Прејди на содржината

Неонацизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Националсоцијализам
Кукест крст
Кукест крст
Откако симболот свастика е забранет некои германски неонацисти го користат знамето на Германското Царство

Неонацизам е идеологија развиена по Втората светска војна, како движење што се стреми кон обновување на нацизмот или некоја негова варијанта.[1][2][3][4] Буквално значи „нов нацизам“.

Различни неонацистички групи имаат различни начела, но најчесто се подразбира верност и лојалност кон Адолф Хитлер, односно на неговите размислувања и ставови, на антисемитизмот, расизмот, национализмот, расна доминација (на белата раса), милитаризам и омраза спрема хомосексуалците. Неонацистите често ги користат обележјата на Нацистичка Германија, како свастиката, Зиг („S“ како на СС - знамето на СС) и црвено-црно-белите знамиња. Некои групи или поединци, кои ја поддржуваат оваа идеологија, се изјаснуваат како нацисти или неонацисти, но други ги избегнуваат таквите називи за да избегнат општественa стигматизација и разни предрасуди, па дури и законско гонење. Некои европски земји имаат закони што забрануваат пројавување на пронацистички, расистички или антисемитистички погледи. Така, не постои некоја поголема политичка партија што се опишува себеси како неонацистичка во тие држави. Неонацистичките дејности се глобален феномен со организирано претставништво во многу земји, како и меѓународни мрежи. Застапен е дури и во Израел. Меѓу поединците кои се обиделе да го оживеат нацизмот се и Колин Џордан, Џорџ Линколн Роквел, Савитри Деви, Франсис Паркер Јоки, Вилијам Пирс, Еди Морисон и Дејви Мијат.

  1. Ли Мекгауан (2002). The Radical Right in Germany: 1870 to the Present. Pearson Education. стр. 9, 178. ISBN 0582291933. OCLC 49785551.
  2. Brigitte Bailer-Galanda; Wolfgang Neugebauer. „Right-Wing Extremism in Austria: History, Organisations, Ideology“. Архивирано од изворникот на 2012-01-17. Посетено на 2010-06-05. Right-wing extremism can be equated neither with National Socialism nor with neo-Fascism or neo-Nazism. Neo-Nazism, a legal term, is understood as the attempt to propagate, in direct defiance of the law (Verbotsgesetz), Nazi ideology or measures such as the denial, playing-down, approval or justification of Nazi mass murder, especially the Holocaust.
  3. Martin Frost. „Neo Nazism“. Архивирано од изворникот на 2012-02-08. Посетено на 2010-06-05. The term neo-Nazism refers to any social or political movement seeking to revive National Socialism or a form of Fascism, and which postdates the Second World War. Often, especially internationally, those who are part of such movements do not use the term to describe themselves.
  4. Lee, Martin A. 1997. The Beast Reawakens. Boston: Little, Brown and Co, pp. 85-118, 214-234, 277-281, 287-330, 333-378. On Volk concept," and a discussion of ethnonationalist integralism, see pp. 215-218