Ока (река)
Ока Ока | |
Ока во Нижни Новгород
| |
Земја | Русија |
---|---|
Градови | Орел, Калуга, Серпухов, Коломна, Рјазањ, Муром, Ѕержинск, Нижни Новгород |
Извор | |
- место | Орловска област |
- височина | 226 м |
Утока | Волга |
- местоположба | Нижни Новгород |
- височина | 67 м |
Должина | 1.500 км |
Слив | 245.000 км2 |
Истек | |
- просечен | 1.260 м3/с |
Сливот на Ока
|
Ока (руски: Ока́) — река во средна Русија, најголема десна притока на Волга. Тече низ Орловската, Тулската, Калушката, Московската, Рјазањската, Владимирската и Нижегородската област. Долга е преку 1.500 км. Главниот град на Русија е наречен по нејзината притока Москва.
Име и историја
[уреди | уреди извор]Според Макс Фасмер, името на реката доаѓа од готскиот поим аƕа и старогорногерманското aha (спор. лат. aqua), со значење „вода“ или „река“.[1] Олег Трубачов смета дека името е од балтичко потекло бидејќи западниот дел на сливот бил населен од балтичкото племе Гољади пред доаѓањето на Словените.
Во средниот век во поречието на Ока спротиводно од Таруса се простирале мали државички наречени „горни кнежевства“. Во 1221 г. владимирскиот кнез Јуриј II го основал Нижни Новгород со цел да го заштити вливот на Ока во Волга како стратешко место. Истиот подоцна прераснал во еден од најголемите градови во Русија. Во XV и XVI век во средното течение на Ока бил сместен Касимскиот Ханат, околу градот Касимов).
Ока и притоката Москва биле од исклучително стопанско значење за европска Русија сè до изградбата на железниците во средината на XIX век и Московскиот Канал (Москва - Волга) во 1930-тите, поврзувајќи ја престолнината Москва со реката Волга. Сообраќајот се одвивал бавно поради многуте свиоци на овие две реки. Пример за ова е холандскиот патописец Корнелис де Браун во 1703 г., кому му требале 10 дена од Москва до Нижни Новгород.[2] Низводната пловидба била уште побавна бидејќи пловилата морале да се влечат со бурлаци.[3]
Знаменитости
[уреди | уреди извор]На реката има многу места од културно-историско значење како средновековните манастири на Муром, џамиите на Касимов, утврдените градови (кремли) на Коломна и Серпухов, спомен-куќите на Василиј Поленов и Сергеј Есенин, ископаните остатоци од Стар Рјазањ и Шуховската кула на Ока.
На левиот брег спроти градот Пушчино се наоѓа Приочко-терасниот биосферен резерват, познат како одгледувалиште на бизони.
Поголеми притоки
[уреди | уреди извор]Градови на Ока
[уреди | уреди извор]- Орел
- Бељов
- Чекалин
- Калуга
- Алексин
- Таруса
- Серпухов
- Ступино
- Кашира
- Протвино
- Пушчино
- Коломна
- Рјазањ
- Касимов
- Муром
- Павлово
- Навашино
- Горбатов
- Ѕержинск
- Нижни Новгород
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Васмеров етимолошки речник, прев. Олег Трубачов, том. 3, стр. 127.
- ↑ Bruin, Cornelis de (1725). „Voyage au Levant: c'est-à-dire, dans les principaux endroits de l'Asie Mineure, dans les isles de Chio, Rhodes, Chypre, etc., de même que dans les plus considérables villes d'Egypte, de Syrie, et Terre Sainte“. J.-B.-C. Bauche le fils. стр. 233–247.
- ↑ Bruin 1725, стр. 240
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ока (река) на Ризницата ?
- Ока - Топонимски опслужувач GEOnet (англиски)
- Риболовен водич за Ока Архивирано на 18 јануари 2019 г.
|
- Слив на Волга
- Слив на Ока
- Реки во Русија
- Географија на Владимирската област
- Географија на Калушката област
- Географија на Московската област
- Географија на Нижегородската област
- Географија на Орловската област
- Географија на Рјазањската област
- Географија на Тулската област
- Притоки на Волга
- Реки во Московската област
- Реки во Владимирската област
- Реки во Калушката област
- Реки во Нижегородската област
- Реки во Орловската област
- Реки во Рјазањската област
- Реки во Тулската област