина била во Цариград. Јован Кантакузин, од друга страна побарал помош од анадолските бејлици на чело со Османлиите. Иако биле нивни сојузници, византијците немале целосна контрола над наемниците и тие дивееле во регионот, ограбувајќи го месното население.
Во 1344 година независниот бугарски владетел на Родопските Планини и Беломорска Тракија бил Момчило војвода чија армија броела околу 5.000 лица, и тој имал важна улога во византиската граѓанска војна. Во почетокот тој го поддржувл Јован Кантакузин, но од пролетта 1344 година го напуштил поради злосторствата на османлиските му сојузници[1] Во јуни тој нанел пораз на Отоманската морнарица во Битката кај Абдера кај Порто Лагос. Набргу по овој успех Кантакузин бил поразен во биктата кај Миноспол[2].
Момчил војвода бил меѓу првите локални владетели кои ја разбрале големата турска опасност. Тој го молел царот на Бугарија и византискиот цар за помош, но истата не ја добил. Дури и при оваа ситуација деспотот продолжил со борби во источниот дел на Родопите. Во мај 1345 година Османлиите, предводени од емирот на Ајдин Умур бег биле префрлени од Мала Азија на Балканот и започнале со големи грабежи и киднапирање на месното население и нивниот добиток. Набргу потоа на 7 јули 1345 година, турско-византиските војници на Умур бег и Кантакузин го нападнале бугарскиот одред на Момчило и го победиле во Битката кај Перитор. Во бил убиен Момчило војвода.[3].
Јован Александар
[уреди | уреди извор]За време на граѓанската војна во Византиското Царство Јован Александар зазел неколку градови во Тракија и Родопите, но неговите чести интервенции во внатрешните работи на Византија ги отежнале поблиските односи меѓу двете земји и покрај склученото примирје од 1332 година.
Битката кај Питион од октомври 1352 година била првата голема битка со Османлиите во Европа. Во битката учествувале од една страна сојузничките сили на византискиот цар Јован V Палеолог, бугарскиот цар Јован Александар и испратените од српскиот крал Стефан Душан српски сили а додека од другата страна биле Османлиите на чело со Орхан I и сили на неговиот сојузник и византиски коцар Јован VI Кантакузин. Османлиите во битката победиле и во 1353 ветувањата ја зазеле тврдината Цимпе на Галиполскиот полyостров. Ова била првата територија на Османлиите во Европа.
По оваа победа Османлиите навлегле во Бугариј. Ајтос, Јамбол и Пловдив најмногу настрадале од нападите. Заземената од Османлиите прва тврдина во Европа Цимпе имала имала стратешко значење за Балканот. Во периодот од 1352 година до 1354 година биле зазедени териториите меѓу Јамбол и Пловдив, како и оние меѓу реките Марица и Тунџели.
Во 1355 година Османлиите започнале офанзива во насока кон Софија (Средец), но биле пресретнети од бугарската војска на чело со Михаил Асен. Во Битката кај Ихтиман синот на бугрскиот цар Јован Александар, Михаил Асен, успеал да собере армија која би требало да и се спротивстави на Османлиското Царство. Сепак, во тоа не успеал бидејќи Бугарите доживеале голем пораз, а нивниот водач бил убиен. По битката Османлиите се повлекле за некое време. Битката попречила на Османлиите да ја заземат Софија, која по 27 години сепак паднала.
Обид за христијански сојуз
[уреди | уреди извор]Османлиската инвазија предизвикала голема загриженост не само во престолнината Трново тукѕ и во Цариград, каде Јован Кантакузин бил принуден да абдицира. Така еден од главните виновници за османлиската инвазијабил симнат од политичката сцена. Соочени против оваа закана, Бугарија и Византија направиле обид за создавање на сојуз. Во 1355 година ќерката на бугарскиот цар Кераца Марија се омажила за синот на новиот византиски цар Јован V Палеолог - Андроник. И покрај очекувањата договорот не довел до резултат.
Во овој период двете империи сè уште претставувале главна политичка сила на Балканот и единствени земји способни да се спротивстават на Османлиите. По смртта на Стефан Душан на 20 декември 1355 година Душановото царство го изгубило своето политичко влијание а земјата се распарчила на повеќе мали кнежевства. Во периодот од 1354 година до 1364 година Османлиите зазеле многу важни тврдини и градови во Тракија заедно со Пловдив и Стара Загора. Од крајот на 50-тите години на векот некои отомански одреди дури пристигнале во околината на главниот град и византискиот цар зел мерки за поправање на ѕидините на тврдината. Многу градови во текот на овој период биле уништени (Пловдив, Стара Загора, Сливен), додека други како Венец и Сотирград исчезнале засекогаш. Пустошењето било придружено со масовни колежи или иселување на луѓе во Мала Азија.
Последни години на Јован Александар
[уреди | уреди извор]Во 1365 година унгарскиот крал Лајош I ја нападнал Бугарија, ги окупирала териториите на Видинското Царство, и го заробил најстариот син на царот Јован Страцимир. Јован Александар започнал да ги користи отоманските платеници за да му помогнат да ги зазеде овие територии. Сепак во текот на летото на 1369 година бугарскиот цар Јован Александар ја вратил Видинската област со помош на влашкиот војвода Владислав I, но тоа бил неговиот последен успех бидејќи на 17 февруари 1371 година починал.
По смртта на Јован Александар бугарските земји се распаднале на неколку независни држави. Поголемиот дел од територијата на главниот град Трново бил под управа на третиот син Иван Шишман, во Видин управувал Јован Страцимир, а деспотот Добротица во Добруџанското деспотство. Од друга страна Македонија, и српските земји по смртта на Стефан Душан исто така биле поделени на неколку мали деспотства.
Маричка битка
[уреди | уреди извор]Веднаш по Маричката битка силите на Мурат I се насочиле кон внатрешноста на Балканот и бугарските земји и го принудиле младиот цар Иван Шишман да се повлече назад на север од Стара Планина. Османлиската армија ја зазела Северна Тракија. Следувало зазимање на Јамбол, Родопите, Костенец, Ихтиман и Самоков. Во 1373 година Иван Шишман побарал мир со Османлиите. Мировниот договор бил понижувачки: трновският цар станал вазал на Османлиите и ја дал својата сестра Керала-Тамара за сопруга на Мурат. Како компензација Османлиите ги вратиле градовите Ихтиман и Самоков.
Софија
[уреди | уреди извор]Во истиот период (1371 - 1373 година) Османлиите ги зазеле територииите околу Родопите. Во период од 40 години кај Софија се воделе големи битки меѓу двете сили. Турската инвазија на двапати била одбиена, но биле убиени бугарските престолонаследници Иван Асен IV и Јанука. Вториот пораз на Османлиите бил голем бидејќи тие повторно нападнале кон Софија по 27 години во 1382 година. Со помош на царот Иван Шишман Османлиите повторно биле одбиени, но со предавство и измама градот бил преземен од Лала Шахин но околните тврдини како Урвич, Бојана, Бистрица и др. останале во бугарски раце и битките продолжиле до 1388 година кога во борба со Турците загинал третиот престолонаследник Иван Асен V.
Додека Иван Шишман очајно се обидувал да даде отпор на силниот отомански притисок, неговиот брат Јован Страцимир не само што не му дал помош туку се обидел и да ја искористи неговата состојба, проширувајќи ги своите територии. Кога вниманието на Шишман било насочено кон југ, Јован Страцимир ја презел контролата врз Софија. Од 1373 година, сепак градот повторно бил во териториите на Трновското царство. Деспотот Добротица исто така не дал никаква поддршка на трновскиот цар. Тој стапил во контакт со Џенова и бил вмешан во внатрешните работи на Трапезундската империја, обидувајќи се да го стави на престолот својот зет.
По привременото затишје во 1380 година Османлиите продолжиле со воените дејствија. Со огромна војска султанот Мурат I се насочил кон југозападните делови на Трновското царство со намера да ја презеде тврдината Софија (Средец). По крвавите судири во долината на реката Златица Турците се преместиле кон Софија и ја ставиле под опсада. Градот под команда на Бан Јанука се борел храбро и ги одбил сите напади на отоманските сили на чело со Лала Шахин. Поради ова тој бил принуден да се повлече кон Едрене, каде го известил султанот за својот неуспех. Во негово отсуство Османлиите успеале да навлезат во Софија, а еден потурчен бугарин го заробил Бан Јанука и го испратил кај Лала Шахин, кој во тоа време бил во Пловдив.
Османлиите по заземањето на градот започнале со доселување на анадолски муслимани. Новите отомански успеси не успеале да ги здружат Иван Шишман и Јован Страцимир. Во периодот од 1384 година до 1386 година се водела војна меѓу Бугарија и Влашка, а Власите зазеле неколку населби по должината на реката Дунав. Јован Страцимир учествувал во воените дејства како сојузник на Власите.
Од друга страна по заземањето на Софија Османлиите продолжиле кон северозапад. Главната цел на Мурат била да ги раскине врските меѓу Трново и моравскиот кнез бидејќи Иван Шишман и покрај тоа што бил отомански вазал, Мурат немал доверба во него. Во 1386 година Османлиите ги зазеле Пирот и Ниш.
1388
[уреди | уреди извор]Во 1386 година се одвила Битката кај Плочник меѓу српските сили предводени од страна на Лазар Хребелановиќ и Османлиите предводени од Мурат I. Во оваа битка победиле српската страна. Христијанските држави не ја искористиле оваа победа а во 1388 година 30 000 Османлии на чело со Али паша поминал низ источниот дел на Стара Планина и започнал со освојување на градовите Овеч, Шумен, Мадара и Тутракан. Следувала и неуспешна опсада на градот Варна а по оваа неуспешна опсада заминале кон Никопол, една од најсилните тврдини во земјата.
Како резултат на походот Турците заземаат голем дел од територијата на денешна Источна Бугарија, вклучувајќи неколку клучни градови. Власта на Иван Шишман се ограничила на териториите западно од Трново и неколку тврдини по долината на реката Дунав. На исток Бугарите ја задржиле Варна и главниот град на Добруџанско деспотство Калиакра. Веројатно во тоа време Јован Страцимир станал османлиски вазал. Во 1393 година паднала престолнината Трново.
Битка кај Никопол
[уреди | уреди извор]Битката кај Никопол се случила на 25 септември 1396 година помеѓу Отоманското Царство од една страна и крстоносните сојузници предводени од Кралство Унгарија, Светото Римско Царство, Франција, Полска, Англија, Шкотска, Венеција, Џенова и Бугарија. Сојузниците во почетокот бележиле успех, за да подоцна нивниот поход заврши катастрофално. Околу 1000 војници биле убиени, а 10 000 заробени. Со ова битка, Османлиите конечно се утврдиле како долготрајни господари на Балканот.
Крај на конфликтите
[уреди | уреди извор]Истата година претставува година на пропаѓањето на Видинаското царство и Втората бугарска империја. Престолонаследникот Константин успеал да се спаси и во 1408 година организирал востание против Османлите. Востанието многу брзо се проширило во северозападна Бугарија и Темска. Двајцата водачи биле поддржани од српскиот кнез Стефан Лазаревиќ и влашкиот војвода Мирчо Стариот. По тешки борби востанието било задушено од бројните турски сили под команда на Сулејман. Константин и Фружин успеале да побегнат. Константин се засолнил во Србија а Фружин во Унгарија.
Според некои историчари, Константин II Асен управувал со некои територии на империјата и затоа годината за крајот на Бугарската империја ја сметаат 1422, година кога починал последниот бугарски цар.