Прејди на содржината

Неутрализација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Неутрализацијата е хемиска реакција, позната и како водоформирачка реакција, во која киселината и базата (или алкалот) реагираат и даваат сол и вода. Со други зборови, неутрализацијата е комбинација на водородни јони H+ и хидроксидни јони OH- (или оксид јони O2-) при која се формира молекула на вода H2O. Во текот на оваа реакција се формира и сол. Неутрализацијата е егзотермна реакција, односно при нејзиното течење се ослободува топлина.

Претставена со општа хемиска равенка, неутрализацијата изгледа вака:

Киселина + База → Сол + Вода : ΔH = −C < 0

Пример за ваква реакција — е реакцијата помеѓу раствори хлороводородна киселина и натриум хидроксид:

Хлороводородна киселина + Натриум хидроксид → Натриум хлорид + Вода
HCl(aq) + NaOH(aq) --> NaCl(aq) + H2O(l)

Бидејќи HCl и NaOH дисоцираат на јони во растворот (т.е. се одвива јонска реакција), јонската равенка на оваа реакција е:

H+ + Cl + Na+ + OH → Na+ + Cl + H2O(l)

И бидејќи натриумовите и хлоридните јони се набљудувачки јони кои не се инволвирани во реакцијата, равенката го добива следниот вид:

H+ + OH --> H2O(l) : ΔHr = −55.90 kJ/mol

Ова ни објаснува зошто реакциите на неутрализација се нарекуваат водоформирачки реакции. Се разбира, натриумовите и хлоридните јони се сѐ уште во растворот, па резултат на тоа е pH неутрална солена вода.

Хемиските методи на титрација се користат за анализа на киселини или бази со цел да се открие непознатата концентрација. Пехаметар може да се користи за да се детерминира точката на неутрализација, или, пак, pH индикатор, како на пример UI (универзален индикатор) кој ја манифестира точката на неутрализација со одредена промена на бојата. Лесни стехиометриски пресметки меѓу познатиот волумен и непознатиот и познатиот волумен и моларноста на додадената хемикалија ја дава моларноста на непознатата хемикалија.

Прекумерната гастрична киселина во желудникоткиселинска индигестија, се неутрализира со ингестија на натриум бикарбонат (NaHCO3) или друг неутрализирачки агент (антациди).

Неутрализацијата исто така може да се користи и за редуцирање на болката предизвикана од бодеж на инсект или растение.