Општина Кршко
Општина Кршко Občina Krško | ||
---|---|---|
општина | ||
Местоположба во Словенија | ||
Земја | Словенија | |
Седиште | Кршко | |
Управа | ||
• Градоначалник | Миран Станко | |
Површина | ||
• Вкупна | 286,5 км2 (1,106 ми2) | |
Надм. вис. | 163 м | |
Население (2020)[1] | ||
• Вкупно | 26.224 | |
• Густина | 9,2/км2 (24/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+01) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Пошт. бр. | 8270 | |
Повик. бр. | (+386) 07 | |
Рег. таб. | KK | |
Мреж. место | krsko.si |
Општина Кршко (словенечки: Občina Krško) — општина во Посавскиот регион, источна Словенија. Подрачјето традиционално е поделено помеѓу областите Долна Штаерска (на левиот брег на Сава) и Долењска (на десниот). Во 2020 г. населението броело 26.224 жители.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Археолошките наоди покажуваат дека подрачјето е населено уште во праисторијата. Долж реката Сава има бројни наоѓалишта од бронзеното и железното време, како и од римскиот период, што укажува на непрекинато живеење. По средновековниот период овој крај станал владение на Хабсбурговците. Од XV до XVII век кршкото подрачје било мета на османлиски напади.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Општината има разни знаменитости како the енориската црква „Св. Јован Богослов“ во Кршко,[2] црквата „Св. Руперт“ во Видем,[3] црквата „Св. Дух“ на десниот брег на Сава,[4] Капуцинскиот манастир,[5] и остатоците замокот Кршко. Понајуг се наоѓа замокот Шрајбарски турн, изграден во XVI век. Од природните знаменитости можат да се одвојат пештерата Костањевичка Јама во подножјето на венецот Горјанци и Краковската Шума — единствената прашума во Словенија каде расте дабот стежер (Quercus robur) и претставува живеалиште за неколку ретки и загрозени животински видови.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Во Општина Кршко Поле се развиени градежништвото, металообработката, производството на хартија, текстилството, дрвопреработката, земјоделството, трговијата и превозот, додека туризмот сè уште е во развој. Во плодната раминица на југоисток од градот Кршко крај брегот на Сава наречена Кршко-брежичко Поле има лозја и овоштарници со јаболка, круши, праски, кајсии и сливи. Овдешните винарии се познати по сортите „цвичек“, „лашки ризлинг“, „модра франкиња“, а и по помалку познати месни вина како бел и црвен сремичан.
Населени места
[уреди | уреди извор]Покрај општинското седиште Кршко, општината ги опфаќа и следните населени места:
- Анже
- Ановец
- Апненик кај Велики Трн
- Ардро кај Рака
- Ардро под Велики Трн
- Армешко
- Бреге
- Брезје во Подбочје
- Брезје кај Довшкоф
- Брезје кај Рака
- Брезје кај Сенуше
- Брезовица во Подбочје
- Брезовска Гора
- Брестаница
- Брлог
- Брод во Подбочје
- Бучерца
- Велика Вас кај Кршко
- Велики Дол
- Велики Камен
- Велики Корен
- Велики Подлог
- Велики Трн
- Велико Мрашево
- Венише
- Видем
- Вихре
- Воловник
- Врбина
- Врх кај Површје
- Врхуље
- Гмајна
- Голек
- Голи Врх
- Гора
- Горења Вас кај Лесковец
- Горења Лепа Вас
- Горење Доле
- Горењи Лесковец
- Горица
- Горица кај Разтез
- Горње Пијавшко
- Градец
- Градишче кај Рака
- Градње
- Гржеча Вас
- Гунте
- Далце
- Дедни Врх
- Добрoва
- Добрава на Крка
- Добрава под Рака
- Довшко
- Дол
- Долга Рака
- Долења Вас кај Кршко
- Долења Вас кај Рака
- Долења Лепа Вас
- Долењи Лесковец
- Дреновец кај Лесковец
- Дрново
- Дунај
- Жабјек во Подбочје
- Жадовинек
- Жење
- Забуковје кај Рака
- Залоке
- Здоле
- Ивандол
- Јеленик
- Јелше
- Јелшевец
- Калишовец
- Калце
- Калце-Накло
- Керинов Грм
- Кобиле
- Копривница
- Коритница
- Костањек
- Кочно
- Кремен
- Кржишче
- Лесковец кај Кршко
- Либељ
- Либна
- Локве
- Локе
- Ломно
- Мали Камен
- Мали Корен
- Мали Подлог
- Мали Трн
- Мало Мрашево
- Микоте
- Младје
- Мртвице
- Мрчна Села
- Немшка Вас
- Немшка Гора
- Нова Гора
- Осредек кај Тршка Гора
- Песје
- Пијана Гора
- Планина во Подбочје
- Планина кај Рака
- Плетерје
- Површје
- Подбочје
- Подлипа
- Подулце
- Премаговце
- Пресладол
- Пристава кај Лесковец
- Пристава на Крка
- Пристава под Рака
- Прушња Вас
- Равне кај Здоле
- Равни
- Равно
- Разтез
- Рака
- Рештањ
- Рожно
- Села кај Рака
- Село
- Селце кај Лесковец
- Сеново
- Сеножете
- Сенуше
- Сливје
- Смедник
- Смечице
- Сподња Либна
- Сподње Дуле
- Сподње Пијавшко
- Сподњи Стари Град
- Средње Арто
- Средње Пијавшко
- Сремич
- Стари Град
- Стари Град во Подбочје
- Столовник
- Стража кај Кршко
- Стража кај Рака
- Страње
- Стрмно Ребро
- Тршка Гора
- Фрлуга
- Храстек
- Целине
- Цеста
- Цирје
- Чретеж кај Кршко
- Чрешњице над Пиљавшко
- Шедем
- Шутна
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
- ↑ Културнонаследен регистар на Словенија, рег. бр. 1950
- ↑ Културнонаследен регистар на Словенија, рег. бр. 3485 и 3486
- ↑ Културнонаследен регистар на Словенија, рег. бр. 305
- ↑ Културнонаследен регистар на Словенија, рег. бр. 10286
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Кршко на Ризницата ?
- Портал на Општина Кршко (словенечки)
- Општина Кршко на Геопедија Архивирано на 20 јуни 2012 г.
|
|
|